Видео: Светската ракометна федерација ја испрати Македонија, Неверојатен тим... - Канал 5

Видео: Светската ракометна федерација ја испрати Македонија, Неверојатен тим...

Ракометната репрезентација на Македонија ги заврши настапите на 27 Светски шампионат во Египет.

Видео: Светската ракометна федерација ја испрати Македонија, Неверојатен тим...

Македонскиот национален тим седмото учество на Мундијалите го заврши со најлошиот пласман 23 место. Црвено жолтата експедиција е веќе дома.

Светската ракометна федерација (ИХФ) со одлично видео ги поздрави нашите ракометари.

„Неверојатен тим, неверојатни гости. Беше прекрасно да ви бидеме домаќини на Египет 2021“, објавија организаторите на Светскиот шампионат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милевски Панта: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Каде е Сотир Лукровски? Зошто не им соопштува на граѓаните ништо?

Милевски Панта: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Официјалното боледување на градоначалникот Сотир Лукровски завршило на 29 мај.

До денес тој не се појавил на своето работно место, ниту пак граѓаните на Општина Карпош добија јасно објаснување за неговото отсуство и за тоа кој и како ја води општината во овој период.

Зошто не доаѓа на работа а прима плата?

Зошто не им се обрати на граѓаните на Карпош да им каже за што станува збор?

Не навлегуваме во ничија здравствена состојба, му посакуваме добро здравје на секој човек, но, јавноста има право да знае дали градоначалникот е способен да ја извршува функцијата за која е избран и дали Општина Карпош има активно раководство.

Вистината е едноставна. Општина Карпош е заглавена во институционален хаос, а граѓаните се тие што ја плаќаат цената на лошите кадровски и политички одлуки на Мицкоски и ВМРО.

Ќе се извини сега Мицкоски повторно или ќе бега од одговори на прашањата?

Очигледно единствената цел е да се заштити уште еден неуспешен партиски избор и да се соркие вистината за партиските дилови во Карпош за бизниси и провизии.

Денес упатуваме јасен повик до Сотир Лукровски.

Доколку не сте во можност да ја извршувате функцијата градоначалник, покажете лична и политичка одговорност. Излезете пред граѓаните и јавно соопштете ја вашата одлука.

Граѓаните знаат колку е тешко да се работи со постојани политички притисоци, партиски и бизнис интереси кога е во прашање ВМРО.

Затоа ве охрабруваме да постапите одговорно и да поднесете оставка доколку сметате дека не можете да ја извршувате функцијата.

Со тоа ќе овозможите што поскоро да се создадат услови за нови избори и граѓаните на Карпош сами да одлучат кој ќе ја води општината во наредниот период.

Карпош заслужува функционална општина, активно раководство и институции кои работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партиските калкулации.

Прес-конфереција на Панче Милевски Панта – претседател на Општинската организација Карпош

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти

Претседателот на Владата на Република  Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП.

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави:

„Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест, Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат

Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува.

Филипче и СДС се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети.

Филипче и СДС одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет и идентитет.

Филипче и СДС секогаш го ставале приватниот интерес пред државниот. Така беше и кога беа на власт изминатите 7 години, а доказ за тоа се нивните полни џебови и распродадените државни и национални интереси.

Мекото ткиво во Македонија предводено од Филипче и СДС, носи само штета на државата.

Затоа, граѓаните даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за да можеме исправено да ја претставуваме нашата историја, култура, јазик и идентитет пред оние кои тоа ни го негираат, а соработуваат токму со Филипче и СДС.

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер