МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
2МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
ЗабаваВидео: Рибар доби удар во меѓуножјето од уловената рибаРибарите често сакаат добриот улов да го овековечат со добра фотографија, но некогаш тоа не завршува добро по нив, коко што може да се виде на овој пример.На Инстаграм се појави снимка од човек кои со широка насмевка позира држејќи ја во рака рибата која ја уловил, за само неколку секоунди подоцна да започне да се витка од болки поради ударот кој ќе му го зададе рибата во меѓуножјето. Снимката за неколку дена ја погледнале околу 400.000 луѓе а судејќи по коментарите многумина и ги насмевнала. View this post on Instagram A post shared by THEQUALIFIEDCAPTAIN (@thequalifiedcaptain) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКети Пери и Трудо уживаат на Јадран Светската музичка ѕвезда Кети Пери и нејзиното момче, екс канадскиот премиер Џастин Трудо по луксузниот одмор во Сен Тропе, Кети Пери и Џастин Трудо пристигнаа во Котор, каде што го привлекоа вниманието на минувачите и обожавателите.Американската музичка ѕвезда Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо го продолжија својот одмор на Јадранот. По посетата на луксузниот Сен Тропе, тие пристигнаа во Котор, каде што сепак не успеаја да поминат целосно незабележани. Снимки од познатиот пар беа споделени на социјалните мрежи, а според корисниците, Кети Пери се обидела да избегне внимание носејќи марама и очила за сонце, за случајните минувачи веднаш да не ја препознаат. Сепак, нивното пристигнување брзо привлече внимание, а снимката предизвика бројни реакции во јавноста. „Реално, никој не би ја препознал“ и „Станавме атрактивна дестинација“ се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи кои реагираа на нивното пристигнување во Котор. Кети Пери и Џастин Трудо претходно беа забележани во Сен Тропе, Франција, а нивниот однос со месеци го привлекува вниманието на светските медиуми. https://www.instagram.com/reel/DboGSEsMQN9/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading Гласините за нивната врска почнаа да кружат во јули 2025 година, кога првпат беа видени заедно на вечера во Монтреал.Тагови: Кети Пери Џастин Трудо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердувиСветската музичка ѕвезда Ријана повторно блесна на карневалот во нејзиниот роден Барбадос, појавувајќи се во спектакуларен костим украсен со скапоцени камења и пердуви. Креацијата е дело на нејзината долгогодишна соработничка, Лорен Остин. Иако во последно време ретко се појавува на црвениот тепих, 38-годишната пејачка привлече големо внимание на парадата „Гранд Кадумент“ (Grand Kadooment) во Барбадос, со која беше заокружен традиционалниот карипски фестивал „Кроп Овер“ (Crop Over). Веднаш по нејзиното појавување, социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии од пејачката во раскошната креација, која беше специјално изработена за оваа прослава. Ријана носеше впечатлив костим украсен со накит и реси, кој дополнително ја истакнуваше нејзината фигура. Според списанието „Вог“, таа се придружи на групата на нејзиниот брат наречена „Аура“, а за нејзиниот изглед се погрижи локалниот дизајнер Лорен Остин. Посебен впечаток оставија големиот украс за глава со шарени детали и накит, како и раскошната опашка од пердуви што се спушташе сè до земјата. Лорен Остин, кој уште од 2013 година изработува карневалски костими за пејачката, претходно за „Вог“ изјави дека Ријана има смел и впечатлив моден стил. – Таа не се плаши да носи што сака и кога сака – рече дизајнерот. Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРеките во Хрватска на историски ниски нивоаХрватска е зафатена од силен топлотен бран кој, во комбинација со долготрајната суша, ги спушти водостоите на реките на историски ниски нивоа и почна да предизвикува проблеми во енергетскиот сектор, пловидбата и водоснабдувањето. Поради високите температури на реката Сава, Нуклеарната централа „Кршко“ ќе го намали производството на електрична енергија за 20 проценти. На истокот од земјата, реките Дунав и Драва достигнаа рекордно ниски водостои. „Хрватски води“ предупредуваат дека реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин би можеле да пресушат во наредните денови. Ниските водостои веќе ја попречуваат пловидбата, го запреа фериботскиот сообраќај кај Оборово и предизвикуваат проблеми за рибниците и за делови од системот за водоснабдување во Славонија и Далмација. ДХМЗ издаде црвено предупредување за екстремни горештини за цела Хрватска за денес и утре, додека метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ предвидува дека температурите на истокот од земјата до утре би можеле да достигнат и до 42°C.Тагови: реки Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08