Видео: „Самсунг“ го претстави роботот „Бејли“ - Канал 5

Видео: „Самсунг“ го претстави роботот „Бејли“

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг“ (Samsung) првично го претстави „роботот-придружник“ „Бејли“ на почетокот на 2020 година. Но, тој допрва треба да стане производ што ќе може да се купи.

Видео: „Самсунг“ го претстави роботот „Бејли“

Според новите наводи, ова лето конечно ќе биде достапен во САД и Јужна Кореја. На почетокот на овој месец, имено, беше објавено и трелер-видео, а компанијата потврди дека „Бејли“ доаѓа со вграден асистент со вештачка интелигенција - „Џемини“ (Gemini) на „Гугл“ (Google).

- Во ова партнерство, „Самсунг“ и „Гугл клауд“ ја преобмислуваат улогата на ВИ-технологијата во домот. Со спојување на моќното мултимодално размислување на „Џемини“ со способностите на ВИ на „Самсунг“ во „Бејли“, ние ја користиме моќта на отворената соработка за да ја отклучиме новата ера на персонализирано дружење со ВИ - онаа којашто се движи со корисниците и ги предвидува нивните потреби повеќе од кога и да е!, изјави Јонгјае Ким, извршен потпретседател на бизнисот со визуелни дисплеи во „Самсунг“.

Извршниот директор на „Гугл клауд“, Томас Куријан вели дека „Самсунг“ и „Џемини“ го демонстрираат распоредувањето на генеративната вештачка интелигенција.

- Ја вградивме директно во нашите популарни производи. Ова проширено партнерство со

„Самсунг“ ја нагласува нашата посветеност да испорачаме доверлива ВИ-технологија со долгорочна вредност за нашите клиенти и нивните клиенти, изјави Куријан.

YouTube video

Вештачкоинтелигентниот робот „Бејли“ ќе ги користи мултимодалните способности на „Џемини“ и јазичните модели на „Самсунг“. На овој начин, тие ќе можат да го прилагодат своето однесување и одговори во реално време. Тоа би можело да им помогне на сопствениците на еден дом, околу нивното здравје благосостојба итн. Цената е сè уште непозната, но „Бејли“, според познавачите, дефинитивно нема да биде евтин.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост

За аферата во ФФМ предмалку со соопштение се огласија од Кривичниот суд од каде потврдија дека завршиле исказите на осомничените за случајот

Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост

Од спроведени 12 лица, мерка притвор добиле три лица, 5 одат во куќен, за четворица се определени мерки за претпазливост, додека 5 лица се сѐ уште недостапни за органите.

Според истите информации меѓу оние кои оди во ефективен притвор е и поранешниот претседател на ффм, Илчо Ѓорѓиоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнаа разговорите за реконструкција на Владата

Започнаа разговорите за најавената реконструкција на Владата.

Почнаа разговорите за реконструкција на Владата

Средбата се одржуваше зад затворени врати, а конкретни детали за содржината на разговорите засега не се откриваат. И од Владата и од ВЛЕН велат дека процесот се уште е во рана фаза и станува збор за чувствителни разговори. Според информации на Канал 5, на првичните состаноци ќе се утврдуваат принципите врз кои ќе се спроведе реконструкцијата, по што ќе следуваат разговори за конкретните кадровски решенија. Од Владата порачуваат дека нема да има толеранција за функционери кои отстапуваат од принципите на работата.

„Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана. Она што во моментов останува непроменета позиција и јасен принцип на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се пораките што тој ги упати на одбележувањето на 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Тој нагласи дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапување од принципите врз кои се темели работата на Владата, без разлика на функцијата што некој ја извршува.“, велат од Владата.

За утре пак, е најавена средба меѓу премиерот Мицкоски и коалицискиот партнер ЗНАМ, што во гостувањето во „Само интервју“ го потврди и министерот за јавна администрација Горан Минчев. Тој рече дека од премиерот најнапред ќе побараат информација за обемот на реконструкцијата што се планира, но и дека ЗНАМ веќе изготвила детална евалуација на двегодишното работење на своите функционери, која покажала дека тие успешно ги извршувале задачите.

Веќе извесен период се шпекулира дека Мицкоски ќе се заблагодари на дел од министрите од ВМРО-ДПМНЕ, додека кај одредени ресори се можни рокади со коалициските партнери. Се споменуваат имињата на Ристовски, Љутков и Јаневска. Кај ВРЕДИ, по оставката на Фетаи и разидувањата на Лимани, можни се промени во ресорите и кадровски прераспределби, вклучително и рокада меѓу министрите Сали и Алиу. Неофицијално Неизвесни се и позициите на Филков, а под знак прашалник е и ресорот за добро владеење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба на чекор до најголемите економски реформи од револуцијата на Фидел Кастро

Кубанскиот премиер, Мануел Мареро Круз, во парламентот претставил пакет од 175 економски мерки што предвидуваат широка приватизација на делови од социјалистичката економија.

Куба на чекор до најголемите економски реформи од револуцијата на Фидел Кастро

Кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите се итни и неопходни поради засилените санции од САД.

Предложените мерки предвидуваат отворање на градежниот сектор за приватни компании, трансформација на државните претпријатија во акционерски друштва и дозвола за влез на приватни банки во финансискиот сектор кој досега беше речиси целосно под државна контрола.

Покрај тоа, се планира значително намалување на административните и бирократските пречки за приватните компании и претприемачите. доколку бидат одобрени и спроведени, реформите би биле најголемата промена на економскиот модел на куба од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година и значаен чекор кон пазарно ориентирана економија. Засилените санкции на администрацијата на Трамп дополнително ја влошија економската состојба во Куба, предизвикувајќи недостиг на гориво, пад на туризмот, прекини во снабдувањето со електрична енергија, висока инфлација и недостиг од вода и лекови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер