Видео: Тато Леброн горд на својот син кој го реши мечот!!! - Канал 5

Видео: Тато Леброн горд на својот син кој го реши мечот!!!

Уште откако се појави во НБА лигата беше познато дека Леброн Џејмс е предодреден за големи дела, денеска  кошаркарските стручњаци тоа го велат за неговиот наследник, синот Брони.

Видео: Тато Леброн горд на својот син кој го реши мечот!!!

Популарниот „Крал Џејмс“ е горд на својот син кој го реши мечот во средношколската кошаркарска лига на САД.

Синот на Леброн ги постигна одлучувачките поени за резултатски пресврт и победа извојувана во последните секунди од средбата меѓу средношколските екипи на Сиера Кењон и Винсент Сент Мери.

Брони Џејмс мечот го заврши со 15 постигнати поени за што го доби и МВП трофејот , со кој веднаш по средбата се фотографирал со гордиот татко. Дуелот меѓу средношколците го следеле дури 15 000 гледачи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето извајано тело

Поранешната навивачка на литванскиот Жалгирис Габија Карабинаита повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи. 

Фаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето извајано тело

Атрактивната русокоса објави нова серија фотографии од плажа на кои позира во минијатурно бикини и со одбојкарска топка, а нејзините следбеници не останаа рамнодушни.

Со години, убавицата од Литванија важеше за едно од најпрепознатливите лица меѓу навивачките на Жалгирис.

Нејзините настапи во познатата „Жалгирио Арена“ честопати привлекуваа речиси исто толку внимание како и настаните на паркетот, поради што таа доби голем број следбеници на социјалните мрежи.

Сепак, во последните месеци нејзиниот живот целосно се промени. Откако започна врска со кошаркарот на Монако, Џерун Блосомгејм, таа се пресели во Кнежевството, каде што максимално ужива.

Во едно интервју откри дека нивната љубовна приказна започнала сосема спонтано – со порака на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата

„Google Street View“ се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps.

Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата

Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за луѓето насекаде.

Македонија е место каде што богатото културно наследство се среќава со секојдневната урбана трансформација. Историските знаменитости, природните богатства, растечките населби и променливата патна инфраструктура се дел од динамичниот карактер на земјата. Редовното освежување на сликите од Street View помага да се осигури дека Google Maps продолжува да ги одразува овие промени со поголема точност, релевантност и детали.

Со ова најново освежување се опфатени околу 13 000 километри низ целата земја, вклучувајќи ги Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и други градови. Ажурираните слики ќе ги направат „Google Maps“ уште покорисни за жителите, бизнисите и посетителите кои секојдневно се потпираат на нив за навигација, планирање патувања и откривање нови места.

Новите слики ќе понудат и свеж поглед на контрастите што ја прават Македонија толку препознатлива, од современите урбани простори и прометни патишта, историските места како што се Скопската тврдина и Аквадуктот, препознатливите градски знаменитости, вклучувајќи го Камениот мост и Мостот на уметноста, како и природните и културни пејзажи, а меѓу нив и Охридското Езеро што зазема посебно место, како дел светското наследство на УНЕСКО.

Street View им овозможува на луѓето виртуелно да истражуваат улици, населби и дестинации пред да ги посетат лично. Без разлика дали однапред проверуваат рута, бараат локален бизнис, планираат патување или откриваат обележје, обновените слики ќе помогнат во полесна навигација, посигурно планирање патувања и побогато разбирање на местата низ целата земја.

Google е посветен на заштита на приватноста на корисниците. Пред објавувањето на собраните слики, се користи напредна технологија за автоматско замаглување на лицата и регистарските таблички на возилата. Street View вклучува функција за барање за замаглување на одредени слики (како што се лица, возила, куќи итн.) со кликнување на опцијата „Report a problem“ што се наоѓа во долниот десен агол на објавените слики на Google Maps. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google можете да најдете на: https://policies.google.com/privacy.

За да ја истражите Македонија во Street View, отворете Google Maps на вашиот компјутер или мобилен уред, пронајдете место што сакате да го посетите и повлечете ја жолтата икона Pegman на сина линија за да влезете во Street View.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција

Денеска би сакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – е посилно НАТО“, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. 

Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција

Ова утринава го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара,учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на самитот на алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, јашар ѓулер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер