АвтомобилизамВидео: Се продава „Land Rover“ кој и припаѓал лично на англиската кралицаСе продава „Land Rover“ со единствена историја - го возела англиската кралица Елизабета Втора.Станува збор за модел кој компанијата „Special Vehicle Operations“ го дизајнираше специјално за кралицата, а иако е од 2004 година, има модификации кои не би ги очекувале кај стандардните возила на „Land Rover“. Така, секоја задна врата има два прекинувачи за прозорци, така што патникот може да ги контролира без да се поместува. Исто така, има рачки кои го олеснуваат влегувањето и излегувањето на патниците од автомобилот. Автомобилот е обоен во „Epsom“ зелена боја, а внатрешноста е во нијанса „Sand Hide“, додека седиштата се заштитени со тапацир, а багажникот е модифициран за кучиња, па од предниот дел е одвоен со кафез. Автомобилот првпат е регистриран во 2004 година во Велика Британија, редовно се сервисирал, а последен пат во јули. Има поминато околу 180.000 километри, а го придвижува 4,4-литарски мотор кој е доволен за моќност од 282 КС. Автомобилот ќе се продава на аукција од 11 ноември. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
АвтомобилизамЕлектричен „Bentley“ – прва фотографија и датум на премиера!„Bentley“ официјално потврди дека наскоро ќе го претстави својот прв целосно електричен автомобил.Луксузниот британски производител, кој работи во рамките на „Volkswagen Group“, ја објави првата тизер фотографија од моделот „Torcal“, чија светска премиера е закажана за 23 септември во Лондон. Извршниот директор на компанијата, Франк-Штефен Валисер, изјави дека новиот модел ќе постави „исклучително високи стандарди во сите области што се важни за клиентите“ и додаде дека „Torcal“ може да биде „највнимателно дизајнираниот „Bentley“ во историјата на компанијата“. „Torcal“ ќе им се придружи на моделите „Bentayga“, „Bacalar“ и „Batur“ во понудата на производителот. Како и другите модели, тој е именуван по природна знаменитост, карпестата формација „El Torcal de Antequera“ во Шпанија, а во исто време претставува алузија на зборот за вртежен момент. „Bentley“ го објави развојот на електричен „SUV“ модел уште во 2021 година, а „Torcal“ претставува реализација на тој план. View this post on Instagram A post shared by Bentley Motors (@bentleymotors) Прототип на новиот модел веќе е виден за време на зимските тестирања во Арктичкиот круг, каде што откри силуета на фастбек инспирирана од минатогодишниот концепт „EXP 15“. Автомобилот подоцна беше забележан на познатата патека Нирбургринг во Германија, со камуфлажа што го криеше финалниот дизајн. Шпионските фотографии потоа открија дел од ентериерот, вклучувајќи црвена кожа, црна алкантара, голем закривен екран и задржани физички контроли за одредени функции. „Bentley“ вели дека ќе објави нови детали за моделот „Torcal“ во наредните недели, до официјалната премиера. „Иако носи сосема нов концепт, Torcal останува верен на традицијата на Bentley, комбинирајќи ја врвната изработка и перформансите што го дефинираат нашиот бренд од 1919 година“, соопшти компанијата. Извор: Б92Тагови: Bentley Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПреку едукативна боенка најмладите ќе учат за знаменитостите на Општина Кисела ВодаСтанува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода.Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во детската градинка „8 Март“ во населбата Расадник присуствуваше на промоцијата на новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во општината. Станува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода. На страниците на оваа боенка се илустрирани голем број препознатливи локалитети, меѓу кои излетничкото место Три Круши, Домот на културата, Паркот на шахот, рекреативниот центар Пеленица и многу други значајни места за општината. Боенката е изработена по иницијатива на градоначалничката од страна на Одделението за предучилишно воспитание при Општина Кисела Вода, а ќе им биде поделена на сите дечиња од големите групи во сите детски градинки на територијата на општината. -Целта на оваа иницијатива е од најрана возраст да им ги доближиме на децата убавините, знаменитостите и културата на нашата Кисела Вода. Преку боењето на овие локалитети тие не само што ја развиваат својата креативност и моторика, туку и учат да го сакаат своето родно место. Голема благодарност до Одделението за предучилишно воспитание кое ја преточи оваа идеја во прекрасно дело. Нашата грижа и вложување во најмладите остануваат наш врвен приоритет- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин ги отфрла повиците за мировни преговори, се подготвува за нови офанзивиСпоред нив, неодамнешните украински напади врз руски рафинерии и пристаништа дополнително ја зацврстиле неговата одлука, а постои и можност за ескалација на конфликтот во наредните месеци.Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повиците за мировни преговори со Украина и е решен да ја продолжи воената кампања, велат извори од Кремљ за Ројтерс. Коментарите доаѓаат откако Трамп во понеделникот изјави дека Путин сакал војната да заврши и дека решението е „поблиску отколку што луѓето сфаќаат“. Трамп минатата недела имаше одделни телефонски разговори со Путин и Зеленски. Тој се сретна со Зеленски на самитот на НАТО во средата каде што украинскиот претседател рече дека разговарале за „идеи за приближување на мирот“. Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков соопшти дека Русија е подготвена за „мирно решение“, но ќе ја продолжи, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ доколку нејзините услови не бидат исполнети. Во меѓувреме, украински претставници предупредуваат дека Москва се подготвува за нови офанзиви, додека западни аналитичари оценуваат дека евентуална ескалација би можела дополнително да ги зголеми тензиите меѓу Русија и НАТО.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter