Видео: Прегрнати чекаат спас од надојдената вода: „Таа не знае да плива“ - Канал 5

Видео: Прегрнати чекаат спас од надојдената вода: „Таа не знае да плива“

Постар мексикански пар стана симбол на надеж откако нивното видео на кое се гледаат како прегрнати очајно се борат за спас и живот за време на поплавите што го зафатија нивниот дом минатата недела, стана вирално.

Видео: Прегрнати чекаат спас од надојдената вода: „Таа не знае да плива“

Хиларио Рејноса и Елодија Рејес едвај успеаа да се спасат во поплавите што ги опустошија централните и источните делови на земјата.

Тие поплави однесоа десетици животи, а многумина сè уште се водат како исчезнати.

Нивната куќа во Поза Рика, Веракруз, беше уништена, по што беа згрижени од соседите.

„Силна струја дојде и ја однесе. Нурнав да ја барам, но не можев да ја најдам“, опиша Рејноса како ја барал својата сопруга, која не знае да плива, објавува France24.

„Таксистот ми рече дека ја видел. Потоа ѝ викнав да не се помрднува од место затоа што доаѓам. И пливав во таа насока“, рече тој.

Кога стигнал до местото каде што била неговата сопруга тој ѝ рекол на жена си да го фати околу вратот и така, со неа на грб, допливал до куќата. Се искачиле на покривот и останале таму до зори. Водата им стигнала до половината, а потоа еден сосетката пристигнала со чамец и успеала да ги извлече од големата вода.

„Таа дојде да нè спаси и нè однесе во својата куќа. Нè прими, ни даде храна. Толку љубезна жена“, истакнал Рејес.

„Понекогаш дури и не знаете кои се овие луѓе, но тие имаат добро срце. Тоа е најубавото нешто“, додаде нејзиниот сопруг.

Рејноса сега бара помош за обнова на нивната куќа, но вели дека е благодарен за сè што има.

„Фала му на Бога што е жива“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица

Запленети дрога, оружје и муниција.

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица

На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје.

Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.

При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба

Со орањето почнуват давачаките на земјдоелците за новата есенска сеидба.

Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба

Но пред да почнат да инвфестираат тие бараат државата да постави јасна поддршка за да се врати интересто кај полјоделците да го засејат лебното жито на поголеми површини со што би се намалила увозната зависност од србија на пченица и брашно за производство на леб. Земјдоелците бараат државата да излезе со пресметката за производната цена што секако е нејзина закоснка обврска но клучното барање е да излезе државата со гарантирана цена од 15 денари за килограм за да се сее пченица на што поголеми површини и да не остануваат нивите празни.

Оваа гарантирана цена од 15 според земјдоелциет како и поделбата на картичките за зелена нафта кои годинава се во вистински момент пред стартот на есенската сеидба би можела да го ибалансираат трошокот кој е зголемен при производството како и ниските откупни цени од 10 денари за килограм кои се провлекуваат секоја година со цел земјоделциет да се ориентираат само на производство без да се грижат за пласманот и откупните цени. Тие исто така бараат да се доплатат по 5 денари од интервентниот фонд за годинава заради ниските откупни цени со се соочија земјдоелците. Според претставниците на земјоделците потребен е итен дијалог со надлежните бидејќи лани 9 илјади земјоделци беа исклучени од можноста и годинава нема да земат субвенции зошто неколку месеци по сеидбата се донесе правило колку за зголемена норма на семенски материјал како услов за поддршка за што не беа навреме информирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%

178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија.

178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%

178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија, а усогласеноста на државата со европската Директива за поплави изнесува само 16%, покажуваат податоците од проектот за унапредување на имплементацијата на европската Директива за поплави. Проектот предвидува изработка на мапи на опасности и ризици од десет речни подсливови, кои треба да помогнат во утврдувањето на најзагрозените подрачја и планирањето на мерките за заштита. Паралелно се подготвуваат и измени на Законот и подзаконските акти за води, со цел националното законодавство да се усогласи со европските правила. Проектот предвидува и изработка на план за воведување систем за рано предупредување од поплави, со кој треба да се подобрат координацијата меѓу институциите и навременото информирање на населението.

- Ние веќе ги сработивме амандманите во Законот за води, процедурата е во Министерство за животна. Исто работат на други амандмани за други области и очекувам дека во најскоро време ќе биде законот ставен во процедура, процедура на усвојување.-Татјана Тодоровска проектен директор на Ептиса

-Овие зони со потенцијален ризик се дефинирани, значи, на основа на топографски, географски, хидрогеолошки, геолошки подлоги, информации за претходни поплави и меѓу останатото, значи, сè она што претходно се има случено е евидентирано како зона со потенцијален ризик од поплави во државава. Значи се работи за 178 прелиминарно идентификувани зони. За секоја од овие зони, значи, потребно е, согласно Европската директива, да се изработи проценка на ризикот од поплави.-Драган Ивановски –раководител на технички дел на Ептиса

Црвениот крст има Интервентна единица од 40 членови, составена од медицински персонал, парамедици, лица задолжени за логистика и психосоцијална поддршка. Тимот е обучен да одговори на потребите на населението во првите 72 часа по катастрофа. Интервентната единица е формирана по трагедијата во Кочани, а била ангажирана и при последните поплави во Кичево.

-Интервентниот тим функционира во првите 72 часа откако е случена одредена катастрофа или криза и овој тим поминува различен тип на обуки во текот на годината со цел да биде трениран и подготвен да одговори на потребите на заедницата во услови на катастрофа.-Ивона Ѓорѓиева – член на Интерветна единица Црвен крст

Проектот за усогласување со европската Директива за поплави се спроведува од февруари минатата година, а неговото завршување е планирано до крајот на август наредната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер