Видео: Спектакуларен гол на фудбалски меч во Австралија - Канал 5

Видео: Спектакуларен гол на фудбалски меч во Австралија

Австралискиот фудбалер Бен Гаручо постигна спектакуларен гол на натпреварот од најдобрата лига на оваа земја меѓу Вестерн Јунајтед и Вондерерс.

Видео: Спектакуларен гол на фудбалски меч во Австралија

Гаручо даде таканаречен скорпија гол откако нафрли неговиот соиграч Алекасндар Пријовиќ. Голот сигурно ќе биде кандидат за најдобар во сезоната во изборот на ФИФА, а интересно што, бидејки Гаручо игра бек, ова е негов прв погодок во последните четири години.

YouTube video

Министерството за правда очекува 5 од реформските закони да влезат во собраниска процедура

Министерството за правда прави напори најдоцна до 23ти месецов да влезат во собраниска процедура пет од осум закони од Реформската агенда. 

Министерството за правда очекува 5 од реформските закони да влезат во собраниска процедура

Од пакетот кој е со рок за носење до јуни годинава, четири се доставени до Влада и се во скратена постапка. Законот за Судски совет пак како што информираше министерот за правда Филков, е подготвен и доставен на мислење на Венецијанската комисија и објавен на ЕНЕР, а текстот на Изборниот законик, како што кажа, е подготвен од стручните служби во Министерството за правда и во согласност со препораките на ОДИХР.

Филков очекува да поминат и трите закони од реформската агенда за кои е потребно бадентерово мнозинство во парламентот и порача дека нивното носење не треба да се користи за дневно-политички поени.

Според препораките а ОДИХР, изборниот законик ќе опфати прецизирање на начинот на финансирање на партиите за време на кампања, а ќе предвиди и ограничување на донациите. Со новиот Кривичен законик се очекува да биде направено допрецизирање на одредени кривични дела, а дополнително се воведуваат нови кривични дела поврзани си економскиот криминал. Исто така, за семејно насилство ќе се презмаат мерки по службена должност.

Најголема промена во правосудниот систем, Филков очекува се случи со Законот за помилување во кој ќе биде укината аболицијата, односно помилување ќе може да се даде само врз основа на правосилна осудителна пресуда.

Од законите со рок до декември 2025 година, текстот за Законот за кривична постапка, како што кажа Филков, е подготвен од страна на работната група и се изработени коресподентни табли.

YouTube video

Кардиолог Д-р Клинчева за Канал 5: Здравите луѓе треба да пијат над два литри вода

Високите температури можат сериозно да го оптоварат срцето, особено кај хронично болни лица, бидејќи доведуваат до дехидрација, пад на крвниот притисок и пореметувања во срцевиот ритам.

Кардиолог Д-р Клинчева за Канал 5: Здравите луѓе треба да пијат над два литри вода

Во утринската програма на Канал 5, „Здраво Македонијо“ гостуваше Д-р Милка Клинчева - специјалист по интерна медицина и супспецијалист по кардиологија.

Според светските статистики, кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, а се проценува дека секој трет човек во текот на животот ќе развие некаква форма на кардиоваскуларно заболување, при што околу 30–35% од популацијата има или ќе има срцеви проблеми, а кај лицата над 65 години тој ризик значително расте и повеќе од половина имаат кардиоваскуларни пореметувања.

Д-р Клинчева зборуваше за тоа како високите температури влијаат на лицата со кардиоваскуларни заболувања.

- Кардиоваскуларните заболувања се најчестата причина за смртност, кај мажите 48%, а кај жените дури 50 % , рече д-р Клинчева. Доколку имаме веќе запушување на крвните садови или некое друго заболување на срцевиот мускул доаѓа до оптоварување на срцето и од тука се појавуваат симптомите и можност за компликации, додаде таа. Можни причини се тахикардија, низок крвен притисок, градна болка, замор, гушење. На цела оваа состојба со високи температури лошо влијае е дехидратацијата. Здравите луѓе треба да пијат над два литри вода, а пациентите со кардиоваскуларни заболувања треба да се консултираат со својот кардиолог околу количината на внес на вода во текот на денот, советува докторката- кажа Д-р Клинчева.

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

- Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков, да дојде до израз европската креативност.

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на самитот на НАТО во Хаг со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев нема да биде присутен.

Сепак, вели дека средбата се уште не е потврдена бидејќи таа е иницирана од претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

YouTube video

притисни ентер