Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
2Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
3„Renault“ подготвува одговор на „Volkswagen“: „R4“ и „R5“ добиваат поголема моќност и поголем дострел
ФудбалВидео: Роналдо против несовладаниот голман-роботЕден од најдобрите светски фудбалери во историјата, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо се соочи со многу тешка пречка на голот за време на тренингот на португалската репрезентација - наводно несовладлив робот-голман. „Непобедливиот“ голман робот беше соочен со еден од најголемите фудбалери во историјата од страна на јутјуберот Марк Робер. Роналдо му шутираше пенали на роботот голманот, кој се движи по гол-линијата, „чудниот голман“ ги одбрани скоро сите пенали на Кристијано. Тој се обиде со високи и ниски шутеви, во аглите и низ средината, сепак, роботот го прочита секој негов потег и одбрани. На почетокот, роботот изгледаше несовладлив, дури и за фудбалерот кој има постигнато фантастични 954 гола. Но, потоа јутјуберот Робер го советуваше Роналдо да шутира кон единствениот дел од голот што роботот не може да го покрие - просторот до стативата, во аголот кај што се соединуваат пречката и стативата Роналдо го послуша советот и неочекувано несовладаниот голман робот, капитулираше, што веднаш со воодушевување беше поздравено од соиграчите на Роналдо, кои со голем интерес го следеа неговиот дуел со роботот. „Интелигенцијата на Роналдо ја победи наводно непобедливата машина“, напиша Марка. Видеото со пеналите на Роналдо може да ги погледнете на следниот линк. https://www.marca.com/futbol/2025/11/29/truco-cristiano-vencer-portero-robot-inteligencia-luso-derroto-maquina-imbatibl-video.htmlТагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај ГерманијаНоќ на изненадувања на 23 Светско фудбалско првенство. Елиминирани фаворитите за висок пласман, Германија и Холандија.Светскиот шампион од Бразил, силната Германија уште на стартот на елиминациската фаза го заврши своето учество на Мундијалот во САД, Канада и Мекдсико, слична судбина доживеа и фаворизираната Холандија. Популарните панцири, во елиминациската рунда се декласирани од незгодниот Парагвај на панели откако во регуларниот тек дуелот заврши без победник 1-1. Во пенал рулет е елиминирана и селекцијата на Холандија. Фудбалерите на Мароко се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство со победа над Холандија по подобро изведување на пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши со 1:1истиот епилог беше и по двете продолженија од по 15 минути, за потоа во пенал рулетот африканската репрезентација да извојува голема победа со 3-2. Во осминафиналето Мароко ќе игра против еден од кодомаќините на Мундијалот, тимот на Канада.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилностСончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт Најдобрата тенисерка на Македонија Лина Ѓорческа денеска отвора нова страница во историјата на нашиот спорт. Ѓорческа точно на пладне во 12 часот го игра првиот меч за една македонска тенисерка на Грен слем турнир, и тоа меч на легендарниот Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис. Противничка на Лина е минатогодишната финалистка, шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова. На патот кон најголемиот светески турнир, Ѓорческа во квалификациите извојува три големи победи,против Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0,потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 за на крајот Лина да биде подобра и од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (6-1 6-2). На Лина и посакуваме успех и во денешниот историски меч за продолжување на сонот, успешен настап на Грен слемот во Вимблдон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09