Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
НБАВидео: Со две средби стартуваше новата сезона во НБА, дербито на Лос Анџелес за КлиперсиПо скоро тримесечна пауза најдобрите светски кошаркари се вратија во натпреварувачки ритам. Утринава во САД се одиграни првите две средби од најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата.Во градското дерби во Лос Анџелес, Клиперси го изненадија шампионот Лејкерс, а Бруклин предводен од Дурент немаше беше подобар од Голден Стејт . Во големото градско дреби одиграни во Стејпл Центарот Клиперси со 116-109 го порази бранителот на титулата Лејкерс. Тандемот Каваи Ленард и Пол Џорџ со заедничка реализација од 59 поени го водеше својот тим до триумфот на популарните „езерџии“ во чии редови потфрлија лидерите Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Пол Џорџ со 33 постигнати кошеви беше најефикасниот поединец на дербито во Ел Еј. Во премиерниот меч од новата сезона во НБА Кевин Дурент немаше милост кон својот поранешен клуб Голден Стејт. Дурент го водеше Бруклин до убедлива победа над Вориорси од 126-99. Популарните Нетси доминираа во сите 48 минути од дуелот Дурент по пауза од една ипол година поради тешката повреда покажа дека е желен за кошарка уште во првата четвртина, во воведните 10 минути Дурент постигна 10 поени, а мечот го заврши со 22 поени, одлично одигра и новата ѕвезда на тимот Кајра Ирвинг со 26 поени . Во редовите на поразениот Голден Стејт Стеф Кари уфрли 20 поени, а 19 постигна младиот Џејмс Ваизмен. welcome back to the Kyrie Fandles Club pic.twitter.com/QL4QN5CA6C — Pwob George (@WorldWideWob) December 23, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
СветЗеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“ Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да ја заврши војната“ и оти ќе стори сѐ за да успее во тоа.Во изјава за „Скај њуз“, Зеленски истакнал дека најважно е тоа што Трамп може да организира трилатерална средба на која би се разговарало за „сите чувствителни теми“ што би можеле да придонесат за завршување на војната. На прашањето дали е подготвен да се сретне со Путин, Зеленски одговори дека е „подготвен“ и оти средбата би можела да се одржи „во секое време, кога сите страни ќе бидат подготвени“. Зеленски изјави дека Трамп не му поставил никакви барања за време на денешниот разговор, но напомена дека двајцата лидери претходно разговарале за барањата на Вашингтон кон Киев. Зборувајќи за разговорот со Трамп, Зеленски рече дека разговарале и за можноста за енергетско примирје меѓу Украина и Русија. Тој изјави дека Киев е подготвен за каков било формат на такво примирје, под услов Русија да не го напаѓа украинскиот енергетски систем. „Подготвени сме за каков било формат на енергетско примирје... За сè што е поврзано со енергетиката, сè“, рече Зеленски. Тој им се заблагодари на Трамп и на американските власти и додаде дека Вашингтон ќе ја пренесе позицијата на Киев до Москва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
ЕкономијаНБ: Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршкаВкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,0%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,8%. Кредитната активност бележи раст од 13,6% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
СветРубио и Лавров се среќаваат денес во Њујорк- Ќе разговараат за војната во УкраинаАмериканскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Њујорк . Средбата ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти Стејт департментот. Средбата се одржува во рамките на дипломатските напори на Вашингтон поврзани со војната на Русија против Украина, пренесува „Киев индепендент“. Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во ОН. По средбата со Трамп, Зеленски изјави дека Украина е подготвена за енергетско примирје, под услов Русија да се согласи на истите услови. Двајцата претседатели разговараа и за поддршката за Украина во текот на зимата, за противвоздушната одбрана и за идните мировни преговори. Руските државни медиуми објавија дека Лавров пристигнал во Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН. Рубио и Лавров се сретнале неколку пати во текот на изминатата година, како дел од напорите на администрацијата на Трамп да посредува за прекин на руската инвазија. Двајцата дипломати се сретнале и на маргините на минатогодишното Генерално собрание на ОН во септември 2025 година, кога Рубио ја повикал Москва да го „запре крвопролевањето“ и да преземе конкретни чекори кон завршување на војната. Пред тоа, тие одржале разговори во Ријад во февруари 2025 година – првите официјални преговори на високо ниво меѓу САД и Русија од почетокот на руската инвазија од целосен обем. Стејт департментот соопшти дека Рубио престојува во Њујорк од 20 до 23 септември по повод 81-вата сесија на Генералното собрание на ОН. За време на посетата, тој се среќава со министри за надворешни работи од други земји за да разговараат за безбедноста, економските прашања и напорите за постигнување мир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16