Видео: Словачкиот премиер Роберт Фицо ранет во пукање по состанок на Владата

Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден во пукање по седница на Владата, јави новинската агенција ТАСР.

Агенцијата го цитираше потпретседателот на Парламентот, Лубос Блаха, дека Фицо бил застрелан и повреден.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.

Словачката телевизија ТА3 објави дека биле испукани четири куршуми, при што еден го погодил Фицо во стомакот. /МИА

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Шојгу и Герасимов

Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налог за апсење на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу, како и на високиот руски генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот, за наводни воени злосторства во Украина, пренесоа светските агенции

Дачиќ: Фронтекс ќе бидe распореден на границата на Србија и со трети земји

Фронтекс ќе бидe распореден на границата на Србија и со трети земји, ќе ги штитиме границите на ЕУ.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потпиша со комесарката на ЕУ за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон Договор меѓу Србија и ЕУ за оперативни активности што ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во Србија, со кој Фронтекс ќе биде распореден на националните граници на Србија и со трети земји, со што Србија ќе ги штити своите граници, но и границите на Европската унија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Благодарение на договорот, полициските сили на Фронтекс ќе бидат распоредени не само на државните граници со Бугарија и Унгарија, туку и на државните граници на Србија со трети земји, со што Србија ќе ги штити своите граници, како и границите на Европската унија, изјави Дачиќ.

Тој посочи дека тоа значително ќе придонесе за заедничка борба против прекуграничниот криминал и нерегуларната миграција.

-Србија ги штити своите граници, но ја штити и безбедноста и стабилноста на цела Европа. Затоа ни треба единствен одговор и поддршка. Секој дополнителен полицаец од ЕУ, кој ќе ѝ се придружи на нашата гранична полиција на терен, ќе и помогне на нашата полиција сеопфатно да одговори на предизвиците од борбата против нерегуларната миграција, намалувајќи го бројот на илегални гранични премини, на патот до крајната дестинација на мигрантите, што е ЕУ, рече Дачиќ.

ЕУ донираше и 65 возила за граничната полиција, а Дачиќ истакна дека Унијата е еден од најважните донатори на МВР.

-Донацијата на овие возила придонесува за зајакнување на капацитетите на Управата за гранична полиција за заштита на државната граница, борбата против нерегуларната миграција и прекуграничниот криминал во незадоволителните услови за работа на терен, изјави Дачиќ.

Тошковски се сретна си претставници на Меѓународната организација за миграции

Претставниците на ИОМ му честитаа на министерот Тошковски за изборот и му изразија поддршка за најавените реформи во Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа работен состанок со Лаура Лунгароти, субрегионален координатор за Западен Балкан на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Соња Божиновска Петрушевска, шеф на канцеларијата на ИОМ во Република Македонија, соопшти МВР.

Претставниците на ИОМ му честитаа на министерот Тошковски за изборот и му изразија поддршка за најавените реформи во Министерството за внатрешни работи.

Лунгароти го истакна значењето на добрата соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ИОМ, особено во делот на граничното управување.

Таа го информираше министерот Тошковски дека во моментот ИОМ е фокусиран на областа поврзана со доброволно враќање на мигранти, како еден од главните приоритети на Европската Унија и очекува успешна соработка и поддршка од страна на Министерството за внатрешни работи во овој дел.

Претставниците на ИОМ нагласија дека досегашната материјална и техничка помош што му беше пружена на МВР преку проекти финансирани од страна на ЕУ ќе продолжи и понатаму, како и дека ваквата поддршка може да биде зголемена во блиска иднина.

Министерот Тошковски се заблагодари за поддршката што Меѓународната организација за миграции ја дава на Министерството за внатрешни работи.

Тој истакна дека Министерството за внатрешни работи ќе работи кон јакнење на капацитетите за обезбедување на државните граници особено во делот за интегрираното гранично управување,а во исполнување на оваа цел ќе биде потребна поддршка и од страна на ИОМ, се наведува во соопштението од МВР.

притисни ентер