Видео: Сексапилната пејачка Никол Шерзингер на фановите им посака забавен викенд - Канал 5

Видео: Сексапилната пејачка Никол Шерзингер на фановите им посака забавен викенд

Поранешната пејачка на популарната група „The Pussycat Dolls“ убавата Никол Шерзингер објави видео на Инстаграм и на интересен начин на своите многубројни следбеници им посака „забавен викенд“.

Видео: Сексапилната пејачка Никол Шерзингер на фановите им посака забавен викенд

Во видеото може да се вики како Никол во друштво на својот вереник Том Еванс, и блиски пријатели, сите облечени во бикини, со интересна кореографија танцува на латино музиката.

Вниманието на јавноста секако не го привлече нивниот „талент за танцување“, туку нивните совршени тела. Секако,најкоментрирана е ставата на Никол во црно провокативно бикини.

Сексапилната пејачка инаку редовно ги воодушевува фановите на социјалните мрежи со провокативни фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција.

Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот.

Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација.

Намали брзина. Спаси живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилници

Прво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилници

Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите.

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период.

На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето.

Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот.

Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер