3Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
ЗабаваВидео: Северина на баскет во елегантен фустан и екстравагантни потпетици?Балканската музичка ѕвезда Северина играше баскет во гламурозна облека, нејзините необични сандали го привлекоа вниманието.Во пресрет на концертот во Макарска, популарната Севе го привлече внимание со необично модно издание и уште понеобична локација за фотосесија. Пејачката позираше на кошаркарскиот терен во Сплит во гламурозен фустан и високи потпетици, додека игра баскет. Во видеото погледнете како изгледаше оваа необична комбинација од спорт и мода во видеото подолу. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) Тагови: Северина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПремиерата на „Идеален маж“ во ХНК Загреб дочекана со долги аплаузи и одлична реакција од публикатаСо голем успех и исклучителен интерес од публиката, на 5 јуни во HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб се одржа премиерата на претставата „Идеален маж“ според драмата на Оскар Вајлд, во режија на Александар Поповски и со музика на Кирил ЏајковскиПремиерата беше проследена со долги аплаузи и одлични реакции од публиката, која ја исполни големата сала на HNK до последно место. Претставата уште пред премиерата привлече огромно внимание и сите пет закажани изведби во текот на јуни се целосно распродадени. Претставата доби одлични критики, па така Večernji list пишува„ Пофалби за оваа продукција, која верувам дека ќе живее на сцените на нашиот национален театар уште долго време, бидејќи освен што ќе ве насмее, оваа драма ќе ве воодушеви со својата екипа, сценографија, костими, музика, светло или, едноставно кажано, со сите нејзини делови.“, додека 24sata.hr напиша дека „ Режисерот Александар Поповски донесе модерно, хумористично и многу проникливо читање на една од најпознатите драми на Оскар Вајлд. Не штедеа зборови ниту хрватски Telegram, ниту Jutarnji list каде наведоа дека претставата ја одушеви публиката и дека покажа како класиците, со квалитетна глума, можат силно да комуницираат и со денешните гледачи. „Идеален маж“ претставува ново остварување на долгогодишната и исклучително успешна соработка меѓу Александар Поповски и Кирил Џајковски, авторски тандем кој повеќе од две децении создава значајни театарски проекти на сцените низ Европа. Нивниот препознатлив уметнички јазик уште еднаш беше потврден преку современото читање на класичното дело на Оскар Вајлд, во кое темите за моќта, моралот и општественото лицемерие добиваат силна актуелност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаСДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државатаКузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси.Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој, борбата против корупцијата и европските вредности преку поширок Фронт за вистина и правда, порача портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција. Кузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси. „Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско - општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители“, рече Кузеска. Воедно, на прес-конференцијата Кузеска посочи дека со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ ја започнува новата етапа на политичко дејствување. „Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија.Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е вреднуван, а младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома.Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики“, рече Кузеска. Скопје, 08.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
СветВидео: Авион се урна на писта на аеродром во Доминиканската РепубликаАвион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во Доминиканската Република, при што загинаа пилотот и копилотот.Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во несреќата, а во авионот немаше патници, објави CNBCTV18. Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густ облак од чад како се издига над аеродромот додека пожарникарите се бореа со пожарот. Доминиканскиот институт за цивилно воздухопловство соопшти дека екипажот прогласил вонредна состојба додека авионот се наоѓал на околу 16 наутички милји југозападно од Ла Романа. Авионот се урна додека се обидувал да се врати на аеродромот. Властите потврдија дека е започната истрага за да се утврди причината за падот на „Галфстрим Г200“. WATCH: Private jet crashes while emergency landing at La Romana International Airport in Dominican Republic. pic.twitter.com/oiaEIRPjes — AZ Intel (@AZ_Intel_) June 7, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16