Видео: Сан Франциско се претвори во Готам Сити да исполни желба на болно детенце! - Канал 5

Видео: Сан Франциско се претвори во Готам Сити да исполни желба на болно детенце!

Кога 5 годишниот Мајлс Скот од околината на Орегон кој 4 години се бори со леукемијата, го прашале која е неговата желба рекол - сакам да бидам Бет -дете. Целиот Сан Франциско се крена на нозе и се претвори во градот од стрипот за деца, за да му ја исполни желбата на Мајлс.

Се разбира, тој стана Бет - детето кое успеа да ги избрка лошите од градот. Полицијата го повикуваше да му пријави кражба а тој го фати крадецот, спаси и дама во неволја и беше вистински мал суперхерој. Илјадници го храбреа во неговите подвизи по улиците на Готам Сити.

There's not a moment to lose! Batkid and Batman run back to their Batmobile after saving the damsel in distress


Детенцето го фати крадецот а потоа брзаше да ја спаси дамата во неволја.


We need your help, Batkid! A damsel in distress is tied to tracks in San Francisco by the Riddler


Таа пак од благодарност што ја спасил не можеше да престане да го гушка.


Bosh! The damsel in distress did not hold back her thanks


Но Бет - детето немаше време за губење, трчаше со Бетмен во нова задача!


There's not a moment to lose! Batkid and Batman run back to their Batmobile after saving the damsel in distress


- Исполнувањето на оваа желба значи заокружување на еден период од над 3 години во кој го полневме телото на нашето дете со токсични лекови - рече неговата мајка Натали.

Следниот ден дури беше и дистрибиуран весникот „ Готам сити кроникл“ во 1000 примероци со вест на насловна со наслов „Бет детето го спаси градот“.

Сето ова го организираше фондацијата „Make-A-Wish Foundation“ а Сан Франциско се претвори во град од стрип да развесели едно болно дете.

Ете затоа, Сан Франциско е најдобриот град на светот!

Дури и претседателот на САД му честиташе на Бетмен детето што го спаси Готам.

YouTube video


Сите подвизи на Мајлс беа пренесувани на ТВ во живо. Погледнете!

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР.

Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично.

Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци.

Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени.

Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи

ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи

ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200.

Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Извештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.

Извештајот на ЕК  пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер