ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
СветВидео: Регистриран силен земјотрес во регионот на ИстанбулСилен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Иако првите информации велат дека ударот бил 5,9 степени според Рихтеровата скала, се појавија нови информации дека потресот бил 6,1 степени според Рихтеровата скала, се стресе и Грција со 3,9 степени според Рихтеровата скала, се работи за серија земјотреси. #sondakika istanbul’da meydana gelen 6.2 depremin görüntüleri çok kötü sallanmış. #deprem #silivri pic.twitter.com/fdRYbeHVot — Serdar (@SZmedya) April 23, 2025 Според информациите, епицентарот на земјотресот во Турција бил на длабочина од 12 километри, во Мраморното Море, западно од Босфорот, пишува Танјуг. #BREAKING #TURKIYE #TURKEY #TURQUIA #ISTANBUL Another 📹 🔴 TURKIYE :📹MOMENT POWERFUL EARTHQUAKE MAGNITUDE 6.1 HIT NEAR SILIVRI DISTRICT IN ISTANBUL Depth :6.9 km- Marmara Sea. Felt in several cities around the Marmara Sea.#Ultimahora #Earthquake #Sismo #Terremoto #Deprem pic.twitter.com/rZVIUX6lUV — LW World News 🌏 (@LoveWorld_Peopl) April 23, 2025 Според првичните информации, во Истанбул се треселе згради, пренесува Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница во Тетово.Откако 5 години предметот за модуларната болница во Тетово се чуваше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, во која животите ги изгубија 14 лица, Венко Филипче, како тогашен министер за здравство, не беше повикан ниту на разговор. За да биде појасно што се случувало, треба да се потсетиме дека модуларните болници биле поставувани без соодветен надзор, без одобренија од општините и без одобрение од надлежното министерство, односно спротивно на правилата предвидени со Законот за градење. Филипче склучил анекс на договорот со фирмата која ги поставувала модуларните болници, со што цената била зголемена за 20%. Овој случај, во кој 14 луѓе го загубија животот, Абази го затвори со тоа што го спаси Венко Филипче. A што станува со измените на Законот за градење, за отсуството на елаборат за електрична енергија, како и за недостатокот на основни технички спецификации? Досега, условни затворски казни добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, додека и самата болница како правно лице беше парично казнета. Но, Абази оценил дека нема основ за одговорност од Венко Филипче. Очигледно за Абази не биле доволни документите и вештачењата за да се отвори постапка против Филипче. Па така, не е ни чудно што Филипче со потсмев ја поздравува оваа одлука, затоа што Абази си ја заврши задачата за која беше поставен во време на СДС, а тоа е да аргати за Заев, Филипче и Ахмети. Секако, се појават нови докази, постапката за истото дело може повторно да биде отворена. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДемант: Собранието не плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработенитеСобранието на Република Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба.Во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се пласираат информации и се создава впечаток дека Собранието на Република Македонија обезбедува и плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба, ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите. Собранието на Република Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба. Постапката на која се повикуваат медиумските објави се однесува на обезбедување систематски, односно превентивни здравствени прегледи, кои претставуваат законска обврска на работодавачот, а не дополнително или приватно здравствено осигурување. Согласно член 22 став (1) од Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Оваа законска обврска не се однесува само на Собранието, туку се применува на работодавачите во јавниот и во приватниот сектор, согласно одредбите на Законот. Видот, начинот и обемот на овие прегледи дополнително се уредени со Уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените, донесена врз основа на член 22 од Законот за безбедност и здравје при работа. Прегледите ги врши овластена здравствена установа од областа на медицината на трудот. Оттука, јавната набавка што ја спроведува Собранието е за конкретни здравствени и превентивни прегледи во рамки на систематскиот преглед, а не за набавка на полиси за приватно здравствено осигурување. Станува збор за две суштински различни категории. Приватното здравствено осигурување подразбира склучување осигурителна полиса со осигурително друштво со која на осигурените лица им се покриваат определени здравствени услуги во согласност со условите на полисата. Собранието нема склучено такво осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба. Во конкретниот случај се работи за јавна набавка на здравствени услуги за реализација на систематски преглед, кој Собранието, како институција и работодавач, е должно да го обезбеди согласно законските прописи. Дополнително, ваквите систематски прегледи не претставуваат нова практика или новововедена привилегија. Собранието и во претходните години спроведувало постапки за набавка на превентивни здравствени прегледи, токму заради исполнување на обврските што произлегуваат од прописите за безбедност и здравје при работа. Собранието во целост ја почитува слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана и да ги анализира начините на трошење на буџетските средства. Истовремено, очекуваме информациите што се однесуваат на работата на Собранието да бидат презентирани точно, целосно и со јасно разграничување меѓу факти и интерпретации. Уште еднаш потенцираме, Собранието на Република Македонија не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба. Станува збор за систематски и превентивни здравствени прегледи кои се спроведуваат согласно законска обврска на работодавачот. Апелираме до медиумите што ја пренесоа неточната или непрецизно формулирана информација да го објават овој демант и да извршат соодветна корекција на содржините со цел јавноста да биде правилно и целосно информирана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРСБСП: „БЕЗБЕДЕН ГРАД – за безбедни учесници во сообраќајот“РСБСП со превентивна кампања за поголема сообраќајна безбедност и поддршка на системот „Безбеден град“.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП, во соработка со Министерството за внатрешни работи, Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата и другите релевантни партнери, ја реализира сообраќајно-превентивна кампања „БЕЗБЕДЕН ГРАД – за безбедни учесници во сообраќајот“. Kампањата е насочена кон информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот, а особено на возачите на моторни возила, за начинот на функционирање на системот „Безбеден град“, неговата улога во откривањето и санкционирањето на сообраќајните прекршоци, како и за правата и обврските на учесниците во сообраќајот чии прекршоци ќе бидат регистрирани со технички средства и уреди за снимање. „Безбеден град“ претставува значаен исчекор кон современ, поефикасен и пообјективен систем на контрола на сообраќајот, во кој примената на современите техничко-технолошки решенија придонесува за навремено откривање на однесувањата со кои се загрозува безбедноста на патиштата. Системот овозможува регистрирање на прекршоци, меѓу кои непочитување на пропишаната брзина на движење, поминување на црвено светло, управување возило со истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање, со можност опфатот на прекршоците во иднина дополнително да се проширува. Неговата примена придонесува кон поголема објективност, неселективност и ефикасност во постапувањето, со намалување на влијанието на човечкиот фактор при идентификувањето и документирањето на сообраќајните прекршоци. Целта, сепак, не е да се санкционираат што е можно поголем број возачи. Целта е што помалку прекршоци, што помалку сообраќајни незгоди и што повеќе спасени човечки животи. Во тој контекст, кампањата има јасна и силна порака: безбедноста во сообраќајот не се гради само со санкции, туку пред сè со одговорност, почитување на правилата и свест дека секое неодговорно однесување може да има неповратни последици. Посебен сегмент од кампањата ќе биде реализиран на граничните премини при влез во Република С. Македонија, каде што возачите на моторни возила, вклучително и возачите на возила со странски регистарски ознаки, ќе добиваат информации и едукативни материјали за системот „Безбеден град“, неговата примена и обврските за почитување на сообраќајните правила. РСБСП упатува јасен апел до сите учесници во сообраќајот: Почитувајте ги правилата. Почитувајте ги сообраќајните знаци. Почитувајте ги другите учесници во сообраќајот. „Безбеден град“ не треба да биде причина да возиме внимателно само затоа што можеме да бидеме санкционирани, треба да биде потсетник дека внимателното и одговорно однесување е наша лична и општествена обврска. Системот може да го регистрира прекршокот. Но, одлуката да не го направиме – ја носиме ние. Со заедничко, одговорно и дисциплинирано однесување можеме да создадеме побезбедни улици, побезбедни градови и побезбедни патишта. БЕЗБЕДЕН ГРАД – ЗА БЕЗБЕДНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ. ЗА ПОМАЛКУ ПРЕКРШОЦИ. ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ. ЗА ПОВЕЌЕ СПАСЕНИ ЖИВОТИ. ЗАТОА ШТО СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН. Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30