Видео: Сина туна продадена за 1,3 милиони евра на аукција во Токио - Канал 5

Видео: Сина туна продадена за 1,3 милиони евра на аукција во Токио

На првата аукција за туни годинава, на познатиот пазар за риби во Токио, сина туна беше продадена за 207 милиони јени (околу 1,28 милиони евра).

Видео: Сина туна продадена за 1,3 милиони евра на аукција во Токио

Туната од 276 килограми, уловена во близина на префектурата Аомори, ја купија заеднички еден трговец и компанијата која управува со синџирот ресторани „Суши Гинза Онодера“.

Рекордната цена за туна на аукција останува 333,6 милиони јени (околу 2 милиони евра), постигната во 2019 година за туна од 278 килограми.

Првата аукција се одржа рано утрово на пазарницата Тојосу, која последниве години е една од најголемите туристички атракции на Токио. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дебакл на арамијата Мицкоски, 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштија

Последните статистики на синдикатот  покажуваат дека секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија.

СДСМ: Дебакл на арамијата Мицкоски, 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштија

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно.

Значи 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија.

Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Ова реалност и одлука на арамијата Мицкоски - работниците да работат, а да бидат сиромашни.

Бајките на Мицкоски за трета економија во Европа постојат само во неговите изјави, а не во реалноста.

Тоа го потврди и Светска банка со заклучок дека македонскиот стандард е на третина од европскиот.

Ако минималната плата беше 600 евра, како што предложи СДСМ, работниците немаше да бидат оставени да живеат со приходи под овој праг на сиромаштија.

Но, арамијата Мицкоски и неговата влада го одбија предлогот. Одбија да им помогнат на работниците, одбија да им биде вреднуван трудот.

Имаат 5.5 милиони евра за една вечер за диџеј, имаат за тендери и провизии, немаат пари за работниците.

Буџетската дупка е 900 милиони евра, за пензиите дупката е околу една милијарда евра.

За само две години, Мицкоски го зголеми државниот долг за околу 4 милијарди евра, речиси половина од задолжувањата акумулирани во претходните 35 години.

Годишните трошоци за камати заради долговите пораснаа на 350 милиони евра.

Работникот гледа и чувствува дека трудот не му е вреднуван. Живее сè потешко, со празен фрижидер и празен паричник - во сиромаштија.

До ова ниво, до дното, ги донесе арамијата Мицкоски.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две дерби средби во 3 коло од Лигата на шампионите, ПСЖ домаќин на Барса, во Минхен гостува Арсенал

Вечерва фудбалска европа пулсира во ритамот на супер дербито во „жешкиот“ Париз, на Паркот на принцовите бранителот на европскиот трон го пречекува најдобриот напад на светот, фуриозната Барселона. 

Две дерби средби во 3 коло од Лигата на шампионите, ПСЖ домаќин на Барса, во Минхен гостува Арсенал

Во претходното коло видовме вистинска голеада низ стадионите на Стариот континент, беа постигнати рекордни 78 гола или вкупно 147 од почетокот на сезоната – што значи просек од 4,08 гола по натпревар.

Зголемувањето на бројот на голови нè враќа во едно минато време, во ерата на Купот на шампионите,екипите очигледно играат поопуштено, што е овозможено благодарение на новиот формат воведен пред три сезони.

Во ова коло нè очекуваат две навистина големи дерби-пресметки, а првата е на програмата во Париз, каде што европскиот шампион ја пречекува моќната Барселона, второто големо дерби се игра утре вечер во Минхен, каде Баерн ќе го нагости европскиот вицешампион Арсенбал.

Вечерва во елемент ќе бидат и фаворитите како Манчестер Сити, Атлетик и Ливерпул ..

Барселона вечерва во Париз ќе се обиде да му се реваншира на ПСЖ за поразот во минатиот циклус на Монжуик од 2-1.

Иако двата тима имаат проблеми со повреди, сепак очекувањата за врвен фудбалот се високи.

Барселона урива рекорди во Ла Лига и ја освојува третата титула по ред, но сепак, овој предизвик е малку поинаков. ПСЖ имаше слаб почеток на сезоната, но минатата недела, во првите 35 минути на „Етихад“, нè потсетија колку е силен тимот на Луис Енрике.

Лига на шампиони, 3. коло

вторник

18.45

Фенербахче - Славија Прага

Сабах – Дортмунд

21.00 часот

Рома - Слав

Ливерпул - Виљареал

Ман.Сити - АЕК

Наполи – Боде/Глимт

Порто - ПСВ

ПСЖ - Барселона

Штутгарт - Атлетико

среда

18.45

Комо - М. Јунајтед

Лил – Галатасарај

21.00

Астон Вила - Викинг

Баерн - Арсенал

Бетис - Феенорд

Клуб Бриж - Ланс

Интер - Шахтјор

Реал Мадрид - Лајпциг

Спортинг - ЛАСК

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иднината пристигнува во Скопје: Хуманоидни роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026

Роботизацијата веќе не е тема на иднината, туку реалност што го менува производството, логистиката и начинот на работа. 

Иднината пристигнува во Скопје: Хуманоидни роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026

За Македонија, нејзиното навремено прифаќање е можност за поголема продуктивност, развој на современи технички знаења и создавање работни места со повисока додадена вредност. Токму затоа, присуството на хуманоидните роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 отвора важна дискусија за тоа како домашните компании, образованието и институциите да се подготват за економијата што веќе доаѓа.

Токму во тој контекст, на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 во Скопје, благодарение на словенечката технолошка компанија Hiproject, ќе бидат претставени некои од најнапредните хуманоидни роботи во светот. Посетителите ќе имаат ретка можност да видат модели што се меѓу првите од ваков вид во Европа, но и да дознаат како Hiproject веќе развива и воведува хуманоидни роботи во реални работни средини — во индустријата, логистиката, фармацевтската индустрија, здравството, туризмот и други сектори.

Ова е само дел од многуте активности кои не очекуваат на меѓународните саеми ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026, под мотото „Вклучи одржливи навики“, а кои ќе се одржат во период од 29 до 31 октомври 2026 година, во T Арена во Скопје.

Два настани на едно место кои ќе ја претвори престолнината во центар на иновации, енергетика, технологија, недвижности и паметни решенија за иднината.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најновите решенија од областа на роботиката, автоматизацијата, обновливите извори на енергија, циркуларната економија, дигиталната трансформација и одржливиот развој. Саемот ќе ги обедини компаниите, институциите, експертите, стартапите и младите иноватори на изложбена површина од над 2.500 m².

Паралелно ќе се одржи и РЕАЛ ЕКСПО 2026, специјализиран саем за недвижности, на кој ќе се претстават градежни компании, инвеститори, агенции и професионалци од секторот со актуелни понуди, инвестициски проекти и развојни иницијативи од Македонија и регионот.

Покрај изложбениот дел, посетителите ќе можат да следат стручни презентации, панел-дискусии, промоции на нови производи и услуги, деловни средби и активности за вмрежување. Работното време на саемите ќе биде од 10:30 до 18:30 часот во текот на сите три дена.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе бидат место каде што се среќаваат роботиката, иновациите, бизнисот и иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер