Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу три милиони денари брзи кредити – обвиненение за шестмина
2Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу три милиони денари брзи кредити – обвиненение за шестмина
ЗабаваВидео: Старлетата Станија ги покажа стомачнитеПопуларната српска стерлата Станија со видео на социјалните мрежи одговори на шпекулациите на дел од медиумите дека е трудна. Атрактивната Станија Добројевиќ уште еднаш покажа зошто има толку многу фанови на социјалните мрежи. Српската старлета со видео од теретана им одговири на медиумите кои во послендите неколку дена пишуваа дека таа е бремена и очекува бебе. Сега таа ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, со најновото видео во кое покажа дека по празниците им се враќа на напорните тренинзи. Станија беше снимена додека позира пред огледалото, па во еден момент ја спушти тренерката и ја подигна маицата, ги покажа стомачните мускули но и бујните силиконски гради. View this post on Instagram A post shared by STANIJA DOBROJEVIĆ (@stanijadobrojevic) Станија инаку редовно ги воодушевува своите фанови на споцијалните мрежи со фотки во минијатурни бикини на кои во предн план се нејзините бујни силиконски облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
БалканСпецијализираните совети во Хаг им го продолжија притворот на Вејсели и КрасниќиСудскиот совет на Специјализираните совети во Хаг ги отфрли барањата за привремено ослободување на поранешните водачи на терористичката ОВК, Кадри Вејсели и Јакуп Красниќи.Судскиот совет на Специјализираните совети во Хаг ги отфрли барањата за привремено ослободување на поранешните водачи на терористичката ОВК, Кадри Вејсели и Јакуп Красниќи, на кои им се суди за воени злосторства, и нареди продолжување на нивниот притвор. Советот утврди дека сè уште постојат ризици обвинетите да ја попречат постапката или да извршат нови злосторства, објави веб-страницата на Специјализираните совети, пренесе Телеграф. Специјализираната обвинителка Кимберли Вест во своето образложение наведе дека постои ризик обвинетите да ги заплашуваат сведоците и потсети дека пресудата против четворицата поранешни водачи на таканаречената ОВК ќе биде изречена на 16 септември, така што продолжениот притвор не е непропорционален. Поранешните водачи на таканаречената ОВК, Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети врз основа на индивидуална кривична одговорност со шест точки за злосторства против човештвото и четири точки за воени злосторства. Тие се во притвор во Хаг од нивното апсење во ноември 2020 година. Терористичката ОВК изврши бројни злосторства, убиства и киднапирања во текот на 1998 и 1999 година против припадници на армијата и полицијата на тогашна Југославија, Срби и други неалбанци, како и Албанци кои не прифатија да бидат нејзини помагачи или членови.Тагови: Хагг Красниќи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВо Гудвуд е претставен електричниот Ренџ Ровер Спорт (ФОТО)Land Rover ја претстави електричната верзија на Range Rover Sport на саемот во Гудвуд.Новиот модел ќе им се придружи на постоечките варијанти со шестцилиндричен, V8 и plug-in хибриден погон. Производителот ветува дека електричниот SUV ќе биде „подинамичен и побрз од кога било“ без да се прави компромис со можностите за теренско возење. Целосните спецификации ќе бидат објавени подоцна оваа година, веројатно како дел од редизајн на целата линија. Демонстрација на способностите во Гудвуд Извршниот директор на Range Rover, Мартин Лимперт, рече дека електричната варијанта ќе „ги редефинира високо-перформансните SUV“ кога ќе се појави на пазарот подоцна оваа година. За време на приватната презентација во Гудвуд, компанијата ги подложи прототипите на серија тестови. Едниот беше извлечен од товарниот простор на авионот, другиот беше однесен по скалите, а потоа тестиран на тркачката патека. Целта беше да се покаже дека електричната верзија лесно може да извршува тешки задачи, исто како моделите со мотори со внатрешно согорување. Дизајн и технологија Land Rover вели дека теренецот „интегрира напредни технологии кои ослободуваат поголема моќност и вртежен момент. Перформансите се подобрени со напредни поставки на шасијата и звучен систем, сите комбинирани за да создадат искуство во возењето кое е уникатно и инстинктивно на кој било терен“. Прототипите прикажани на Гудвуд ја имаа каросеријата на тековниот модел, кој е во продажба од 2022 година. Тие се одликуваа со нови алуминиумски тркала и специфични светла што ја осветлуваат земјата. Се очекува дека производствената верзија ќе изгледа поинаку кога ќе стигне до клиентите. Неодамна, камуфлирани прототипови на освежениот Ренџ Ровер Спорт беа фотографирани на Нирбургринг. Фотографиите откриваат модифицирани браници, редизајнирани LED светла и други мали промени во дизајнот. Се очекува редизајнот да донесе и технолошки подобрувања во кабината. Погонски склоп и остатокот од гамата Производителот не ја откри моќноста на електричниот погон, но се претпоставува дека ќе биде слична на погонскиот склоп од 405 kW (550 КС) што се наоѓа во електричниот Range Rover. Целосните спецификации ќе бидат објавени подоцна во 2026 година, најверојатно заедно со воведувањето на редизајнот. JLR потврди дека гамата на Range Rover Sport ќе продолжи да вклучува опции со шестцилиндрични бензински и дизел мотори, благ хибриден V8 бензински мотор и plug-in хибрид. Со ова се задржува истиот опсег на погонски склопови како и претходно.Тагови: Ренџ Ровер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Црна хроникаСо украдени лични податоци на граѓани подигнале околу три милиони денари брзи кредити – обвиненение за шестминаШестмина се обвинети, а уште 33 ќе одговараат со казнени налози во случајот со незаконско подигнување брзи кредити преку злоупотреба на туѓи лични податоци..Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека осомничените користеле лажни исправи и внесувале невистинити податоци во системите на финансиските друштва за да добијат кредити на име на други лица.. Во информатичкиот систем на повеќе оштетени финансиски друштва внесувале невистинити податоци, за кои секој од нив знаел дека не се вистинити и дека се постигнати со дејствија од други кривични дела“.. Во измамничката шема, според обвинението, учествувал и вработен во ФЗО, кој на останатите им ставил на располагање податоци кои претходно ги обезбедил преку електронскиот систем на институцијата.. Најголемиот дел од обвинетите дејствувале во периодот 2022 до јуни 2024 година.. Според обвинението, четворица од нив прибавиле противправна имотна корист од над два и пол милиони денари, додека останатите со поединечни дејствија дополнителни над 650 илјади денари..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter