Видео: Прво соочување меѓу Мекгрегор и Поирие

Се е подготвео за новиот спектакл во УФЦ рингот, мечот меѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поирие.

Традиоционалното мерење пред секој меч мина без проблеми. Синоќа Мекгерор и Дасин по прв пат се соочија пред новинарите, камерите и малубројната публика во Абу Даби.

Доцна вечерва следува нов спектакл во УФЦ , главната борба во лесна категорија меѓу големиот шампион Конор Мекгрегор и младиот Дастин Поирие.

Според добрите познавачи на случувањата во УФЦ, младиот Дастин најверојатно ќе биде следниот кандидат за шампионскиот појас. Но сигурно за тоа ќе се прашува и големиот борец Хабиб Нурмагомедов.

Утре без струја делови од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 13:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Борис Сарафов", спроти поранешна полиција, улиците „Борис Сарафов" зграда 2 и 4, „Крсто Раковски", булеварот „Партизански Одреди" кон „ЈСП", Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Драчево: дел од улицата „Живко Фирфов" бр.85, 38, 40, 42, 44, 48, Општина Кисела Вода, а од 11:00 до 15:00 часот корисниците од населбата Драчево, односно улицата „Чупино Брдо", Општина Кисела Вода.

Демократскиот сојуз: Нова влада после парламентарни избори

Демократскиот сојуз цени дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ниту понудата е сериозна, ниту пак одговорот е искраен.

Ова расправа е “КОНГРЕСНА”, наспроти изборот на лидер на СДСМ и најавениот фракциски “Конгрес”на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради сето ова, нaместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализацијата, стабилноста на државата и економскиот развој, при што опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашања.

Демократски сојуз

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијаши се мафијаши - никој не одговораше за бегството на Мијалков

Мафијаши се мафијаши - никој не одговораше за бегството на Мијалков, а сега му ја топат и казната за 3 години

Како поминуваат деновите, така се топи казната на Мијалков во години. Дали казната на Мијалков од 12 ќе се стопи на 9 години, и дали тоа ќе го потврди апелација? Дали ова е дел од договорот Заев - Мијалков?

Му простува ли Заев на Мијалков за да Мијалков преку свои пајташи прикажува вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ?

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а власта се уште крие детали од случајот. Заев молчи и не кажува дали два дена колку што Мијалков бил во бегство се договара со него и дали во ЈО е донесен со владин црн пасат.

Откако Мијалков се јавил во ЈО до драмата пред камери има 40 минути. Зошто Мијалков е пуштен 40 минути да се шета на околу наместо веднаш да се однесе во куќен притвор? Дали циркусот на Мијалков пред ЈО беше дел од договорот Заев - Мијалков, со цел да не падне владата на првиот?

Мафијашката коалиција Заев - Мијалков функционира и од затвор. Македонија нема мир додека и Заев не се најде зад решетки.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер