3 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
СветВидео: Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани повеќе од милион луѓеПовеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во областа на Шангај, откако тајфунот „Долфин“ стигна до копното. Бурата го парализираше сообраќајот, а само во Шангај биле откажани околу 1.400 летови. „Долфин“ најпрво го погоди Јухуан во провинцијата Жеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венџоу, соопшти кинеската метеоролошка служба. Кинеските власти претходно издадоа предупредување од највисоко, црвено ниво за тајфунот. До понеделник наутро, „Долфин“ ослабе во тропска бура, но продолжи да се движи кон внатрешноста на земјата. Закана од обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето. Властите продолжуваат да предупредуваат на обилни дождови, сериозни поплави и ризик од лизгање на земјиштето сè до среда. Обилни дождови се очекуваат во провинциите Шандонг, Хенан, Хубеи, Анхуи, Џиангсу и Жеџијанг, како и во Шангај. Во делови од провинцијата Жеџијанг би можеле да наврнат меѓу 250 и 500 милиметри дожд во текот на неколку дена. Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат престој на отворено, а затворени се и бројни туристички атракции. Затворени се делови од „Дизниленд“ и „Леголенд“, како и неколку платформи за набљудување долж шеталиштето „Бунд“ во Шангај. The 13th typhoon of the season Dolphin hit at 5:30pm on Sunday near Kanmen Subdistrict, Yuhuan City, Taizhou, Zhejiang — as a strong typhoon with maximum winds of 42 m/s (force 14) and a minimum central pressure of 945 hPa, according to China's National Meteorological Center. pic.twitter.com/UKed7vH4Ar — Shanghai Daily (@shanghaidaily) August 9, 2026 Снимки од кинеските државни медиуми прикажуваат поплавени деловни простории во приземјето во поранешната Француска концесија во Шангај – област популарна меѓу туристите. На снимките се гледаат и луѓе кои газат низ вода длабока до глуждовите. Во Венџоу, властите преместија околу 900.000 жители и отворија повеќе од 1.000 прифатилишта за итни случаи. Во Таиџоу, околу 390.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.Тагови: тајфуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМурињо требаало да го наследи Фергусон на клупата на Јунајтед: „Ми се јави и плачеше“ Во 2013 година, португалскиот фудбалски стратег, трофејниот Жозе Мурињо постигнал договор да го наследи Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, но во последен момент се откажал и се вратил во Челзи.Мурињо таа година го завршуваше својот ангажман во Реал Мадрид, додека легендарниот Шкот се пензионираше по 27 години на клупата на клубот од „Олд Трафорд“. „Кога заминав од Реал Мадрид, се договорив да одам во Манчестер Јунајтед и да го заменам Сер Алекс“, откри Мурињо во документарниот филм за неговата кариера, чија премиера е закажана за вторник, 11 август. Неговите зборови ги потврди и Фергусон, кој лично разговарал со Португалецот и му ја понудил работата. „Да, му беше понудена работата. Седнав со него и му ја објаснив ситуацијата. Тој тогаш прифати, но само неколку часа подоцна се предомисли“, изјави Фергусон. Тренерот со најмногу трофеи во историјата на Манчестер Јунајтед исто така откри како изгледал емотивниот разговор во кој Мурињо му ја соопштил конечната одлука. „Една вечер ми се јави и плачеше. Рече: 'Алекс, не можам. Му дадов збор на Челзи и не можам да го погазим'. Можам да ја разберам причината што ја наведе, но ме разочара.“ Мурињо призна дека не му било лесно да се откаже од можноста директно да го наследи еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот. „За мене, загубата на можноста да го наследам Сер Алекс Фергусон беше драматична. Сепак, не зажалив, бидејќи одлуката ја донесов со срцето“, изјави Португалецот. Јунајтед го ангажираше Дејвид Мојс по заминувањето на Фергусон, додека Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“. Подоцна, Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“, каде што го предводеше Манчестер Јунајтед од 2016 до 2018 година. Со „Црвените ѓаволи“ ги освои Лига-купот, Комјунити Шилд и Лигата на Европа, па затоа се смета за еден од најуспешните тренери на Јунајтед во ерата по Фергусон.Тагови: Жозе Мурињо Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваОд Рим до Скопје – Vespa Grand Prix Skopje 2026На 5 септември Скопје ќе биде домаќин на Vespa Grand Prix Skopje, целодневен настан посветен на Vespa културата, Италија и 80-годишнината на еден од најпрепознатливите италијански симболи.На 5 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, на големиот паркинг кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, спроти базенот, ќе се одржи Vespa Grand Prix Skopje – целодневен настан во организација на Vespa Club Skopje, посветен на Vespa културата, натпреварувачкиот дух и италијанскиот начин на живот. Оваа година настанот добива дополнително значење бидејќи Vespa одбележува 80 години од своето создавање во 1946 година. Осум децении подоцна, Vespa е многу повеќе од превозно средство – таа е еден од најпрепознатливите симболи на италијанскиот дизајн, стил, слобода и култура. Годинава, осум членови на Vespa Club Skopje со своите Веспи отпатуваа од Скопје до Италија и беа дел од големото одбележување на 80-годишнината на Vespa во Рим. Патувањето од речиси 2.000 километри на Vespa, како и атмосферата и заедништвото што клубот ги доживеа во Рим, станаа дополнителна инспирација дел од тој дух да се пренесе и во Скопје. Само неколку месеци подоцна, Vespa Club Skopje го организира Vespa Grand Prix Skopje, со амбиција македонската престолнина да добие свој препознатлив Vespa настан кој во иднина ќе привлекува учесници и гости од целиот регион. Натпреварувачкиот дел на Vespa Grand Prix Skopje е резервиран за сопствениците и возачите на Vespa и ќе се одвива во три дисциплини. Во споро возење, возачите ќе ги покажат својата контрола и баланс, додека во спретно возење – Gymkhana ќе се натпреваруваат на специјално подготвен полигон каде прецизноста и умешноста ќе бидат клучни. Третата дисциплина носи сосема поинаква динамика – најбрзо возење на 60 метри, каде што ќе одлучуваат брзината и времето. Учесниците ќе можат да се пријават во една, две или во сите три дисциплини, а за најуспешните се предвидени награди. Дополнително, ќе биде избрана и Best in Show Vespa – најубавата Vespa на настанот. Иако натпреварувачкиот дел е резервиран исклучиво за возачите на Vespa, Vespa Grand Prix Skopje е настан од отворен карактер, а влезот за сите посетители е слободен. Идејата е на 5 септември просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ да стане место за дружење на весписти, семејства, љубители на италијанската култура и сите оние кои сакаат да поминат еден поинаков ден во Скопје. Покрај натпреварувачката програма, во текот на целиот ден ќе има DJ сетови, а во попладневните часови со двочасовен музички настап ќе се претстават Калина & Гуру Харе бенд. Италијанскиот карактер на настанот ќе продолжи и преку гастрономската понуда – фокача сендвичи, пица, италијанско кафе и други препознатливи италијански вкусови и пијалоци. Целта е едноставна: на еден ден, дел од Италија и Vespa културата да се преселат во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter