Видео: Обид за убиство на мафијаш од Црна Гора во Киев, меѓу напаѓачите и Македонец?!

Обидот за убиство на лидерот на кавачкиот клан Радоја Звицер во Киев Украина го снимиле безбедносните камери во близина на местото на кое напаѓачите поставиле заседа.

Маскираните напаѓачи излегле од автомобил смарт се криеле меѓу паркираните коли пред да започнат да пукаат во Звицер кој џогирал по патека со маска на лицето и ракавици.

Звицер ги забележал напаѓачите се започнал да бега, меѓутоа напаѓачот облечен во бел комбинезон започнал да пука по него.

Според неофицијални информации, убијците испукале седум куршуми, пет од нив завршиле во телото на Звицер.

Напаѓачите потоа се вратиле во автомобилот смарт, по само неколку стотина метри смартот е запален и напаѓачите се префрлиле во друг автомобил.

Маскираните напаѓачи неколку часа по обидот за убиство заедно со помагачите се уапсени од украинската полиција при обид за бегство во Молдавија.При апсењето тие давале отпор но биле совладани од полицијата.

Македонец, Црногорец и Србин се осомничените кои се обиделе да го убијат наводниот лидер на криминален клан, Радоја Звицер, во Украина.

„ Главните причини за обидот за атентат биле криминални активности на жртвата, можна прераспределба во криминалната организација, како и меѓу балкански криминални кланови кои ја контролираат трговијата на дрога“ рекол шефот на националната полиција на Украина, Игор Клименко.

Украинските органи ги уапсиле и ги идентификувале, а како што се наведува, еден од нив се наоѓа на меѓународна потерница поради убиство.

Радоје Звицер со години не живее во Црна Гора, а важи за прв човек на една од најсилните криминални групи во овој дел од Европа.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер