Видео: Русија прави ново летечко чудо, нов невидлив бомбардер - Канал 5

Видео: Русија прави ново летечко чудо, нов невидлив бомбардер

Русија започнала нова фаза на развој ба ПК ДА, најсовремениот стратешки бомбардер- носач на ракети. Карактеристиките на новиот авион се чуваа во најголема тајност. 

Видео: Русија прави ново летечко чудо, нов невидлив бомбардер

Новиот бомбардер ќе биде дел од руската „нуклеарна тријада“.

Според руските медиуми сериското производство на перспективниот воздухопловен систем со долг домет- ПАК ДА, кој се нарекува и руски стелт бомбардер ќе започне во 2027 година.

На конструкција на перспективниот стратешки бомбардер од новата генерација ПАК ДА со фабричка ознака „производ 80“ работи компанијата за производство на авиони „Тупољев“ . Проектот не преставува модернизација на постоечки авион, туку производство на нов авион.

Прв пат новиот бомбардер ќе полета за време на фабричките тестирања. Прелиминарните тестирања на новиот авион ќе започнат во 2023 година, што подразбира тестирања во основните режими на работа, за што ќе бидат потребни 50 до 100 лета во период од околу една година. Потоа ќе следува државно тестирање, при кои ќе биде проверено апсолутно се – работа на различни температури, височини, брзини....

Познато е дека новиот бомбардер ќе биде направен со примена на стелт технологијата и ќе биде скоро невидлив за непријателските радари.

Руските медиуми наведуваат дека прво ќе се произведат три бомбардери од шестата генерација, кои ќе имаат по четири членови на екипажот.

Покрај конвенционалното и нуклеарно вооружување ПАК ДА ќе може да се вооружи и со хиперсонично оружје и ракети воздух – воздух. Авионот ќе може да носи и многу поголем товар од неговите претходници и да погодува стратешки значајни непријателски цели на оддалеченост од неколку илјади километри.

Новиот бомбардер ќе има долет без дополнување на гориво како ниту еден бомбардер претходно.

„Белиот лебед“ авионот Ту – 160 , кој е еден од авионите кои ќе бидат заменети од новиот ПАК Да , најголемиот суперсоничен авион на светот има долет од 14000 километри без дополнување на гориво. Развива брзина од 2200 километри на час и на непријателот може да му „испорача“ 44 тони бомби и ракети што е апсолутен рекорд. Новиот руски бомбардер ќе ги надмине овие рекорди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени

Демант на градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на наводите изнесени во јавноста.

Ѓорѓиевски: Здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени

„Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата.

Но очигледно дека новата хистерија на СДС, по таа со скопската вода, е оваа за комарците.

Без проблем, јас и за ова сум спремен да дебатирам.

[🔙] Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен страв околу безбедноста на водата во Скопје.

Денес повторно гледаме обид една сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка.

[🫵] Да бидеме јасни, западно-нилската треска не е нов вирус и не е проблем кој постои само во Скопје или Македонија.

[📜] Според извештајот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, локално стекнати случаи се регистрирани во повеќе европски земји.

Во нашето непосредно соседство случаи има во Грција и Србија, како и во Косово.

Светската здравствена организација јасно посочува дека западно-нилскиот вирус одамна циркулира во Европа.

[✔️] Затоа, на граѓаните им должиме информации и превенција, а не политичка хистерија.

[🫵] А кога веќе СДС отвора тема за тоа кој, кога и колку прскал против комарци, добро е да ја освежиме меморијата со датумите.

[❗️] Во 2018 година, кога со Град Скопје раководеше тогашната власт на СДС, првата терестрична дезинсекција против комарци започнала дури на 3 јули и траела до 7 јули, додека првото авионско прскање било организирано на 7 и 8 јули. Практично, првите сериозни активности започнале длабоко во летната сезона.

Во 2026 година, пак, активностите започнаа уште на 7 мај.

[🗓️] Или по датуми:

Дезинсекција против ларви:

- 7 мај - авионска дезинсекција

- 11 јуни - авионска дезинсекција

- 26 јуни - теренска дезинсекција

- 10 јули - авионска дезинсекција

- 23 јули - теренска дезинсекција

- 11 август - теренска дезинсекција

- 18 август - теренска дезинсекција

Дезинсекција против комарци:

- 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција

- 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција

- 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција

- 13 и 15 јули - теренска дезинсекција

- 30 и 31 јули - авионска дезинсекција

- 4 и 6 август - теренска дезинсекција

[☝️] Дополнително, веќе закажани се дезинсекции за четврток и петок авионски, а од недела до среда теренски.

[❗️] Сите активности се спроведуваат согласно годишната програма, законските обврски и елаборатот на Центарот за јавно здравје - Скопје, како и препораките од Министерството за здравство и европската регулатива.

Тоа се фактите.

Јавното здравје не се штити со прес-конференции.

Не се штити со создавање страв.

Не се штити со политички сензации.

Се штити со системска работа, континуирана превенција, стручни препораки и навремени активности на терен.

[🫵] Затоа, наместо натпревар во тоа кој ќе произведе поголема паника, очекувам од сите политички субјекти минимум одговорност кога зборуваат за здравјето на луѓето.

И навистина ме зачудува недостатокот на образ кај луѓе кои под неразјаснети околности се нашле во политиката.

[🌇] Град Скопје ќе продолжи со третманите согласно стручните препораки и утврдената динамика, а јавноста ќе биде навремено информирана за секоја наредна активност.

А СДС, најверојатно ќе продолжи од секоја трагедија да се обидува да собере ситни поени бидејќи на друг начин не можат да бидат актуелни.

[❤️] Здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени.

[😉] А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден.“- стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мацинка: Приоритет на чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Европската Унија има голем интерес за проширувањето, членството на Македонија е и во приоритетите на Чешка, уверува шефот на дипломатијата на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со македонскиот министер Тимчо Муцунски во Охрид. 

Мацинка: Приоритет на чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Тој изјави дека се пријателска држава на земјава и се подготвени и да помогнат во дијалогот со Бугарија за да се најде решение прифатливо за сите страни со цел да се деблокира европскиот пат. Мацинка потенцираше дека ова прашање не може да се третира како билатерален спор.

„ Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, туку врз основа на заклучоците на Европскиот совет од 2022 година, тоа стана мултилатерално прашање кое веќе не е прашање меѓу две земји, туку на сите земји на ЕУ. Претпоставувам дека и од страна на Европската Унија, или подобро да кажам, знам дека постои голем интерес за проширување и заради тоа во интерес на ЕУ мора овие последни пречки да се отстранат. “ Петр Мацинка – министер за надворешни работи на Чешка.

Министерот за надворешни работи Муцунски и во оваа прилика ги повтори црвените линии од кои уверува дека владата нема да отстапи, и кажа дека Македонија очекува напредокот да се вреднува според испорачаните реформи но и да се почитуваат европските критериуми. Процесот треба да е предвидлив, интеграцијата на Западен Балкан е важна и од аспект на безбедноста и стабилноста, вели Муцунски.

„ Ние за прашања поврзани со историја, идентитет, јазик, култура, не сме подготвени да преговараме. Како прво тоа ги нарушува нашите права, основни човекови права како луѓе и граѓани на оваа држава. Но, исто така сметаме дека прашањата од таква природа не се европска вредност или критериум, туку се суверени права на секоја земја, вклучително и суверени права на земјите-членки на Европската Унија. “Тимчо Муцунски – министер на надворешни работи на Македонија.

Муцунски и Мацинка имаа тет-а-тет средба, како и билатерален состанок меѓу делегациите. Чешка се смета за една од 15 најзначајни трговски партнери, а според најавите од министерите, се планира продлабочување на соработката во економијата, образованието, културата, како и политичкиот дијалог меѓу двете земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири активни пожари – прилепско Чаниште е безбедно, огнот се движи кон мариовско

Неуморната борба со најголемиот пожар на отворен простор продолжува и попладнево, сувата трева гори со брзина на барут кон прилепското село Крушевица.

Четири активни пожари – прилепско Чаниште е безбедно, огнот се движи кон мариовско

Веднаш по изгревање на сонцето, пожарникарите добија помош и од воздух, полетаа ер – тракторите, полицискиот хеликоптер по неколку клучни маневри со вода од монтажниот базен е повлечен за да не дојде до распламтување на огнот од перките.

Драматичната битка за спас на селото почна уште синоќа, и трае во текот на целата ноќќ...

Атмосфера – ноќно гаснење

За среќа, опасност по населените места нема, уверува директорот на ДЗС – Стојанче Ангелов. Во опожарената област има и три манастири кои се целосно обезбедени со контролиран оган и заштитни појаси.

-Значи ветрот кој еве сега дува, погледнете не принудува да се повлекуваме, за неколку секунди се се смени, од една релативно мирна атмосфера во овој брз наплив на оган, ќе мора да дејствуваме странично. Еден голем апел до граѓаните, една голема молба, ве молам внимавајте, доволна е искра за ваква кататстрофа. Ова е најголем пожар ова лето на отворен простор,-Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС.

Пожарот во прилепското С. Чаниште кој им зададе сериозна мака на пожарникарите, и во кој изгореа неколку стари и напуштени куќи е под контрола, како и оној кај тетовско Јегуновце. Поинтензивен останува кај Студеничани, а по неколку дена, се уште создава проблеми пожарот кај Македонски Брод.

-Активен е и пожарот кај Студеничани, високо во планината, повеќе чади, отколку што гори, исто така поголема површина, и останува уште еден активен пожар, тоа е пожарот кај Македонски брод, кој што е прилично под совладан. Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС.

Сите лица на терен кои учествуваат во гаснењето се во добра здравствена состојба, а единствениот регистриран инцидент од претходниот ден е повреден работник кој управувал со багер, но и тој е во добра состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер