Видео: Ракитиќ го избираше за него најдобриот меѓу Иниеста, Чави и Модриќ!! - Канал 5

Видео: Ракитиќ го избираше за него најдобриот меѓу Иниеста, Чави и Модриќ!!

Еден од најдобрите фудбалери од балканот во последните две децении, актуелниот технички директор на Хајдук, Иван Ракитиќ (37), беше гостин на настан во Шпанија, земјата што ја одбележа неговата играчка кариера како член на Севиља и Барселона.

Видео: Ракитиќ го избираше за него најдобриот меѓу Иниеста, Чави и Модриќ!!

Во таа прилика, тој имаше краток разговор со новинарка на DAZN, која го замоли брзо да го избере најдобриот играч од средниот ред според него во последните неколку години.

Во изборот популарниот Ракета избираше меѓу пензионирани и активни фудбалери, претежно поранешни и сегашни членови на Реал Мадрид и Барселона.

За време на разговорот, Ракитиќ покажа поголема преференција кон своите поранешни соиграчи од Барселона, но кога дојде редот на Лука Модриќ, тој го избра него пред легендите на Барселона, Андрес Иниеста и Чави.

Соочен со тежок избор, Ракитиќ рече „како да ја избираш мајка ти или татко ти“, но на крајот сепак го избра Модриќ.

Ракитиќ во својата кариера има одиграно 436 натпревари во Ла Лига за Севиља и Барселона. Тој ги освои сите трофеи на клупско ниво со каталонскиот клуб, играјќи заедно со Чави и Иниеста, додека го освои сребрениот медал со хрватската репрезентација на Светското првенство во Русија во 2018 година со Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Министерството за спорт работи за генерации кои доаѓаат

Затекнавме институција без визија, без динамика и со сериозно нарушена динамика кај спортската јавност ..

Ристовски: Министерството за спорт работи за генерации кои доаѓаат

Затекнавме институција без визија, без динамика и со сериозно нарушена динамика кај спортската јавност која ја трансформиравме во транспарентна и исполнителна – порача министерот за спорт Борко Ристовски на прес-конференција во владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски домаќин на литванскиот министер за надворешни работи – поддршка за македонските евроинтеграции

Моментот за проширување на Европската унија е сега, а Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија, порача литванскиот министер за надворешни работи Кестусис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјава.

Муцунски домаќин на литванскиот министер за надворешни работи – поддршка за македонските евроинтеграции

Будирис по неговата средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски нагласи дека Литванија која од идната година ќе претседава со Советот на ЕУ ќе го постави проширувањето меѓу своите главни приоритети. Ја повика земјава да не троши драгоцено време на евроинтегративниот пат, и не заборави да ја спомене потребата од исполнување на преземените обврски.

-Секако политички сме сконцентрирани на овој регион и треба да се придвижите напред. Погледнете го напредокот што го исполнуваат другите земји од регионот. Затоа, треба да ја искористите оваа шанса да го искористите овој момент да бидете реалистични. Треба да има чекори и од страна на Македонија, може да изгубиме година, година и пол. Тоа значи заклучоците од 2022 се уште стојат за другите, но тоа за државите членки на ЕУ исто така значи дека мора да има политичка заложба од нивна страна,- Кестусис Будрис – министер за надворешни работи на Литванија.

Министерот Муцунски пак, повтори дека европската интеграција на Македонија мора да се темели на јасни правила и гаранции нема да има нови политички блокади истакнувајќи дека земјава останува посветена на членството во Унијата.

-Очигледно е и по однос на таканаречениот консензус од 2022 година, има различни толкувања што доаѓаат и од 26-те земји членки, европските институции и една земја членка. Пак ќе повторам, не дека ние како држава имаме отпор, свесни сме, и ние во сите наши изјави, не само од мене, туку и од претседателката на државата, од претседателот на Владата, велиме дека ќе учествуваме во овој процес. Посебно по самитот во Тиват се чувствува таа енергија за придвижување Нема никаква дилема кај нас. Но ние нема да дозволиме да се реализира тој ризик, ние да ги направиме тие потези, повторно да имаме ваков тип на разговори, ваков тип на прес-конференции, каде што ќе бидеме во ситуација една земја членка да не блокира,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешни трговија..

Посетата на литванскиот министер на земјава доаѓа на покана на министерот Муцунски откако претходно беше најавено и дека Македонија за прв пат ќе отвори и амбасада во Вилнус, нешто што двајцата министри го оценија како чекор за зајакнување на добрите билатерални односи меѓу двете земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува комисиската расправа по Законот за правична и соодветна застапеност

Во Собранието продолжи амандманската расправа за предлог Законот за правична и соодветна застапеност – поширока дебата доби амандманот од група опозициски пратеници .

Продолжува комисиската расправа по Законот за правична и соодветна застапеност

Во Собранието продолжи амандманската расправа за предлог Законот за правична и соодветна застапеност – поширока дебата доби амандманот од група опозициски пратеници преку кој е побарано и воведување на т.н резервација на работни места во јавниот сектор за кои првично, ќе можат да аплицираат само од соодветната заедница.

-Во секое вработување во јавниот сектор, слободните работни места пропорционално ќе се распределат помеѓу националностите во однос на процентот од пописот. За резервираните позиции можат да аплицираат само членовите на соодветната заедница и ќе се избере најквалификуваниот кандидат со најголема оценка. Ако после три конкурси не се исполни работното место се отвара општ конкурс. - Рина Ајдари, пратеничка од ДУИ.

-Предложеното решение создава коализија со постоечкиот систем за вработување и не носи дополнителни гаранции за неговата реализација,- -Беким Сали, прв вицепремиери министер за европски прашања.

Откако предлагачот – првиот вицепремиер Беким Сали, не го прифати амандманот, од групата пратеници обвинија дека мислењето на Венецијанската комисија се употребува селективно при изготвувањето на новиот закон.

-Нашиот амандман е во целосна усогласеност со мислењето на Венецијанската комисија. Ние како пратеничка група со допис се обративме до Венецијанската комисија да укажеме дека се манипулира нивното мислење, бидете џентлмени и кажувајте, човекот и кога губи мора да биде џентлмен, вие не сте џентлмени, само изнесувате *гледишта* од еден агол,- - Сали Мурати, пратеник од Движењето на Турците на Македонија.

Од опозицијата остануваат на ставот дека предлог законот е како што велат непрецизен и анти-уставен што ќе создаде услови за како што тврдат асимилација на заедниците, заедно со голем број недоречености кои ќе ја нарушат нивната застапеност во јавниот сектор. Новиот закон утврдува дека системот на заслуги, односно квалификациите и стручноста се примарните фактори при вработување додека припадноста кон одредена заедница може да се земе предвид само во случаи кога кандидатите имаат еднакви квалификации и ова е во согласност со европските стандарди, дециден е предлагачот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер