Видео: Објавени портретите на кралицата Камила и кралот Чарлс Трети - Канал 5

Видео: Објавени портретите на кралицата Камила и кралот Чарлс Трети

 На двегодишнината од крунисувањето на кралот Чарлс Трети, објавени се официјалните портрети на британскиот владетел и неговата сопруга, кралицата Камила.

Видео: Објавени портретите на кралицата Камила и кралот Чарлс Трети

Кралот на портретот е претставен во официјална државничка облека, со кралска мантија, додека на масата до него стои круната. Кралицата, пак, е насликана во фустанот што го носеше на свеченото крунисување, исто така, со круна крај неа.

Портретите официјално ги открија самите крал и кралица на Велика Британија, при посетата на лондонската Национална галерија. Таму портретите ќе бидат изложени еден месец, по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.

Во времето кога се работеле портретите, кралот се лекуваше од рак. Болеста му беше дијагностицирана лани во јануари.

Кралот Чарлс Трети беше крунисан на 6 мај 2023 година.

Инаку, на 9 април, во Рим, Италија, Чарлс и Камила ја прославија 20-годишнината од бракот. А, нивниот брак, по контроверзната врска, мораше да надмине „огромни уставни, политички, религиозни и - да не зборуваме за семејните пречки“, како што вели познавачот на приликите во кралското семејство, Ричард Фицвилијамс.

Кралицата Елизабета Втора не присуствуваше на граѓанската венчавка во Градското собрание во Виндзор, каде што имаше околу 30 гости на 9 април 2005 година. Но, таа присуствуваше на брачниот благослов во капелата на замокот и приреди прием за младенците. Тогаш, во својата наздравица, сега покојната кралица призна дека нејзиниот син ги надминал „страшните пречки“ за да се ожени со жената што ја сака и нагласи дека е „многу горда“ на него.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кендал Џенер во црвено бикини уживаше во идиличен излет во природа

Моделот Кендал Џенер објави серија фотографии од излет во природа на Инстаграм, вклучувајќи една на која позира во црвено бикини. 

Кендал Џенер во црвено бикини уживаше во идиличен излет во природа

30-годишната Џенер беше фотографирана како седи на карпа во шумата, покрај голем водопад, а накратко ја опиша објавата со зборовите „Имам толку среќа“.

Во позадината на фотографијата во костим за капење може да се види суптилно виножито. Во остатокот од објавата, Џенер позираше на отворено во плетен џемпер во крем боја, држејќи чаша црвено вино, а комбинацијата ја комплетираше со обетки, очила за сонце и голема чанта.

Таа, исто така, им откри на своите следбеници што моментално чита, колекцијата „Медитации во итен случај“ од Френк О'Хара, и сподели фотографија од сцена од концерт на Крис и Моргана Стејплтон.

Отворено за менталното здравје

Џенер зборуваше во интервју за „Elle Canada“ во април за начините на кои се грижи за себе. „За мене, справувањето со анксиозноста е многу поврзано со мојата околина и мојата рутина“, рече таа. „Научив дека морам свесно да ја бирам енергијата со која се опкружувам.“

Таа, исто така, сподели неколку совети за секој што се бори со слични проблеми. „Мојот совет до секој што се бори со ова е да прави мали чекори. Пронајдете ритуал што ќе ве смири, како што е прошетка или слушање одредена плејлиста, и направете го тоа нешто од кое нема да се откажете.“

Во претходно интервју за „Vogue France“, моделот го опиша својот сегашен начин на живот како „здрав“. „Мојата дневна рутина се чувствува здрава и стабилна и многу сум благодарна за тоа“, рече таа во февруари. „Но, тоа не дојде без напор. Ден по ден, се обидувам да донесувам одлуки што се добри за моето ментално здравје, но тоа не е секогаш лесно.“

Таа додаде дека сè уште има многу тешки денови. „Редовно имам многу тешки денови кога се чувствувам како едвај да можам да ја држам главата над вода. Понекогаш може да биде многу фрустрирачко.“

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казната ги стигна и странските возачи: Редици на Табановце за да платат казни од „Сејф сити“

На граничниот премин Табановце денеска има редици од возачи од странство кои чекаат да ја платат казната за сторен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Сејф сити“, пренесува Експрес.

Казната ги стигна и странските возачи: Редици на Табановце за да платат казни од „Сејф сити“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. Тој рече дека нема да има исклучоци и дека секој што ќе ги прекрши законите додека се движи низ Македонија ќе биде санкциониран, без оглед од која држава доаѓа.

Кога беше воведен системот „Безбеден град“ на почетокот на годнава беше истакнато дека странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските граници доколку не ја подмират казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИДФ конечно признава: „Да, пукавме врз петгодишно девојче“

Израелската војска денес за прв пат призна дека нејзините сили отвориле оган врз автомобил во кој се наоѓала петгодишната Палестинка Хинд Раџаб во Појасот Газа и соопшти дека започнала кривична истрага за нејзината смрт.

ИДФ конечно признава: „Да, пукавме врз петгодишно девојче“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно негираа вмешаност во инцидентот од јануари 2024 година, велејќи дека нивните војници не биле во близина на возилото или во домет за да отворат оган, објави Си-Ен-Ен.

Раџаб била една од седумте членови на семејството во автомобил во северна Газа кога бил погоден од огнено оружје. Девојчето го преживеало првичниот напад и поминало часови на телефон молејќи ги палестинските медицински работници да дојдат да ја земат. Брза помош испратена да ја спаси, исто така, била нападната.

Нејзиното тело било пронајдено 12 дена подоцна во автомобил изрешетан со куршуми. Снимката од телефонскиот разговор на Раџаб со палестинските медицински лица привлече меѓународно внимание и предизвика повици за истрага и одговорност за нејзината смрт, како и за страдањето на другите деца во Газа. Случајот беше тема на филмот „Гласот на Хинд Раџаб“, кој беше номиниран за Оскар оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер