1Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)
3Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
БалканВидео: Пожар на островот Вис во ХрватскаГолем пожар на отворено избувна на островот Вис синоќа околу 22:30 часот. Огнот зафати борова шума и ниска вегетација во областа на Комижа, долж патот кон Подхумље, објави веб-страницата „Firefighters 193“. Сите расположиви противпожарни сили од оперативното подрачје Вис веднаш биле испратени на местото на настанот. Во интервенцијата учествуваат пожарникари од противпожарните одделенија на Комижа и Вис. Противпожарната одделенија на Комижа распореди девет возила и 35 пожарникари, а противпожарната одделенија на Вис распореди шест возила и исто така 35 пожарникари, со што вкупно на местото на настанот се наоѓаат 15 возила и 70 пожарникари. Пожарот е сè уште активен, а неговото гаснење го отежнуваат сувата вегетација и ширењето на пожарот на отворен простор. Иако немаше силен ветер во текот на ноќта, пожарот се прошири брзо во првите часови поради екстремно сувата почва. Од утрово на терен се и три авиони канадари, додека четвртиот авион пристигнува и ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРоденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот. Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата. Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“ Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават. Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон. Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент. „Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој. Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи. Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента. Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај. Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви. Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.Тагови: Кентаки пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаЗијадин Села во официјална посета во Австрискиот ПарламентСредба со пратеникот Андреас Минич и градоначалникот на Корнојбург, Кристијан Геп.Почестен од гостопримството што ми ја пружи во Австрискиот Парламент, големиот пријател на Албанците, пратеникот на Австриската народна партија (ÖVP), Андреас Минич, член на Националниот совет на Австрија, воедно заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи и член на Собранието на Советот на Европа. Оваа официјална средба во еден важен ден за албанскиот народ и Албанија ја започнав со нашата благодарност за поддршката што Австрија му ја даде на албанскиот народ и држава во клучни моменти од историјата, а особено за време на државотворноста и Независноста на Албанија. Ја потенцирав важноста од продолжување и продлабочување на соработката и пријателските односи со австриската држава и народ, како еден од главните сојузници во големото европско семејство. Со г. Андреас Минич разговаравме за предизвиците што ги има Македонија на патот кон ЕУ, како единствена алтернатива и стратешка ориентација на нашиот народ. Го информирав и за случувањата во внатрешната политика, темите од значење што ги засегаат граѓаните воопшто и Албанците особено, во Македонија. Ме израдува и охрабри безусловната поддршка на пратеникот Минич и на партијата што ја претставува, со која го споделуваме истиот центар-десен ориентација и Владата на Австрија, во нашите аспирации да ја направиме нашата земја и општество демократски, европски и еднакви за сите граѓани и народи. За време на официјалната посета во Австрија, заедно со мојот колега, пратеникот на Австрискиот парламент Андреас Минич, денес ја посетивме Општината Корнојбург и бевме срдечно пречекани од градоначалникот Кристијан Геп, воедно пратеник на овој дистрикт во Државниот парламент на ландот Niederösterreich. Разговаравме за тоа како функционираат општините во Австрија и како Европа се чувствува и се доживува во секојдневниот живот, на локално ниво. Личните средби како оваа градат мостови на поврзување, искуства и модели од кои може да има корист нашата земја и регионот. Ме израдува фактот што албанската дијаспора во оваа земја напредува секој ден сè повеќе, придонесувајќи директно и во важни процеси за заедницата и земјата. – Зијадин Села, претседател на Албанската ЛигаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИзбори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко? Шпанците одлучуваат дали да му дадат на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, уште еден мандат или да ја предадат власта на конзервативната опозиција. Шпанија денеска ја одлучува својата политичка иднина избирајќи ги 350-те членови на Парламентот кои ќе го изберат следниот премиер како и 209 сенатори. Меѓу кандидатите за премиер се социјалистот Педро Санчез, Алберто Нуњез Феихо од централно-десничарската Народна партија, Сантијаго Абаскал од крајно-десничарската Вокс и Ада Колау од левичарскиот Широк фронт. Акутелниот премиер Педро Санчез, повика на голема излезност „за иднината“ на Шпанија, додека неговиот главен противкандидат – Алберто Нуњез Феихо, им порача на граѓаните да гласаат без страв. „Мислам дека денеска најважно е да се активира учеството на избирачите, тоа што ни е должност на сите политичари и политичарки, јас само можам да изразам благодарност за мобилизацијата која ја видовме во врска со политичкиот проект кој јас го предлагам. Од тука па натаму ќе го чекаме резултатот и волјата на граѓаните.“ „Која и да е одлуката која ќе ја донесете, што ќе ја изберете и која ви се чини подобра за нашата земја, никогаш да не ја донесете од страв, туку да ја направите со сеќавање, со убедување и знаејќи дека тоа што ќе го избереме, е една демократска влада на нашата земја.“ Крајниот десничар Сантијаго Абаскал исто така се надева дека гласањето ќе се одвива без страв, додека Ада Колау гласајќи од Барселона порача дека „жените нема да молчат“ , откако на главната телевизиска дебата меѓу кандидатите Нуњез Феихо и порача да биде тивка. Според шпанските медиуми, Народната партија би можела да биде победник освојувајќи 31% од гласовите по што возможна е коалиција со крајно-десничарската Вокс која би освоила скоро 18% од гласовите. Доколку се избере десничарска влада тоа би го прекинал осум годишниот циклус на левичарски влади, а доколку крајно-десничарската партија Вокс влезе во владеачка коалиција, тоа би било за прв пат од 1975та година по диктатурата на Франциско Франко. Сепак, иако засега според анкетите се наоѓа на второто место, владејачката Социјалистичко-работничка партија, би можела да влезе во тесно водство. За време на своето владеење Санчез се соочи со сериозни предизвици како кризата со високи трошоци за живот, ниски плати и прескапи трошоци за домување. Дополнително, тој беше жестоко критикуван за тешката мигрантска криза во енклавите Сеута и Мелила, кои се уште ги трпат последиците од раст на криминалната стапка. Повеќе од 38,6 милиони гласачи во Шпанија денеска имаат право на глас. Резултатите би требало да бидат објавени доцна во ноќта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14