По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство
1По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство
Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЖивотВидео: Тајната вредна милијарда долари – што се крие во пустината во Невада?Просторот во пустината во Невада, властите отсекогаш го држеле затворен за јавноста бидејќи во тамошните хангари, наводно, се кријат НЛО, но и живи вонземјани.Зоната 51 е воена база која се наоѓа во јужен дел од американската сојузна држава Невада, на околу 130 километри од Лас Вегас. Основната намена на базата, која уште ја нарекуваат и „Dreamland“ и „Paradise Ranch“, е развивање и тестирање на експерименталните овени летала и на вооружување. Околу целиот простор(широк 37 и долг 40 километри) се поставени сензори за движење, а патролираат изнајмени припадници на службата за обезбедување позната како „Camo Dudes“ поради камуфлажните униформи. Во близината на базата е направен најголемиот атмосферски нуклеарен тест во историјата со силина на бомбите за пет пати поголема од бомбата што беше фрлена врз Хирошима. Постоењето на базата долго време било криено од јавноста, па дури и негирано од страна на американската влада, поради што околу нејзиното постоење се создале повеќе теории на завера. Најчесто повторуваната теорија била дека во базата се кријат НЛО па дури и живи вонземјани. Уште во педесеттите години од минатиот век се појавиле шпекулации дека во базата се кријат тела на вонземјани чиј брод, наводно, паднал во Ново Мексико. Приказната јавно ја раскажале двајца, наводно, поранешни вработени во базата. Во 1989 година, самопрогласениот научник Роберт Лазар им раскажал на новинарите дека во текот на работењето во базата работел и на НЛО и дека со свои очи видел дури девет летачки дискови од вонземно потекло. Тој објаснил дека за антигравитациски погон на дисковите била потребна супстанца наречена „елемент 115“. Владата, според него, успеала да собере околу 230 килограми од „елементот 115“, кој всушност бил хемиски елемент со привременото име „унунпентиј“ и бил еден од најтешките досега откриени елементи. Тој не можел да се најде во природата, туку морал да се синтетизира и бил многу нестабилен. По објавувањето на оваа теорија, многу луѓе се јавиле со тврдења дека токму над Зоната 51 виделе необични светла. Но, приказната на Лазар била неуверлива бидејќи никогаш не било докажано дека тој работел во Зона 51, ниту пак дека бил образован како што тврдел. Во 1990 година тој бил уапсен поради поврзаност со еден бордел во Невада. Кон крајот на минатата година, ЦИА објави документација која го потврдува постоењето на базата но, со многу поинаква намена од претходно споменатата. Зоната 51, според ЦИА, се користела за тестирање на владините програми за воздушна контрола. /Извор: 24sata.hr/ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство Законско решение за борба против насилствата врз жени и семејното насилство постои, но потребна е негова итна имплементација. Ова го бараат од Националната мрежа против насилство врз жени, особено по последниот случај во Охрид со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска и неодамнешниот фемицид во Богданци, во кој од својот партнер беше убиена 17-годишната Билјана Ќириќ. Според Елена Димушевска од националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, институциите и досега можеле навреме и координирано да реагираат во повеќе случаи кои за жал завршија трагично, но нагласува дека предложените измени на овој закон, сепак ќе им дадат поголеми овластувања на полицијата и другите надлежни институции. За Димушевска клучно е и државата да оддвои доволно финансиски средства за превенција и заштита на жртвите. – Предлог измените во законот ќе дадат поголеми овластувања на полицијата, ќе обезбедат подобра заштита за жените жртви – се предвидува можноста за она што сега е доста актуелно, а тоа се електронските алки односно електронско следење на движењето на насилникот во случаи кога има привремена мерка за заштита...Но повторно ќе напоменам, ова е само унапредување на нешто што е постоечко. Случаите на насилство и насилството во нашата држава се случува заради неитна реакција на оние коишто треба да реагираат. Дали понатаму заштитата за жртвите ќе биде унапредена зависи и од друг еден значаен фактор – а тоа е одвојување финансиски средства,-изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Измените на законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство се доставени до Собранието уште од 26 август, но до денеска не се усвоени и поркај притисокот од јавноста. Во новите измени се предвидени и електронски алки за следење на насилниците, но и поголеми овластувања на полицијата. -Полициските службеници и стручните работници во центрите за социјална работа ќе треба да направат проценка на ризик најдоцна во рок од 12 часа. Полицијата ќе може на самото место да издаде усна наредба за итни мерки: отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контактирање со жртвата.– Предлог за изменување на законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. -Токму за поголема координираност меѓу институциите во случаите со семејно насилство, се обврзаа министрите за внатрешни работи и социјална политика на состанок со обвинителот Савески, но според Димушеска, поголемото прашање е – дали лицата кои ќе интервенираат на терен се навистина професионалци и подготвени да им помогнат на жртвата. Таа нагласува дека институциите треба да реагираат и кога има родово-базирано, а не само семејно насилство. – Прашањето е кој ќе ги импелемтира, кои се професионалците што ќе бидат дел од овие тела – дали тие ќе бидат во доволен број или дали тие ќе бидат доволно обучени за да направат проценка на ризик, затоа што знаете од проценката на ризик зависат сите следни чекори. Ако не се направи соодветна процена на ризик , тогаш и чекорите кои ќе се направат понатаму може да не обезбедат соодветна заштита за жртвата. Ова не смее да остане само за случаи на семејно насилство, како што го прочитав заклучокот од нивниот состанок, ние не смееме да останеме само на семејно насилство, ние мораме да дискутираме за родово базирано насилство, затоа што случајот во Охрид, во Битола, во Богданци се случаи на родово базирано насислтво, не на семејно, тие не живееле заедно,--изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Барањата за поголема заштита на жените кои се жртви на насилство беа истакнат и на мирен протест вчера во Охрид. Граѓаните преку марш од плоштадот до полициската станица во Охрид го искажаа своето незадоволство од непостапувањето на институциите и побараа во иднина да се стави крај на ваквите случаи. Граѓанската организација ниту една повеќе пак и платформата за родова еднаквост со блокада пред Влада во петокот побараа институциите навремено и брзо да реагираат при семејно насислтво и насислтво врз жени, а нов протест во главниот град е закажан за 25 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоЗаладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот уставАлбанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала. Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции. Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата. На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм. Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook