Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
МакедонијаВидео: Огромен пожар кај КатлановоВо моментов се случува огромен пожар кај бензинската на Окта после тунелот Катланово во правец кон Скопје.До нашата редакција пристигна видео снимка на која може да се забележи дека со пламените јазици е зафатена огроман површина. Во текот на денешниот ден на територијата на Македонија беа регистрирани повеќе пожари, а поради поради пожар беше затворен и граничниот премин Меџитлија кон Грција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветИнцидент во Лајпциг. Дрон со експлозив опасно се приближи до украински авионНАТО потврди дека во текот на ноќта, во близина на украински авион на германскиот аеродром Лајпциг/Хале, било забележано беспилотно летало, по што летовите биле прекинати поради безбедносен инцидент. Според безбедносни извори, леталото било опремено со експлозив и детонатор и се наоѓало во непосредна близина на украинскиот товарен авион „Антонов“. Неколку авиони, вклучително и еден патнички, биле пренасочени откако на аеродромот во источна Германија биле забележани неидентификувано летало и сомнителен предмет. ❗️🇩🇪🇺🇦 A drone with explosives and a detonator was found on the ground at Leipzig Airport at night. The drone was near a Ukrainian Antonov cargo plane, which caused the airport to temporarily suspend operations, - Bild After the incident, one cargo plane was forced to re-land.… pic.twitter.com/4T6ZGmMXJh — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) August 5, 2026 Операциите во северниот дел на аеродромот продолжиле рано во средата, додека јужниот дел останува затворен додека трае истрагата. Во близина на јужната писта е пронајден сомнителен предмет, кој полицијата го прегледала со помош на робот за отстранување експлозивни направи. Полицијата истражува дали постои поврзаност меѓу неидентификуван летечки објект и сомнителниот предмет. Не постои непосредна опасност, изјави портпарол на полицијата. Аеродромот Лајпциг/Хале, сместен во источниот дел на земјата, игра централна улога во транспортот на воена опрема – особено за германската војска и сојузниците од НАТО – а служи и како база за флотата на украинската карго-авиокомпанија „Антонов ерлајнс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од КарпошОпштина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор.Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните училишта на територија на Општина Карпош, при што на првоодделенците ќе им бидат врачени ранчињата и училишниот прибор. Со оваа мерка, Општина Карпош ќе им посака топло добредојде на најмладите ученици и успешен почеток на нивното образование, а воедно обезбедува и финансиска поддршка за семејствата во пресрет на новата учебна година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаГерасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септемвриОпштина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври" се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и завршување на училишните обврски за нашите основци ,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката. Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и услугите, со електронско следење на книги, членови и позајмувања. Училиштето располага со книжен фонд од 20 204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и останати наслови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook