Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации
1Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации
ЗабаваВидео: Одржана традиционалната трка на келнери во ПаризПариските келнери на најдобар начин ги демонстраа своите вештини на трката стара повеќе од еден век..Тие мораа да поминат два километра со послужавник со шолја кафе, чаша вода и кроасан, а на трката учество зедоа двесте градски кафулиња. Победник бил Полин Ван Вимерш која трасата ја истрчал за време од 13 минути и 30 секунди, а кај дамите највешта била Семи Ламрус. Оваа трка редовно се одржуваше до 2011-та, но беше укината поради недостиг на спонзори, а сега одново е возобновена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуацииНа подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата.Денеска (02.10.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност „Не биди нем сведок“, при што во непосредна комуникација граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, мерките за заштита и за начините како да се препознае психолошко насилство, како и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на насилство. Во Кавадарци пак, беше реализирана превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави. Полициски службеници од СВР Велес и Полициската канцеларија Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби и подобрување на взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, во рамки на кои граѓаните се запознаа со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност. На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата и последиците кои може да настанат од возење под дејство на алкохол, при што на возачите им беше потенцирано дека се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и сигурно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Скопје, Куманово и Штип, акцентот на превентивните активности го ставија на безбедното учество во сообраќајот на пешаците и возачите на мотоцикли и елктрични тротинети. Во ООУ „Св. Климент Охридски” во Делчево, полициски службеници од ПС Делчево и РЦГР Исток им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно. Вчера (01.10.2026) во компанијата „Костал“ во Охрид, Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други служби реализираа показна вежба за евакуација во услови на случен земјотрес и пожар. Вежбата имаше превентивен карактер, со цел координација и заедничко поефикасно делување на тимовите од надлежните служби за брзи и ефективни реакции при земјотреси и пожари и смалување на негативните ефекти од овие појави.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„WFP“: Гладот се влошуваСветската програма за храна (WFP) денес објави дека гладот во Јемен се влошува и дека рекорден број луѓе не можат да ги задоволат своите потреби за храна поради ескалацијата на конфликтот во земјата.Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре прекуграничните напади, пренесе Ројтерс. Обновениот конфликт веќе доведе до раселување на десетици илјади луѓе и би можел да ја промени рамнотежата на силите во Јемен, со последици по поморските патишта во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб. Во областите под контрола на владата до кои „WFP“ има пристап, рекорден број луѓе ја изгубиле можноста да ги задоволат основните потреби за храна за само неколку недели. Три од четири домаќинства прескокнуваат оброци, изјави Метју Холингворт, помошник-извршен директор на „WFP“ за програмски операции. Околу 10 милиони луѓе живеат во областите под контрола на владата. „Последиците од ова најново влошување на безбедносната ситуација врз безбедноста на храната се закануваат да бидат апсолутно катастрофални“, им рече Холингворт на новинарите во Женева преку видео-врска од Рим. Извор: Б92Тагови: WFP Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаНеговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина КарпошОпштина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница. По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter