Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
2Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
БалканВидео: Синоќа потона сплав на Дунав во Смедерево, среќа нема повредени гостиСиноќа сплав на Дунав во Смедерево потона до половина, среќа нема повредени гости.На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека во моментот кога водата навлегла во сплавот имало гости, но тие успеале да излезат навреме. Исто така според информациите што ги пренесува српскиот национален сервис при потонувањето на сплавот нема повредени гости, а веднаш по добиените информации екипи на противпожарната единица излегле на терен. Засега не е позната причината за потонувањето на сплавот. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаМуцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во СкопјеРазговори за изнаоѓање на решение постојано се во тек, но во рамки на веќе извесните црвени линии, изјави премиерот Христијан Мицкоски во однос на дипломатските напори за деблокада на македонските евроинтеграции.Тој истакна дека додека македонскиот устав нуди заштита на правата на сите заедници во државава, вклучително и бугарската, соседна Бугарија се уште не ги спровела пресудите од ЕСЧП кои се во корист на тамошната македонска заедница. Мицкоски рече дека е подготвен да се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев доколку претходно дипломатските напори успеат да ги приближат македонските и бугарските позиции. -Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба а притоа да нема никаков ефект, не сум љубител на губење нити на своето ниту на неговото време. Очекувам дека дипломатските обиди да се изнајде решение претходно ќе ги доближат позициите на двете страни, па ако има можност за такво доближување тогаш апсолутно сум подготвен да седнам да разговарам,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа на Амбасадорскиот совет кој денеска се оддржа во Скопје, прв пат по 2019та година. Пред почетокот, шефот на дипломатијата Муцунски, ги предочи стратешките насоки за амбасадорите и ги определи ЕУ членките, САД, но и Индија и земјите од Арапскиот залив како приоритетни трговски партнери за државава. -Прво е заштитата на македонските национални интереси, второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија и третото е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници, независно дали се тоа македонци кои што живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани кои патуваат заради различни причини,- -Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на Амбасадорскиот совет денеска се обрати и шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка кој е во официјална посета на државава. Иако Муцунски не ја адресираше вчерашната изјава на неговиот чешки колега според кој Македонија и Бугарија немаат билатерален спор туку мултилатерално прашање на сите земји на ЕУ, како што вели Муцунски, Чешка испратила јасна поддршка за македонското членство во ЕУ и понудила помош во изнаоѓање на соодветно решение во спорот со Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојбаНема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективна.Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клиника. Дваесет и четиригодишното момче од Центар кој се води како досега најмладиот хоспитализиран со симптоми на западно нилска трескаб е во добра општа состојба и нема компликации, а 25 годишната девојка се уште е со одредени тегоби како силни главоболни и зашеметеност, но надвор од животна опасност, а за жал, нема подобрување на состојбата кај петмината повозрасни пациенти кои веќе со денови се во критична состојба и остануваат на апарати за дишење, брифираат од Клиниката. Со оглед на тоа дека се намалува возрасната граница, и се почесто и помлади бараат помош по убод од комарец, лекарите апелираат на внимателност, особено кај повозрасните кои имаат придружни хронични болести и кај децата. Во минатото имало случаи на западно нилска треска кај деца и кај нас, но тогаш инфекцијата ја добиле во странство, а сега 37 од 38 случаи се водат како автохтони, односно заразата ја добиле во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“126 денари за килограм – толку се плаќал лебот во 2025 година во студентскиот дом „Пелагонија“ иако според пазарот цената му е 70 денари – државните ревизори утврдија низа неправилности и несоодветно трошење на јавните средства во домот. Во 2023 година, „Пелагонија“ распишала тендер за леб и брашно, а истиот го добила фирма која воопшто нема таква дејност. Договориле цена по 57 денари од килограм, но добавувачот, при фактурирањето едно парче, односно векна леб го прикажувал двојно, како килограм. Ваквото постапување поради ретките контроли немал кој да го „детектира“ дури до крајот на 2024 година. А, подобра состојбата не била и подоцна. -Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки,- - Државен завод за ревизија. Освен кај лебот, државната ревизија констатирала пропусти и при набавката на душеци. Извештајот нотира дека биле набавени 250 душеци, кои биле со поголеми димензии од самите кревети, па истите стојат складирани. А, мерка не била земена ниту за претходната набавка, па тоа ги оштетило и креветите. -Утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците, била нарушена стабилноста и статиката на креветите. Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот,- - Државен завод за ревизија. Канал 5 стапи во контакт со Агим Фејзулаху, кој директоруваше со „Пелагонија“ до крајот на 2023 година, но тој одби да даде изјава, единствено посочи дека во тендерските постапки има јасни законски услови и клаузули, кои според него се испочитувани. Актуелниот директор Орхан Алиу пак најави дека дополнително ќе одговори на наодите од ревизорите. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook