Видео: Професор заборавил да ја исклучи камерата по онлајн час

Срам на годината, професор по онлајн час заборавил да ја исклучи камерата. Му приоѓа сопругата и учениците го гледаат срамот на годината.

Онлајн наставата донесе многу возбудувања, но има и такви кои пандемијата ппоради корона ќе ја паметат по срамни постапки, поради нестручното ракување со камерите.

Еден од нив сигурно ќе биде и несреќниот професор заљубен во својата сопруга со бујни гради. Професорот по завршениот онлајн час заборавил да ја исклучи каметара, така што учениците кои останале вклучени биле сведоци на секси шоуна нивниот професор и неговата сопруга.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер