Видео: Подметнат пожар во автосервис во Пинтија, за два часа пожарот изгаснат - Канал 5

Видео: Подметнат пожар во автосервис во Пинтија, за два часа пожарот изгаснат

Рано утрово околу 4 часот избил пожар во автосервис во населбата Пинтија во Скопје. 

Видео: Подметнат пожар во автосервис во Пинтија, за два часа пожарот изгаснат

Во Кисела Вода е Здравко Димитров.

Во раните утрински часови пожар ги вознемири жителите на скопска Кисела Вода .

Според очевидци на пожарот за малку е избегната катастрофа.

-Рано утрово пред 4.00 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети. БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот, изјави за Канал 5 директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

YouTube video

Според снимките од безбедносните камери станува збор за подметнат пожар.

-Денеска (16.09.2025) во 03:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1519“ во Кисела Вода во Скопје опожарени се два објекти на правни лица, сопственост на Т.С. и А.Ѓ.(47). Од пожарот целосно биле зафатени објектите, магацинскиот простор, како и околу 20 возила кои биле во кругот на објектот на Т.С., од кои дел биле хаварисани. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Притоа, како превенција населението во околината беше евакуирано и исклучена е електричната енергија. На местото на настанот е увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон

Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон, затоа СДС и Филипче подобро да размислат што можат да прават реално за граѓаните, а не само да шетаат во Дубаи и по Егејот  .

Петрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон

Венко Филипче и талогот од СДС деновиве се обидуваат да покажат наводна загриженост, па предлагаат закони за земјоделците, за минималната плата, а вчера збореа биле загрижени и за пензионерите. Исто така покажуваат загриженост дека бил загрозен македонскиот идентитет, и дека Македонија била изолирана.

Но, му верува ли некој на Филипче? Има ли воопшто простор да му се верува? Секако дека не!

А зошто? Затоа што по сите криминали од периодот на владата на СДС, како и сите жртви од модуларната болница во Тетово и од короната кои му се багаж на Филипче не може да му се верува. А граѓаните паметат и кој ја распродаваше државата.

Од друга страна, граѓаните гледаат каква промена настанува во Македонија. Деновиве премиерот Мицкоски од САД најавува дополнително продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата центри, и енергетика.

А Филипче со партискиот учител и другар Зоран Заев ќе останат познати само како лица кои додека беа на власт се грижеа само за личните интереси и попатно распродаваа се од Македонија.

Во оваа ситуација понудата од талогот на СДС се само лаги и хистерија, затоа овој период е најдобро да се посветат на консолидација и да се преиспитаат што може да направат освен да се шетаат во Дубаи и по Егејот.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Знаењето е сила, инвестираме во обука за финансиски писмени и независни жени

Општина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“.

Герасимовски: Знаењето е сила, инвестираме во обука за финансиски писмени и независни жени

На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување и се на возраст од 20 до 50 години.

„Да се биде финансиски писмен е клучно за секој поединец, без оглед на полот, за да може да донесува добри финансиски одлуки и да изгради сигурна и стабилна финансиска иднина. Оваа обука е чекор кон поголема информираност, самостојност и економско зајакнување на жените. “, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Целта на обуката е развој на женското претприемништво и финансиската писменост, што ќе придонесе кон поголема економска независност и развој на претприемачкиот потенцијал на жените.

Планираниот број на учеснички е 30, по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Пријавата за учество, заедно со потребната документација, може да се достави во Архивата на Општина Центар или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје.

Пријавата е достапна и на веб-страницата на Општина Центар ЈАВЕН ПОВИК за пријавување лица за „Обука за финансиска писменост на жените“ | Општина Центар .mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност

Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност, објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на градот, Митко Јанчев. 

Јанчев: Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност

Пред четири години бевме прва општина во државата која постави 200 kW фотонапонски панели на општинските објекти. Денес, таа приказна ја продолжуваме уште посилно. Фотоволтаичните системи се веќе поставени на сите 12 предвидени јавни установи, со вкупна инсталирана моќност од 355 kW. Ова значи едно – помали сметки за електрична енергија, поголеми заштеди и повеќе средства за други потреби на граѓаните.

Посебно значајно е што фотоволтаичните модули се донација од „Пиксел гроуп“ во вредност од 4,5 милиони денари, инвестиција која директно се претвора во долгорочна корист за јавниот сектор и за целата заедница.

Панели се поставени на:

[🏛️] Локална самоуправа – 20,125 kWp

[🏫] ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – 20 kWp

[🏫] СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ – 15,64 kWp

[🏠] Објект „Изворче“ – 25,3 kWp

[🏠] Објект „Детелинка“ – 25,83 kWp

[🏠] Објект „Гроздоберче“ – 46,5 kWp

[🏠] Објект „Снежана“ – 50,02 kWp

[🏠] Објект „Сонце“ – 25,3 kWp

[🏥] ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – 71 kWp

[🎭] Дом на култура „Иван Мазов Климе“ – 15,58 kWp

[📚] Библиотека „Феткин“ – 16 kWp

[⚖️] Основен суд Кавадарци – 24 kWp

Од сончева енергија до помали трошоци. Од помали трошоци до повеќе инвестиции.

[☀️] Кавадарци не чека промени. Кавадарци ги создава.

Продолжуваме со инвестиции што остануваат и носат корист денес, утре и во годините што доаѓаат, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер