3Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна
3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
НБАВидео: Нов трипл дабл на Јокиќ за триумф на Денвер Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава во дербито на западот го победија Мемфис Гризлис со убедливи 113:97.Со утринскиот успех Денвер уште еднаш покажа дека е најдобриот тим на Западот совладувајќи го второпласираниот Гризлис со голема разлика и со тоа дополнително се зацврсти на позицијата број 1. Српскиот центар Никола Јокиќ кој е и двоен освојувач на МВП признанието за најкорисен кошаркар во лигата повторно беше предводникот на Грутките од Денвер до посакуваната победа. Популарниот Џокер мечот го заврши со учинок од 18 поени, 18 скока и 10 асистенции, што е неговиот 101 трипл дабл во НБА. На последниот тајмаут на мечот се случи и еден интересен момент, тренерот на Денвер Мелоун му дозволи на својот најдобар играч Јокиќ да го нацрта последниот напад. Најдобар стрелец кај Денвер беше Мајкл Портер Јуниор со 26 поени, одлично одигра и плејот Џамал Мареј со 22 поени, 5 скока и 9 асистенции. Кај Мемфис 27 поени и 10 асистенции за Џа Моренто, 19 за Дезмонд Бејн, 15 за Џерен Џексон и 11 за Ксавиер Тилман. Во преостанатите утрински средби во најсилното светско кошаркарско првенство постигнати се следните резулати: Шарлот - Орландо 106:117 Атланта - Портланд 129:111 Бостон - Бруклин 104:115 Чикаго - Феникс 104:125 Оклахома - Јута 130:103 Мајами - Њујорк 120:122 Денвер - Мемфис 113:97 Голден Стејт - Њу Орлеанс 108:99 Сакраменто - ЛА Клиперс 128:127 ЛА Лејкерс - Минесота 102:110Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Македонија6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасиштаЈавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието. Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен. Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата. Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен. Конкретна работа. Конкретни резултати. Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасиштаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаЦентар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часотНа ден 12.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола се 3 пожари, а 1 пожар е изгаснат.Активни пожари: Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума); Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација); Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума); Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација). Пожари под контрола: Општина Делчево – градска депонија (депонија); Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација); Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми). Изгаснат пожар: Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивнаДо сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните. СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна. Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени. Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата. До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното. Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание. Ова веќе ја помина секоја граница. Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter