Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“
1Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваВидео: Шек поради Јокиќ научил српски,воедно му подари посебен подарок!Легендарниот кошаркар Шекил О'Нил и во моментов најдобриот кошаркар во НБА лигата, центарот на Денвер, Никола Јокиќ имаа интересен разговор по натпреварот Денвер и Филаделфија. На српски јазик, О'Нил ја пофали играта на Јокиќ, кој оствари трипл-дабл во победата на Нагетс од 144:109. „Одлична работа“, изјави Шек за играта на Јокиќ. Потоа Шек го праша Јокиќ за соработката што ја има со Расел Вестбрук. - Ја сакам таа врска. Тој точно знае што мислам. Секогаш ја додава топката во вистински момент. Тој е одличен играч. Мислам дека луѓето и тимовите во кои беше претходно не го разбраа и не му дадоа шанса да биде тоа што е - рече меѓу другото Јокиќ. Шек потоа го покажа подарокот што го подготвил за српскиот центар, кого го смета за најдобар во НБА. - Како претседател на алијансата „Големиот човек“ ти направив појас, ќе ти го испратам. Ова е за тебе, брат, затоа што си шампион. Ти си убедливо најдобриот центар во лигата и тоа го сакам и те ценам. Кажете им на вашите браќа дека ги поздравувам. Овој појас е за тебе, брату - рекол О'Нил. You know @SHAQ had to hit the Joker with a message in Serbian 😂 pic.twitter.com/N7x5Lh87w8 — NBA on TNT (@NBAonTNT) January 22, 2025 Јокиќ, инаку, добро се забавуваше во текот на натпреварот, дури еден аут изведе со глава што секако досега е невидено во НБА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.По вчерашното отворање на семинарот со поздравно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, кој говореше на тема „Лидерство, визија и одговорност“, денеска програмата продолжи со предавања посветени на стратешката и ефективната политичка комуникација. Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, Луке Галески, говореше на тема „Стратешка комуникација: од политички приоритети до јасни пораки“, при што се осврна на континуираната комуникациска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, нејзината конзистентност и начинот на кој политичките приоритети се преточуваат во јасни и разбирливи пораки за граѓаните. Стратешкиот пристап во комуникацијата е еден од факторите што придонесуваат политиките и резултатите на Владата да допрат до граѓаните, а довербата што ја ужива ВМРО-ДПМНЕ е потврдена и низ најголем број од релевантните истражувања на јавното мислење. Силниот политички момент за ВМРО-ДПМНЕ е дополнителна потврда дека граѓаните препознаваат јасна политика, стабилно лидерство и доследност во исполнувањето на преземените обврски. Свое излагање имаше и Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, на тема „Ефективна комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување“. Таа се осврна на потребата политичката комуникација да не биде само пренесување на информации, туку вистинско поврзување на политиките со реалните потреби, проблеми и очекувања на граѓаните. Галески и Митева потенцираа дека клучот на успешната политичка комуникација е граѓаните навремено и јасно да ја слушнат и разберат реалноста, резултатите, одлуките и конкретните политики кои влијаат врз нивниот секојдневен живот. Ова е особено важно во услови кога опозицијата континуирано се обидува преку манипулации, извртување на факти и креирање на лажни наративи да создаде искривена слика за состојбите во државата. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на комуникација која се темели на факти, резултати и одговорност. Политиката мора да биде разбирлива за граѓаните, а комуникацијата мора да биде во функција на нивното информирање, а не на нивно манипулирање. Тридневниот семинар е насочен кон размена на знаења, искуства и идеи поврзани со современото лидерство, стратешката комуникација и доброто владеење, имајќи предвид дека успешните политики и подобрите решенија за граѓаните бараат и одговорно управување и способност тие политики јасно, навремено и ефективно да се комуницираат со јавноста. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со вложувањата во континуираното усовршување и надградување на своите членови и носители на јавна одговорност, затоа што силна политичка организација значи обединета, подготвена и компетентна структура која знае што сака да постигне, има јасна визија и знае како таа визија да ја преточи во резултати за граѓаните.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСаудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по нападиСаудиска арабија од претпазливост го затвори својот нафтовод Исток-Запад, откако пријави напади врз стратешки важната линија.Саудиското министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека нафтоводот – кој е способен да транспортира нафта од заливот до Црвеното Море, заобиколувајќи ја ефективно блокираната Ормуска теснина – бил погоден од дронови што доаѓале од Ирак. Нафтоводот, кој се протега на повеќе од 1.200 километри, наводно бил нападнат и на крајот на јули од страна на групи поврзани со Иран кои дејствуваат од Ирак. Тој доби уште поголемо значење од почетокот на американско-израелската војна со Иран, при што Ријад го користи нафтоводот за да ја пренасочи нафтата што инаку би била наменета за танкери. Првично не беа дадени детали за можната штета или за тоа кој го извршил нападот. Си-Ен-Ен, цитирајќи официјални лица од американската влада, јави дека пумпните станици лоцирани долж нафтоводот биле погодени од дронови лансирани од Ирак. Со стапка на производство од околу 10 милиони барели дневно, Саудиска Арабија е втор најголем производител на нафта во светот по САД.Тагови: Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем одзив на карпошани во акцијата „заедно за чист Карпош!“Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедницаГолем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволната акција за чистење „Заедно за чист Карпош!“, која се реализираше на повеќе локации низ Општина Карпош. Со цел акцијата да се спроведе поефикасно и да опфати повеќе јавни површини, учесниците беа организирани во три работни тимови, кои истовремено работеа на три локации: * Козле – просторот околу споменикот КЈП во Козле, спроти „Алумина“; * Лептокарија – јавните површини во ТЦ Лептокарија; * Карпош 3 – јавните површини спроти Општина Карпош. На сите три локации учесниците собираа паднати гранки, лисја и ситен отпад, со што придонесоа за уредување на јавните површини и создавање почиста и поуредна животна средина за сите жители на Карпош. Во акцијата активно учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заедно со граѓаните, советниците и општинската администрација беше дел од работните тимови и лично се вклучи во чистењето. „Заедно за чист Карпош!“ е пример за заедничка посветеност, одговорност и директна работа во интерес на граѓаните. Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедница. Општина Карпош упатува благодарност до сите карпошани кои денеска се приклучија на акцијата и со своето учество дадоа придонес кон почист, поуреден и поубав Карпош. Заедно за почист, поуреден и поубав Карпош! Општина КарпошТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook