Видео: Општа тепачка на трибини-нокаут пожесток отколку во рингот - Канал 5

Видео: Општа тепачка на трибини-нокаут пожесток отколку во рингот

Масовна УФЦ  тепачка на трибините – се редеа пожестоки нокаути отколку во рингот. 

Видео: Општа тепачка на трибини-нокаут пожесток отколку во рингот

Претходната вечер во Мексико Сити се одржа настан на „UFC fight night“, кој беше одбележан со масовна тепачка на трибините.

Не е познато што точно ја предизвикало општата тепачка на трибините. Но,според она што може да се види во снимките објавени на социјалните мрежи очигледно дека во салата немало полиција или обезбедување кои би спречиле вакво нешто.

Речиси е невозможно да се каже кој кого удира, а најлошото мина човекот во бела маичка кој буквално беше нокаутиран од еден навивач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Ратко Младиќ

Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година.

Почина Ратко Младиќ

Поранешниот командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 84-годишна возраст, изјави за Срна државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ.

Таа рече дека оваа информација ја добила од синот на генералот, Дарко Младиќ.

Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година, каде што беше врзан за кревет изминатата година и пол, а Механизмот за кривични судови во Хаг ги игнорираше барањата да биде пуштен на лекување во Србија од хуманитарни причини.

Српскиот генерал претрпе неколку мозочни удари, од кои последниот беше на 10 април.

Тој имаше сериозни кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, невролошки оштетувања и проблеми со бубрезите.

Поради оваа причина беше хоспитализиран неколку пати и беше подложен на разни медицински и терапевтски процедури, вклучително и хируршки интервенции на срцето и ногата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД, откако компанијата беше обвинета дека ги дизајнирала овие социјални мрежи за да создаваат зависност кај децата,

„Мета“ се согласи во следната деценија да го ограничи користењето на Фејсбук и на Инстаграм на тинејџерите на два часа дневно, а и да го блокира целосното користење од полноќ до 6 часот наутро, освен ако родителите не дадат согласност.

Овие ограничувања би можеле да бидат заострени доколку социјалните платформи Снепчет, Тикток и Јутјуб усвојат слични услови.

„Мета“, исто така, ќе ги исклучи повеќето известувања за тинејџерите во текот на наставата, од 8 до 15 часот, и ќе ги зајакне мерките за спречување на пристапот на децата до содржини со старосни ограничувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година.

Забраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа одлука е донесена со цел директна заштита на природните богатства и зачувување на шумскиот фонд во овој критичен период. Од надлежното министерство апелираат до сите граѓани на максимална одговорност и претпазливост, со цел да се избегнат инциденти и појава на нови пожари на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер