Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
2Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
ТехнологијаВидео: Првиот прототип на телефон со селфи камера под дисплејотСелфи камерите се најголема пречка во дизајнирањето на издржлив водоотпорен телефон со екран без рамки.Долго време се очекуваше иновација која ќе ја смести селфи камерата под дисплејот на телегонот а се чини дека компанијата Опо имаат такво решение. На интернет сега се појави доказ како тоа би можело да работи и во пракса, пренесе „Андроид Централ“. Новиот систем за селфи камера на прототипот на компанијата Опо е се уште во фаза на развој но е очигледно дека тие успеале да ја сместат камерата под екранот која може да се види само под одреден агол. Во текот на секојдневната употреба, веројатно можете и да заборавите дека камерата воопшто е таму. Иако ова решение веројатно нема така брзо да пристигне кај телефоните наменети за продажба, се очекува дека предните камери во иднина ќе бидат невидливи за голо око, на сличен начин како што станаа невидливи читачите за отпечатоци од прст кај бројни модели на телефони. And here is the @oppo under-display camera. It's very well hidden, you can only see it at specific angles with glare pic.twitter.com/4VS69rMG2o — David ImeI (@DurvidImel) December 10, 2019 Here is it in action. Thanks to @sisasaid for modeling the feature! pic.twitter.com/Wv2tU9yqlf — David ImeI (@DurvidImel) December 10, 2019 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
ТенисСабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?За првиот рекет во светот, Арина Сабаленка, настапот на турнирот од серијата WTA 1000 во Синсинати заврши неочекувано брзо.Белорусинката е поразена во осминафиналето од Чехињата Сара Бејлек со 7-6, 6-4, со што се отвори можност за промена на врвот на WTA-листата. Арина која во претходното коло убедливо ја совлада Кинезинката Ванг Синју, не успеа да го пронајде својот ритам во дуелот против 35-тата тенисерка во светот. Сабаленка испушти значителна предност во двата сета; таа водеше со 5-1 во тај-брејкот од првиот сет и имаше предност од 4-1 во вториот, но Бејлек одигра многу подобро во завршниците од двата сета и ја обезбеди победата. „Немам зборови... Неверојатно е“, изјави Бејлек откако ја оствари првата победа во кариерата против високорангирана тенисерка. Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Американката Медисон Киз. Овој пораз за Сабаленка доаѓа пред почетокот на УС Опен, кој стартува на 30 август. Со тоа, четирикратната гренд-слем шампионка продолжува со серијата слаби резултати, по елиминациите во осминафиналето во Торонто и на Вимблдон, како и во четвртфиналето на Ролан Гарос. Поразот на Сабаленка директно влијае врз борбата за првото место на ВТА-листата; Елена Рибакина сега има шанса да стане новата светска тенисерка број еден доколку стигне до финалето на турнирот во Синсинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАДончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф... Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготви посебна програма што оди далеку надвор од кошаркарскиот терен.Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал лет со приватен авион за 14 лица, а по пристигнувањето, играчите ќе ги пречекаат пакети подароци со словенечки производи. Собирот ќе се одржи од 20 до 24 август во Љубљана, а целта е тимот да почне да гради меѓусебна хемија пред сезоната 2026/27. Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги одведе соиграчите во еден од неговите омилени ресторани, а планирани се и излет на Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности. Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ. Се очекува да се вратат 16 од неговите 17 соиграчи, вклучувајќи ги Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс. Сандро Мамукелашвили би требало да му се приклучи на тимот одделно, бидејќи моментално се наоѓа во Грузија. Единствениот што нема да биде во Словенија е дебитантот Кем Кар, но не по сопствена одлука. Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА-ориентација за дебитанти во Соединетите Американски Држави. Така, Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерс во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона, прва по заминувањето на Кралот,- Леброн Џејмс, преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскањеДенеска и утре се реализира авионска дезинсекција против комраци, а од 23 до 26 август ќе се реализира теристична дезинсекција на подрачјето на градот, соопштија од Град Скопје.Како што се наведува во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението.Тагови: Град Скопје комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook