1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ФудбалВидео: Пикси Стојковиќ: Мора да стигнеме до финалето, за да не го разочараме ЃоковиќСелекторот на фудбалска репрезентација на Србија, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси и се обрати на јавноста пред патувањето на српската селекција на Светскиот фудбалски шампионат во Катар.Вчера националниот тим на Србија во последната контролна средба пред стартот на Мундијалот го совлада Бахреин со убедливи 5:1. Избраниците на Стојковиќ со играта против Бахреин уште еднаш покажаа дека максимално подготвени го очекуваат премиерниот дуел на Светскиот шампионат против големиот фаворит за тронот, Бразил на 24 ноември. Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ најави дека доаѓа во Катар на големото финале за да ја бодри својата репрезентација, а српскиот селектор на тоа му одговори. - Што значи дека треба да стигнеме до финалето, за да не го разочараме Ноле, нели?Секој навива на свој напчин. Да повторам, мора да бидеме максимално подготвени, ако некој е подобар од нас, секако како спортисти ќе честитаме. Нема лесно да се предадеме, тоа е сигурно. Размислуваме за тоа, одиме од натпревар во натпревар. Имаме тешка група, но мора да веруваме. Ако можеме сакаме да освоиме доволен број бодови за да преминеме во нокаут фазата - изјави Пикси Стојковиќ. Српските фудбалери попладнево допатуваа во Катар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаДесетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил. Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста. Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна. Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага. Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда. За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење. Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот. Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година. Семејството има и уште три малолетни деца. Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.Тагови: бремена девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф. Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи. Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето. Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки. Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата. И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“. Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи. Погледнете ги снимките од инцидентот: Pančevo danas: Jeziva tuča bakljama kod izbornog mesta https://t.co/ZivLShktZo — FantomBeograda (@FantomBeograda) October 25, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф. Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок. Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook