3Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска се сретна со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република Македонија
ЗабаваВидео: Новинар го удира Трамп со микрофон во лице, многумина ја коментираат неговата реакцијаНа социјалните мрежи вирално стана видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп го удира репортерка со микрофон во лицето за време на прес-конференција.Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд. Беше прашан за ситуацијата во Газа, кога микрофон, одеднаш влезе во кадарот и го удри право во лицето. Трамп за момент вкочането ја погледна новинарката, кревајќи ги веѓите, но брзо се смири и вниманието од прашањето го пренасочи кон шега. "Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, нели? Дали го видовте тоа?" Трамп коментираше пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање. WATCH: Reporter accidentally pushes microphone into Trump's face pic.twitter.com/NhswllZ0QW — BNO News Live (@BNODesk) March 14, 2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПерински: Две години се поставуваат темелите за развиени општини и одржлив регионален развојПрес-конференција на министерот за локална самоуправа, Перински.Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството. „Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што најголем дел од нашите политики се реализираат преку општините, планските региони и програмите за поддршка. Граѓаните ги гледаат новите улици, водоводи, училишта и градинки, но многу поретко се гледаат механизмите и политиките кои овозможуваат тие проекти да се реализираат“, истакна Перински. Како најголем резултат во изминатиот период, Перински го посочи инвестицискиот циклус за поддршка на општините, преку кој во рамки на двата јавни повици се одобрени вкупно 1.116 инфраструктурни проекти во вредност од 18,4 милијарди денари. „Ова е најголемиот инвестициски циклус за општините во поновата историја на Македонија. Тоа не се само бројки, туку нови улици, водоводи, канализации, реконструирани училишта и градинки, енергетски ефикасни јавни објекти и подобри услови за живот во сите општини“, нагласи министерот. Во делот на институционалната поддршка, Перински потсети дека за првпат е воспоставен Ресурсен центар за поддршка на општините, преку кој е формирана база на експерти, изработени се практични прирачници за локалната администрација, спроведена е сеопфатна проценка на потребите на сите општини и изработени се профили за секоја општина во државата. Посебен акцент изминатиот период беше ставен и на процесот за ажурирање на базите на даночни обврзници во сите општини. „Ова можеби не е најпопуларната мерка, но е една од најважните мерки за финсиската стабилност на општините, затоа што суштинското прашање не е колку средства ќе обезбеди државата за општините оваа година, туку колку општините ќе можат самостојно да генерираат приходи во годините што следат.“, истакна Перински. Во делот на законските реформи, министерот посочи дека по повеќе од две децении е подготвена најобемната реформа на Законот за локалната самоуправа, со која се унапредуваат локалната демократија, транспарентноста, дигитализацијата, учеството на граѓаните, инспекциските механизми и урбанистичкото планирање. Паралелно се работи и на реформа на Законот за меѓуопштинска соработка, со цел поефикасно користење на ресурсите и подобро обезбедување услуги за граѓаните. Во областа на регионалниот развој, изменет е Законот за рамномерен регионален развој, спроведена е тековна оценка на Стратегијата за регионален развој 2021–2031 и подготвени се измени и дополнувања кои беа усвоени од Собранието. Дополнително, во периодот 2024–2026 година преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и Програмата за рамномерен регионален развој се поддржани 185 проекти во вредност од над 489 милиони денари. Во делот на европските фондови и прекуграничната соработка, Перински информираше дека активно се спроведуваат пет ИПА III програми за прекугранична соработка со соседните држави. Во моментов се имплементираат 39 проекти во рамки на програмите со Република Грција, Република Бугарија и Република Албанија, со вкупна вредност од 21.340.097 евра за македонските корисници, додека во наредниот период се очекува потпишување договори за уште 23 проекти во рамки на програмите со Република Бугарија, Република Косово и Република Србија, со вредност од околу 6 милиони евра. „Најважното што го направивме во изминатите две години не се само бројките. Најважното е што го променивме пристапот – од модел во кој се реагираше на проблемите, кон модел кој создава услови тие проблеми да не се повторуваат. Од политика на ад хок решенија кон политика на системски промени. Македонија чекори напред со јасна определба – да не ги менаџираме последиците, туку да ги решаваме причините“, порача Перински. Тој додаде дека резултатите од изминатиот период претставуваат цврста основа за силни и финансиски стабилни општини, одржлив регионален развој и поквалитетни услуги за граѓаните во сите делови на државата. Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаЃоргова на Светската конференција за религиски дијалог: Мирот се гради преку разбирање и почитувањеЃоргова ја потврди посветеноста на Министерството за култура и туризам за поддршка на иницијативите што го унапредуваат интеркултурализмот, научната соработка и општествената кохезија.„Религијата не треба да биде средство за конфронтација, туку ресурс за дијалог, помирување и градење на заедничка иднина“, истакна државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова на отворањето на Четвртата Светска конференција за религиски дијалог и соработка, посветена на темата „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, која од 22-26 јуни се одржува во Скопје. Поздравувајќи ги учесниците од земјата и странство, претставниците на академската заедница, верските заедници и институциите, државниот секретар Ѓоргова истакна дека конференцијата се одржува во период на сериозни глобални предизвици, обележани со вооружени конфликти, мигрантски кризи, растечка нетолеранција и сѐ почести обиди за злоупотреба на духовните вредности за политички и идеолошки цели. Во своето обраќање таа нагласи дека историјата покажува оти религијата, кога е инструментализирана од политички и економски интереси, може да биде искористена за создавање страв, поделби и страдања, но дека нејзината суштинска улога е да ги промовира човечноста, достоинството, мирот и заедничкото добро. „Историјата не учи дека религијата, кога е инструментализирана од политички и економски интереси, може да стане средство за создавање страв, поделби и страдања. Но, нејзината суштина е повик кон човечноста, достоинството, мирот и заедничкото добро“, истакна Ѓоргова. Таа оцени дека различностите не треба да се доживуваат како пречка, туку како вредност што придонесува за создавање поправедни, поинклузивни и помирољубиви општества, посочувајќи дека Република Македонија има драгоцено искуство во негувањето на соживотот, заснован врз почитување, дијалог и доверба меѓу различните заедници. Ѓоргова ја потврди посветеноста на Министерството за култура и туризам за поддршка на иницијативите што го унапредуваат интеркултурализмот, научната соработка и општествената кохезија, а ја поздрави и иницијативата за усвојување и промоција на Декларацијата 2026 како значајна порака за мир, разбирање и меѓусебно почитување.Тагови: религиски дијалог Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот за здравство, Азир Алиу, денеска се сретна со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република МакедонијаНа средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што ќе се одржи утре во БриселПристапувањето кон EU4Health претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во области како јавно здравје, превенција, дигитална трансформација, безбедност на пациентите и зајакнување на здравствените капацитети. Министерството за здравство останува посветено на усогласување со европските здравствени политики и на создавање посилен, поефикасен и подостапен здравствен систем за граѓаните.Тагови: Михалис Рокас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook