Видео: Што е тоа на небото? - Канал 5

Видео: Што е тоа на небото?

Американската воена власт мораше да и се извини на јавноста поради тоа што еден воен пилот за време на летото имал уметничка инспирација.

Видео: Што е тоа на небото?

„Погледај нагоре на небото... тоа сигурно не е птица , тоа е гигантски пенис?!
Twitter Ads info and privacy
Еден пилот на американското воено воздухопловство за време на летото низ преку државата Вашингтон малку се „заиграл“ и ги покажал своите уметнички способности, цртајќи џиновски пенис на небото.

Кога фотографијата се рашири низ социјалните мрежи морало дури да реагираат и воените власти со извинување до јавноста за „неприфатливиот чин“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„GPS“ или брзиномер: На што да верувате кога бројките не се совпаѓаат?

Дали всушност возите побавно отколку што мислите? Постои разлика помеѓу вашиот брзиномер и „GPS“-от.

„GPS“ или брзиномер: На што да верувате кога бројките не се совпаѓаат?

Зошто често постои разлика помеѓу брзината прикажана на инструмент-таблата во автомобилот и брзината што ја покажуваат „GPS“ навигациските системи или апликации?

Одговорот лежи во начинот на кој овие уреди ја мерат брзината, како и во прописите што производителите на автомобили се должни да ги почитуваат.

Според прописите за возила на европскиот пазар, брзиномерот никогаш не смее да покажува брзина помала од реалната. Сепак, дозволено е да прикажува вредност што е до 10 проценти поголема.

Како резултат на тоа, не е невообичаено на инструмент-таблата да стои, на пример, 110 км/ч, додека „GPS“ навигацискиот систем регистрира малку помала бројка. Производителите обично ги калибрираат брзиномерите така што тие покажуваат малку зголемена брзина, за да се осигураат дека прикажаната вредност никогаш нема да биде помала од реалната.

Кога „GPS“-от е попрецизен?

„GPS“ уредите ја пресметуваат брзината врз основа на времето потребно за поминување на одредено растојание.

Кога автомобилот се движи со константна брзина – особено на прав, отворен пат – „GPS“ навигацијата обично може да даде попрецизен податок од фабрички вградениот брзиномер.

Сепак, и „GPS“-от има свои ограничувања. Наглото забрзување или забавување може да влијае на прикажаната вредност, бидејќи на системот му е потребно одредено време за да ги прилагоди своите пресметки на промените во брзината.

Сличен проблем може да се појави и на патишта со многу остри кривини.

Затоа, „GPS“ навигацијата не е нужно попрецизна во секој поединечен момент. При константна брзина, таа генерално има предност, додека брзиномерот во автомобилот реагира побрзо на промените во темпото на возење.

Заклучок: Ако возите со рамномерна брзина на отворен пат, „GPS“-от често е подобар показател за вашата реална брзина. Сепак, додека возите, треба да се потпирате на брзиномерот во автомобилот и да ги почитувате ограничувањата на брзината.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата

Општина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. 

Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата

Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата.

Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег.

„Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.

Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер