Тимот на „Asus“ го вклучи најновиот процесор на „Intel“ и го собори својот претходен рекорд за оверклокување на процесорот со едно јадро, достигнувајќи 9,1 GHz користејќи течен хелиум.
Тимот на „Asus“ е веќе легендарен кога е во прашање процесот на оверклокување и тие постојано уриваат нови рекорди. За овој потфат, тие поставија „Intel Core i9-14900KF“ на матична плоча „Asus ROG Maximus Z790 Apex Encore“, која чини околу 650 долари.
Тие користеа напојување „Enermax“ од 1.200 W, а течниот хелиум им помогна бидејќи е поладен од течниот азот, па процесорот може да работи на -235C додека се оверклокува.