Видео: Тензично во албанскиот Парламент, навреди, турканици, запалени столчиња - Канал 5

Видео: Тензично во албанскиот Парламент, навреди, турканици, запалени столчиња

Денешната попладневна седница на албанскиот парламент траеше само 15-тина минути, поради хаосот што го предизвикаа опозициските демократски пратеници, па претседателката Елиса Спиропали мораше да ја прекине.

Видео: Тензично во албанскиот Парламент, навреди, турканици, запалени столчиња

Тензичната ситуација почна на самиот почеток кога Спиропали побара да му се одземе мандатот и од Централната изборна комисија да се побара замена за пратеникот Ервин Салињани, кој во моментот е на издржување затворска казна.

Веднаш потоа демократските пратеници ја блокираа собраниската говорница, фрлаа со разнк предмети кон Спиропали, упатуваа навреди, дури и кон обезбедувањето, во што предничеше Фљамур Нока, инаку и генерален секретар на партијата, кој сакаше физички да се пресмета со социјалистот Петро Кочи.

Демократите ги извадоа столчињата на кои седат во салата, пред собраниската зграда, ги полеаја со бензин и ги запалија.

- Сцената прикажана на денешната пленарна седница, со блокирана говорница и запалени столчиња, ќе биде таа што секојдневно ќе го придружува Собранието. Техничката влада е решението Албанија да оди напред и да спроведе слободни избори, изјави Нока по седницата.

Ваква тензична атмосфера во албанскиот законодавен дом не се новина. Претходно речиси цела година седниците беа прекинувани по само десеттина минути од почетокот и во хаос изгласувани документи само со гласовите на владејачкото мнозинство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

притисни ентер