Видео: Тепачка меѓу екс НБА играчи на баскет 3x3 - Канал 5

Видео: Тепачка меѓу екс НБА играчи на баскет 3x3

Поранешните НБА ѕвезди, Двајт Хауард и Ленс Стивенсон физички се пресметаа на меч од баскет 3x3.

Видео: Тепачка меѓу екс НБА играчи на баскет 3x3

Од Америка пристигна шокатно видео на кое може да се види тепачката меѓу двајцата екс кошаркари од НБА но сега на баскет.

Стартот на новата сезона на BIG3 лигата во 3x3 баскет започна со неверојатна физичка пресметка..

Поранешните НБА ѕвезди Двајт Хауард и Ленс Стивенсон учествуваа во бруталната тепачка на мечот меѓу Лос Анџелес Риотс и Мајами 305.

Се започна со вербална расправија која потоа продолжи со шлаканица, а заврши со жестока размена на тупаници.

Никој не можеше да ги запре двајцата кошаркари кои паднаа на подот и завршија во публиката, а конфликтот продолжи и на трибините.

На крајот, присутните некако сепак успеаја да ги разделат воинствените кошаркари.

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига

 Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона во домашното првенство Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ги стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига

Силекс од 20 часот му гостува на црногорскиот претставник Дечиќ во Тузи, додека во истиот термин Работнички ќе му гостува на белоруски Торпедо – Белаз на неутрален терен во унгарскиот град Сомбатели во својот прв натпревар на европската сцена по пауза од седум години.

По седумгодишна пауза во европските купови се враќа и најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Ла Фиорита од Сан Марино.

Реванш натпреварите се закажани за идниот четврток.

Македонскиот првак Шкендија во вторникот одигра без голови против велшки ТНС на гостински терен во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони, пред реваншот идниот вторник на Aрената во Скопје.

Лондон и Париз ќе ги координираат нуклеарните сили за одвраќање на Русија

Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт.

Лондон и Париз ќе ги координираат нуклеарните сили за одвраќање на Русија

Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт, објавија британските медиуми по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Лондон.

Ракетата „Сторм Шадоу“, или СКАЛП како што ја нарекуваат Французите, има долг дострел и веќе се користи од страна на Украина за напади во длабочина на руската територија. Двете држави со години разговараат за развој на нова генерација ракети, но сега, со оваа посета, официјално започнува следната фаза од проектот.

Заедничкиот развој ќе обезбеди над 1.300 работни места во Велика Британија, соопшти Владата во Лондон.

На третиот ден од државната посета на Макрон, тој и британскиот премиер Кир Стармер ќе потпишат и договор за продлабочување на нуклеарната соработка. Двете земји – единствените нуклеарни сили во Европа – ќе изразат подготвеност за координација на нивниот нуклеарен арсенал со цел одвраќање од потенцијални закани како Русија.

Оваа декларација доаѓа во момент кога администрацијата на Трамп во САД бара од европските сојузници во НАТО да преземат поголема одговорност во безбедноста на континентот.

- Од војната во Европа, до зголемени нуклеарни ризици и секојдневни сајбер-напади – заканите растат. Како блиски партнери во НАТО, Британија и Франција имаат долга традиција на одбранбена соработка, а новите договори го подигнуваат ова партнерство на ново ниво, изјави Стармер.

- Ова партнерство ја зајакнува нашата лидерска позиција во Европа, обезбедува континуирана поддршка за Украина и испраќа јасна порака до нашите противници – заедно сме посилни, додаде британскиот министер за одбрана, Џон Хили

Како надградба на договорите од Ланкастер Хаус од 2010 година, двете држави ќе го засилат и заедничкиот воен капацитет „Обединети сили“, како и соработката во одбранбената индустрија – особено во областа на вештачката интелигенција и оружја со директна енергија – преку нова програма наречена „Индустриска Антанта“.

Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопј информира дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со струја кај дел од корисниците во општините Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, а без вода ќе бидат делови од Кисела Вода и Центар.

Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар

Без електрична енергија денеска од 08.00 до 12.30 часот ќе бидат корисниците од улица „19“, Радишани, општина Бутел, од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од ул.„Tодор Чангов“ 51,53 ул. „Ѓорѓи Карев“, ул.„Димитар Илиевски Мурато“, општина Аеродром, од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево, а од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица „42“, Радишани, општина Бутел.

Како што информира РЦУК Скопје, поради уличен дефектиф 300 мм на ул.„Борис Трајковки“ бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Борис Трајковски“ краците 7, 9 и 11 и дел од ул.„Борис Трајковски“ од 09:00 часот до завршување, оопштина Кисела Вода. Без вода, поради уличен дефект ф 80 мм на ул.„Луј Пастер“ бр.3, ќе бидат корисниците на дел од ул.„Луј Пастер“ и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.

притисни ентер