Видео: Судански паравоени сили со кинеска ракета соборија владин воен авион од руско производство Ил-76 - Канал 5

Видео: Судански паравоени сили со кинеска ракета соборија владин воен авион од руско производство Ил-76

 Руски воен транспортен авион од типот Ил-76 се урна вчера во Судан во близина на градот Бабануса, а целиот екипаж ги загуби животите во несреќата. 

Видео: Судански паравоени сили со кинеска ракета соборија владин воен авион од руско производство Ил-76

Антивладините Сили за брза поддршка –РСФ ја презедоа одговорноста за нападот, соопшти ОН.

Силите за брза поддршка, паравоена група што се бори против суданската Влада, соопштија дека го уништиле авионот користејќи кинески противвоздушен систем FK-2000. Тие тврдат дека го набавиле системот од Обединетите Арапски Емирати.

Снимки од местото на несреќата на кои се гледаат фрагменти од голем бел транспортен авион со препознатлив опашест дел, карактеристичен за авионите Ил-76, беа објавени и на социјалните мрежи. Суданските воздухопловни сили користеле вакви авиони за транспорт на војници, опрема и муниција помеѓу воените бази во конфликтните зони.

Граѓанската војна во Судан трае од април 2023 година. Употребата на софистицирани противвоздушни системи, како што е FK-2000, укажува на зголемено вооружување на РСФ и го зголемува ризикот од ескалација на регионалниот конфликт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството поведе постапка против маж, кој на дрзок начин ѝ украл чанта на жена во Тетово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 4 од Кривичниот законик.

Обвинителството поведе постапка против маж, кој на дрзок начин ѝ украл чанта на жена во Тетово

На 26 ноември, додека една оштетена седела пред кафетерија во Тетово и пиела кафе, а својата чанта ја оставила на столицата до неа, осомничениот и се заканил со нож и и ја одзел чантата.

По пат го извадил паричникот во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја. Продолжувајќи да се заканува со ножот, избегал од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено разбојништво, поднесена кривична пријава

Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено кривично дело "разбојништво", поднесена кривична пријава .

Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено разбојништво, поднесена кривична пријава

Во врска со претходно извршено кривично дело "разбојништво" со закана со пиштол на 18.11.2026 околу 05:55 часот во казино на бул. "Партизански Одреди" во Скопје каде одземени се парични средства во износ од 789.600 денари, од страна на ОКР Карпош при СВР Скопје се преземени се мерки и обезбедена е Наредба за претрес во дом кај осомничено лице.

На 26.11.2026 во 06:00 часот по претходна наредба од Основен кривичен Суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(50) како и на патничко возило "тојота" со скопски регистарски ознаки.

Имено, од извршениот претрес кај лицето Д.К. пронајдени беа парични средства од околу 300.000 денари, две црни фантомки, и друга облека. До Основното јавно обвинителство Скопје против Д.К. поднесена е кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Формиран Клубот на жени на Движењето ЗНАМ, Александра Јелиќ избрана за претседател

Вечерва се одржа Основачката конференција на Клубот на жени на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, со што и официјално започнува ново поглавје во организациското и политичкото дејствување на ЗНАМ. 

Формиран Клубот на жени на Движењето ЗНАМ, Александра Јелиќ избрана за претседател

Клубот на жени едногласно е избрана Александра Јелиќ, како и Координативно тело составено од 18 членови.

Формирањето на Клубот на жени е дел од активностите предвидени со Акцискиот план на Движењето ЗНАМ за 2026 година и претставува јасна определба за создавање силна, организирана и активна структура, во која жените ќе имаат значајна улога во креирањето на политиките, носењето одлуки и обликувањето на политичките процеси.

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека формирањето на Клубот на жени е значаен чекор во јакнењето на политичката организација, но и јасна порака за местото и улогата на жените во ЗНАМ.

„Клубот на жени не го гледаме како формална организациска структура, туку како силен политички двигател, кој ќе даде нова енергија на Движењето и ќе биде глас на жените во општеството. Ги повикувам сите жени кои ги споделуваат нашите вредности да ни се приклучат. Вратите на ЗНАМ се отворени за секоја жена која има визија, став и храброст да преземе одговорност. Затоа што Македонија не може да оди напред ако половина од нејзиниот потенцијал остане неискористен.“ посочи Димитриевски.

Претседателката Александра Јелиќ, е дипломиран професор за предучилишно образование и постдипломец на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, со повеќе од 20 години професионално искуство во воспитанието и образованието. Нејзиниот професионален пат го одбележуваат искуството во управувањето, раководењето со тимови, реализацијата на домашни и меѓународни проекти и институционалната соработка.

„ Пред себе гледам жени со огромен потенцијал, кои не сакаат да бидат набљудувачи на иднината, туку нејзини креатори. Верувам дека од овој состав ќе произлезат нови лидерки, нови идеи и нова енергија. Нашата порака е јасна: не бараме простор за да бидеме слушнати, туку преземаме одговорност за да направиме промена. ЗНАМ дека можеме повеќе, ЗНАМ дека можеме заедно и ЗНАМ дека жените имаат сила да ја менуваат Македонија!“ изјави Јелиќ.

Со формирањето на Клубот на жени, Движењето ЗНАМ отвора нов простор за активно учество, поголема видливост и посилна застапеност на жените во политичкиот живот. Преку заедничко дејствување, размена на идеи и преземање конкретни иницијативи, Клубот ќе работи на афирмација на женското лидерство, охрабрување на нови генерации жени во политиката и нивно вклучување во процесите во кои се креираат политиките и се носат одлуките за иднината на државата.

Жените не се само гласот на промените. Тие се сила што ги создава, ги води и ги претвора во реалност!

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер