Видео: Спиење под 20 јоргани - Канал 5

Видео: Спиење под 20 јоргани

Кога ќе помислите дека е студено тука на Балканот во зима, сетете се на ова видео и можеби барем за момент ќе ви биде полесно и потопло.

Видео: Спиење под 20 јоргани

На еден возрасен човек му биле потребни приближно 20 јоргани и специјално дизајнирано легло за да се загрее додека спие.

Внимателно наредените јоргани направија вистинска планина, а човекот покажа како влегува во леглото и се подготвува за топло спиење.Многумина само се прашуваат како човекот спие под оваа планина од јоргани.

Иако не е јасно наведено во која земја е направено видеото, описот гласи: „Зимата во Читрал и Гилгит Балтистан е застрашувачка, сè замрзнува, а слоевите дебели ќебиња се единственото решение“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџерите добиваат свој „ChatGPT“

„OpenAI“ објави нова верзија на „ChatGPT“ наменета за корисници на возраст од 13 до 17 години, со посебни безбедносни заштити, родителски контроли и функции за учење.

Тинејџерите добиваат свој „ChatGPT“

Новата верзија е наменета да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во соработка со Универзитетот Стенфорд, со функции кои имаат за цел да ги охрабрат учениците сами да решаваат проблеми, наместо „ChatGPT“ едноставно да им дава готови одговори, објавува „Fox Business“.

Меѓу новите функции ќе бидат квизови и потсетници за одговорно користење на „ChatGPT“ при пишување домашни задачи, како и опција што му овозможува на тинејџерот или родителот да постави периоди во кои ќе се активира режимот на учење.

Тинејџерите исто така ќе бидат предмет на построги правила во врска со самоповредување, насилство, нарушувања во исхраната, опасни активности и експлицитна сексуална и графичка содржина.

За време на почетното поставување, тинејџерите исто така ќе добиваат предупредувања да не објавуваат приватни фотографии или фотографии што содржат чувствителна содржина.

Тоа не е сè

„OpenAI“ воведува и заштитни мерки против емоционална зависност од „ChatGPT“, така што моделот со вештачка интелигенција нема да користи јазик што сугерира романтични чувства за корисникот, ниту пак ќе тврди дека има лични чувства или свест.

Дополнително, „ChatGPT“ нема да се претставува како поважен од семејството, пријателите, наставниците, менторите или другите доверливи луѓе во животот на тинејџерот.

Новата верзија ќе има и стандардни поставки што поттикнуваат поздрави модели на користење, вклучително и почести потсетници за пауза.

„OpenAI“ исто така ќе им стави до знаење на тинејџерите дека „ChatGPT“ е алатка, а не личност и не е замена за човечките односи.

Новите мерки доаѓаат по случаите во кои тинејџерите го користеле „ChatGPT“ за време на сериозни емоционални и психолошки кризи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“

На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство.

Кривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“

Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик.

На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство. По преземени мерки обезбедени се В.А. и Д.А., а против С.С. е распишан централен распис. Исто така, обезбеден е и доказен материјал. В.А. и Д.А. се изнесени пред судија за претходна постапка, кој на В.А. му одреди 30 дена мерка домашен притовр, на Д.А. му се одредени мерки за претпазливост, а на С.С. му е одредена мерка притвор во отсуство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер.

Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација

На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и конкурентна енергетска инфраструктура.

Министерката Божиновска говореше за реформите и активностите што ги спроведува Министерството во насока на обезбедување стабилно и сигурно снабдување со енергија, забрзување на енергетската транзиција и усогласување на националната енергетска политика со европските стандарди и политики.

Посебен акцент беше ставен на развојот на гасната инфраструктура и регионалното енергетско поврзување, како и на значењето на инфраструктурните проекти што придонесуваат за поголема отпорност и сигурност на енергетскиот систем.

На средбата беше разговарано и за искуствата на Северна Рајна-Вестфалија во процесот на енергетска трансформација, имајќи предвид дека станува збор за еден од најзначајните европски индустриски региони, кој паралелно со економскиот развој спроведува процеси на декарбонизација и модернизација на енергетскиот сектор.

Во разговорот беше истакнато значењето на размената на знаења, добри практики и искуства, особено во делот на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура и создавањето услови за нови инвестиции.

Европската соработка и размената на искуства со развиените европски региони се важен дел од процесот на модернизација на македонскиот енергетски сектор. За Македонија е од особено значење да ги користи искуствата на европските партнери кои веќе поминуваат низ комплексни процеси на енергетска трансформација.

На средбата беше оценето дека постојат можности за продлабочување на институционалната соработка и за понатамошна размена на искуства во областите од заеднички интерес, особено во контекст на европската интеграција, енергетската транзиција и зајакнувањето на регионалната енергетска поврзаност.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер