ФудбалВидео: Реал загуби од второлигашот Албасете во дебито на АрбелоаРеал Мадрид загуби од Албасете со 3:2 во осминафиналето на Купот на кралот. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Карлос Белмонте“ во Албасете. По нерешените 1:1 во првото полувреме, домаќините поведоа во 82. Минута преку Хефте Бетанкор. Во судиското продолжение Гонзало Гарсија израмни, а победата на Албасете ја донесе Бетанкор во 90+4.минута. 🚨🇪🇸 ALBACETE HAVE KNOCKED OUT REAL MADRID OF THE COPA DEL REY !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! THEY HAVE WON IT IN THE 94TH MINUTE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Albacete 3-2 Real Madrid.pic.twitter.com/iGQSxXrMma — Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 14, 2026 Ова е големо изненадување со оглед на тоа што Албасете е 17. во втората лига на Шпанија, а Реал втор во Ла Лига. Ова беше првиот натпревар на мадридскиот тим под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа, кој го замени Чаби Алонсо во текот на неделата. Албасете се пласираше во четвртфиналето, додека Реал Мадрид е елиминиран. Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваДуа Липа се пофали како ужива на медениот месец низ Медитеранот (ФОТО)Пејачката Дуа Липа сподели серија фотографии од нејзиниот меден месец со сопругот, актерот Калум Тарнер. Само неколку дена по свадбата, двојката отпатува на брегот Амалфи во Салерно. Омилена дестинација е Италија Извор близок до двојката откри за списанието People дека Липа и Тарнер сакале да посетат некои од најубавите места во Италија, бидејќи Италија е една од нивните омилени дестинации. Фотографиите објавени од Дуа на Инстаграм ги прикажуваат опуштените, забавни и романтични моменти на двајцата вљубени. Истиот извор истакнува дека Италија има посебно место во нивните срца и токму затоа ја избрале оваа земја за нивното прво свадбено патување. „Враќањето на Сицилија, каде што неодамна ја прославија својата свадба и создадоа нови спомени, беше нешто посебно. Затоа Италија беше природен избор за нивниот меден месец“, рече изворот. Романтични и опуштени денови Исто така, изворот забележа дека двојката ужива во секој момент од патувањето. „Тие ги поминуваат деновите на плажа, разговарајќи, смеејќи се и уживајќи во сонцето. Изгледаат толку среќни и навистина слатки заедно“, додаде изворот. View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Како започна нивната љубов Дуа Липа и Калум Тарнер ја започнаа својата романса на почетокот на 2024 година, откако се гледаа некое време јавно и на разни настани. Двојката официјално почна да се забавува откако беа видени заедно на филмска премиера во Лондон и на други излегувања, а нивната врска брзо прерасна во нешто повеќе. Во јуни 2025 година, Тарнер првпат јавно проговори за нивната врска, а во исто време Липа потврди дека се свршени и планираат заедничка иднина. Во текот на 2025 година, нивната врска прерасна во солидна врска полна со патувања, заеднички моменти и јавни појавувања, а на крајот на мај 2026 година, ја крунисаа својата љубов со интимна венчавка во Лондон, опкружени со нивните најблиски пријатели и семејство.Тагови: Дуа Липа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖена загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ и од опозиција се обидуваат да го закочат реформскиот процесСДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда.На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат. СДС и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа никакви реформи, а денес од опозиција повторно одбиваат да ги поддржат и на тој начин се обидуваат да ги закочат процесите. Наместо да придонесат кон побрза реализација на реформите и исполнување на обврските што државата ги има преземено, СДС и ДУИ здружени пак во опозиција избираат политички блокади. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи таквите обиди да го забават реформскиот процес. Сите законски решенија предвидени со Реформската агенда ќе бидат донесени во утврдениот рок, затоа што интересот на Македонија и исполнувањето на реформските обврски се над партиските калкулации и нема да дозволиме обидите за собирање на политички поени на СДС и ДУИ да го спречат напредокот на државата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖена загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи доцна синоќа на превојот Плетвар, каде едно лице го загуби животот по превртување на камион со битолски регистарски таблички.Според првичните информации, несреќата се случила на патниот правец Прилеп–Градско, во близина на селото Ореовец. На местото веднаш интервенирале итните служби, а од Итната медицинска помош од Битола било потврдено дека едно лице починало како последица на несреќата. Поради сериозноста на инцидентот, сообраќајот на оваа делница бил целосно во прекин неколку часа, додека надлежните служби вршеле увид и го расчистувале теренот. Причините за несреќата засега не се официјално соопштени, а истрагата треба да утврди како дошло до превртувањето на камионот и околностите што довеле до трагичниот исход.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook