ТехнологијаВидео: Пишувачката машина од 1929 ја претворил во ритам машинаВилијам Сан Петрус одлучил да зема стара Ремингтон пишувачка машина од 1929 година и да и ја промени намената.Тој оваа справа стара скоро сто години ја претворил во ритам машина за електронска музика. Во описот на ова видео објаснува и како тоа го направил. „Кога чеканот ќе ја удри плочката, ардуино процесорот добива сигнал. Тој препознава кој чекан е притиснат и праќа сигнал до мојот компјутер преку кавел, во „Ableton“, пушува тој. Како што пишува понатаму, композицијата се состори од 17 различни звуци, отсвирени во живо. Исто така, додава и дека ова е само мал дел од многу поголем проект. Во видео тој објаснува како точнои оваа ритам машина работи и како да се свири со неа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот советВеќе од следната недела владата најверојатно ќе интервенира со намалување на акцизите за нафтените деривати, за да се ублажат последиците од блиско источната криза.. Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница.Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на советот, а министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се разговара и за тоа. Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
ФудбалБранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка Актуелниот светски шампион Аргентина со уште еден резулатски пресврт се избори за ново финале на фудбалски Мундијали.Аргентинските фудбалери обезбедија место во големото финале на 23 Светското првенство, по уште еден неверојатен пресврт и триумф над најголемиот ривал на сите полиња Англија. На полуфиналето во Атланта видовне две сосем спортивни полувремиња, досадно прво и супер интересно и неизвесно второ0 полувреме кое го одлучи патникот на финалето во Њу Џерси. По досадните први 45 минути, во вториот дел видовме се она што фудбалот го прави најважната споредна работа на светот. Англија одлично го отвори вториот дел и со голот на Гордон во 55 минута победе со 1-0. Во следните дваесетина минути фудбалерите на Гордиот Албион ја контролираа играта и резулатот. Но потоа следуваше кардинално одлука на англискиот селектор Тухел,кој многу рано уште во 70 минути одлучи да ја брани предноста пред најефикасниот напад на шампионатот, неговите избраници се повлекоа а тоа секако фудбалските велемајстори од Јужна америка веднаш го искористија. Популарните „гаучоси“ започнаа со сите сили да атакуваат кон голот на Гордон.Англискиот голман одолеваше се до 85 минута, бранејќи неколку големи пролики на противниците, кога капитулираше по максимално прецизниот шут на Енцо Фернандес кој погоди на вистинското место со удар од 20 метри. Израмнувачкиот гол на Енцо беше само дополнителен импулс за Меси и другарите да продолжат со атаците кон голот на Англија. Во втората минута од судиското надополнување уште една неверокјатна асистенција на Меси во гол вреден финале ја претвори Лаутаро Мартинез за ерупција на полните трибини во Атланта. По крајот на полуфиналето може да се каже и заклучи дека селекторот на Аргентина Скалони тактички го надмудри својот противник на клупата Тухел, бидејќи неговите замени и тактички промени во финишот значеја пласманна неговиот тим во второ последователно мундијалско финале. „Гаучосите“ на дуелот со Англија ја продолжија неверојатната нјиза на пресврти и фантастични натпревари какви што одиграа и против Капо Верде, Египет и Швајцарија. До крајот на Мундијалот во Северна Америка сега остануваат само уште две средби оние најзначајните за медали и трофејот. Големото финале меѓу Аргетнина и Шпанија се игра во недела во Њу Џерси од 21 часот а ден претходно од 23 часот за бронзата ќе се борат тимовите на Франција и Англија. Во финалето против Шпанија, Аргентина ќе се обиде да ја освои втората последователна и вкупно четврта титула.Шпанците пак во своето второ финале во историја ќе се обидат да го повторат успегот од 2010 од Јужна Африка и да стигнат до вториот пехар. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МетеоСончево и топло со температура до 38 степени, попладне услови за локална нестабилностСпоред Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степениДенеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Временска прогноза за 16 јули 2026 г. / Извор: УХМР Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над триесетиот степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде живата во термометарот се очекува да се искачи до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 37 Целзиусови степени. Сончевото и топло време, со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попалдневните часови се очекува да се задржи и во наредните денови и за време на претстојниот викенд. Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08