Видео: Почна собирање на студените во блокада пред најавениот протест во Белград - Канал 5

Видео: Почна собирање на студените во блокада пред најавениот протест во Белград

Во Белград студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот.

Видео: Почна собирање на студените во блокада пред најавениот протест во Белград

Првично беше закажан голем протест – 15-за-15 - пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме пристигна одлучиле - протестот сепак ќе биде пред Собранието, но дека бина ќе биде поставена и кај Славија, јави МИА од Белград.

Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори. Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките - прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти - „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.

Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани.

Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации, јави МИА од Белград.

Редарите на студентите во блокада не дозволуваат пристап до Пионирски парк каде се сместени студенти кои сакаат да ја следат наставата. Паркот е опкружен од трактори поставени од вчера

Јавниот превоз во Белград е во прекин од утринава и нема да сообраќа до крајот на денот.

На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење.

Студентски групи ги блокираа факултетите во Србија од крајот на ноември, барајќи исполнување на четири барања - објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад каде во ноември откако се урна настрешница загинаа 15 луѓе, отфрлање на обвиненијата против студентите и граѓаните приведени за време на протестите, поднесување кривични пријави против сите напаѓачи на студенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер