Видео: Прво финале на западот за Леброн Џемјс, ЛА Лејкерс подобар од Хјустон со 4-1

Кошаркарите на ЛА Лејкерс се првите финалисти во плеј офот на Западната конференција во НБА.

Лејкерси предводени од „Кралот“ Леброн Џејмс во петиот меч од полуфиналната плеј оф серија го поразија Хјустон со 119-95 и се пласираа во првото конференциско финале по пауза од десет години.

Најзаслужен за четвртиот триумф на популарните „езерџии“ вреден пласман во Конференциското финале на Западот е Леброн Џејмс со 29 поени.

Инаку, за најдобриот кошаркар на Лејкерс Леброн Џејмс ова е првото финале на Западот во НБА.

Противник на ЛА Лејкерс во финалето ќе биде подобриот од полуфиналната серија ЛА Клиперс - Денвер. Во моментов по пет меча Клиперси водат со 3-2 во победи.

Утре ќе се бираат замениците-министри во Владата

Утре почнува собраниска седница на која треба да бидат избрани замениците-министри во Владата. На официјалниот сајт на Собранието, седницата е закажана за 11 часот.

Предлогот со заменици-министри, Владата го достави до Собранието во петокот.

Во одбраната за заменик-министер е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за заменик-министер е Агим Нухиу.

Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Во Министерството за финансии заменик на министерот Фатмир Бесими треба да му биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија предложен е Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство за заменик е предложен Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство.

Доктор Илир Хасани е предлогот за заменик-министер во Министерството за здравство. Арафат Шабани е предложен во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска. /МИА

„Монструм" продолжува со сведоци на одбраната

Одбраната на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година, на денешното рочиште ќе ги престави своите сведоци.

Судскиот предмет „Монструм” е во фаза на доказна постапка. На претходните рочиште сведочеа разни полициски службеници како од Крим техника, така и од Одделениото за претрес, односно од Центарот за известување и командување на МВР. Заедничко нешто на сите овие сведоци беше дека не се сеќават добро на настанот, од причина дека се поминати повеќе години.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. /МИА

Дневен хороскоп за 21.септември 2020 година

Дневен хороскоп за понеделник, 21.септември 2020 година.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи.

Кариера

Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво.

Здравје и совет

Останете свои.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта.

Кариера

Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето.

Здравје и совет

Доаѓате до нови решенија.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување.

Кариера

Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка.

Здравје и совет

Проверете го автомобилот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела.

Кариера

Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам.

Здравје и совет

Смирете ги страстите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите.

Кариера

Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите.

Здравје и совет

Планирајте ги работите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја.

Кариера

Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска.

Кариера

Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи.

Кариера

Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба.

Здравје и совет

Бидете сериозни.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите.

Кариера

Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите.

Здравје и совет

Претерувате со консумација на слатки.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми.

Кариера

Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате.

Кариера

Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките.

Здравје и совет

Не претерувајте со алкохолот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа.

Кариера

малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо.

Здравје и совет

Можна е кашлица.

притисни ентер