Видео: Нови снимки покажуваат дека украинскиот авион бил погоден од две ракети - Канал 5

Видео: Нови снимки покажуваат дека украинскиот авион бил погоден од две ракети

Украинскиот авион кој што се урна кај Техеран бил погоден од две ракети лансирани од иранските воени сили, се тврди во најновите информации објавени од американските медиуми.

Видео: Нови снимки покажуваат дека украинскиот авион бил погоден од две ракети

Нови видео снимки од падот на авионот пред една недела прикажуваат како две ракети испукани една по друга го погодуваат леталото, по што експлодира и се урива на земјата.

Сите 176 лица кои беа во авионот на „Украин Интернешнл Ерлајнс“ загинаа во падот. Видеото објавено од „Њујорк тајмс“ покажува како прво една ракета го погодува авионот, а 20 секунди потоа и втора ракета.

YouTube video

Иранските власти претходно признаа дека иранската војна го соборила авионот по грешка. Најновите информации засега не се ниту потврдени ниту демантирани од официјален Техеран. Во меѓувреме иранските власти спроведуваат истрага за инцидентот и тврдат дека го уапсиле лицето кое го направило видеото од падот на авион, објавено претходно.

Се верува дека лицето ќе биде соочено со обвинение поврзано со националната безбедност. Но, ирански новинар кој живее во Лондон и прв го објави видеото на социјалните мрежи вели дека властите во Иран уапсиле погрешен човек и дека тој што го снимил видеото и му го дал нему за објавување е безбеден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукање на познат фестивал во САД, најмалку 12 ранети

Според полицијата, пукањето започнало кратко по 17:30 часот по локално време, а во инцидентот учествувале најмалку двајца вооружени лица за кои се верува дека пукале еден кон друг, објави NBC.

Пукање на познат фестивал во САД, најмалку 12 ранети

Најмалку 12 лица се ранети во пукотница што избувна во близина на летниот фестивал „Олд Вест Енд“ во Толедо, Охајо, а осомничените напаѓачи се уште се во бегство, соопштија локалните власти.

Според полицијата, пукањето започнало кратко по 17:30 часот по локално време, а во инцидентот учествувале најмалку двајца вооружени лица за кои се верува дека пукале еден кон друг, објави NBC. Заменик-шефот на полицијата во Толедо, Џозеф Хефернан, изјави дека две лица се во критична состојба.

Меѓу повредените има луѓе на возраст меѓу 14 и 60 години, додека повеќето од жртвите се во раните дваесетти години. Во времето на пукањето, на фестивалот имало неколку стотици луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредни избори на Косово

Денес на  Косово  се одржуваат вонредни парламентарни избори , откако институциите не успеаја да изберат претседател во рокот утврден од Уставниот суд, што доведе до распуштање на Собранието и распишување нови избори.

Вонредни избори на Косово

Според податоците на Централната изборна комисија, право на глас имаат околу 2,1 милион избирачи, од кои значителен број се регистрирани во дијаспората.

Во изборната трка учествуваат 17 политички партии, три коалиции и еден независен кандидат, кои ќе се натпреваруваат за 120 места во парламентот. Меѓу учесниците е и најголемата српска политичка партија на Косово – Српска листа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар

Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „АЈДЕ!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. 

Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар

Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска.

Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев, која преку современ сценски израз отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми.

Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на претставата јасно покажаа дека „АЈДЕ!“ е дело кое комуницира силно и непосредно со гледачите, без оглед на националните и културните граници.

Пред почетокот на претставата, на присутните им се обратија директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Загрепскиот танцов центар Александра Мадсен и кореографот Игор Киров, еден од најистакнатите македонски балетски уметници и кореографи, со свестско реноме во доменот на модерниот танц, кој има постигнато врвни уметнички остварувања на меѓународната балетска сцена. Во своите говори тие ја поздравија публиката и ја истакнаа важноста на оваа прва соработка меѓу македонскиот КИЦ и Загрепскиот танцов центар, преку која македонската современа танцова уметност добива значајна меѓународна видливост и се отвораат нови можности за соработка, преку вмрежување и афирмација на македонските автори и уметници надвор од границите на државата, како и продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

„Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите, јазиците и различностите. Вечерва преполната сала на Загрепскиот танцов центар е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција, квалитет и значењето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска“, истакна Ѓоргоска Илиевска.

Претставата „АЈДЕ!“ претставува значаен пример на современото македонско танцово творештво, кое преку автентичен уметнички пристап успешно ги поврзува традицијата, современоста и универзалните човечки вредности. Ова е очигледен показател дека уметноста останува еден од најсилните мостови за поврзување на луѓето, културите и општествата.

Продукцијата на претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип, а гостувањето во Загреб е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, реализирана во соработка со Motion Network продукција и Загрепскиот танцов центар со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер