Во Киев Османи повторно ја отвори македонската амбаада, а потоа оствари и средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. На заедничката прес-конференција, двајцата министри покрај осудата за руската агресија, ги поздравија и чекорите кои Македонија и Украина ги прават за полноправно членство во Европската Унија
-Со борбата за нивната слобода и слободата на нивната земја и за идните генерации, храбрите Украинци се сега на првите редови во борбата за демократскиот свет, да се зачуваат демократските вредности. Слободата на Македонија и секоја друга држава денеска се брани во Украина и Украина ја заслужува нашата целосна почит, поддршка и помош во нивната битка. -Бујар Османи.
На терен пак, продолжува руската офанзива во Донбас. По неколкудневните интензивни борби, проруските сепаратистички сили соопштија дека ја презеле целосната контрола врз градот Лиман кој важи за еден од стратешки најважните градови во истокот на државата. Во меѓувреме, украинскиот Претседател Зеленски и денеска со порака за помош од западните партнери за конечно ставање крај на војната.
-Моменталната офанзива на окупаторот во Донбас може да го опустоши целиот регион. Тие сакаат да ги бомбардираат Попасна, Бахмут, Лиман, Лисичанск и Северодонецк до темел, како Волновахка и Мариопол. Во градови и општини кои се наоѓаат во близина на границата со Русија, во Донецк и Луганск ги собираат сите кои што можат да ги заземат местата на убиените и ранетите во нивните бригади.- Володомир Зеленски.
Во речиси исто време со офанзивата во Донба, руската армија го гранатираше вториот по големина град во Укрина, Харков. Според официјалните податоци, , во нападите загинале 9 цивили, меѓу нив и пет месечно бебе. Звуците од воените сирени доцна синоќа, покрај во Харков се слушаа и во Запорожје и Днипро. Дека мирот не е ни на повидок, потврди и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев кој украинските услови за примирје ги оцени како неостварливи и нереални.