Видео: Ноле имаш подобар прием од Лукаку!!

Најдобриот светски тенисер  Новак Ѓоковиќ со серва на трева  против член на својот стручен штаб се релаксираше по обезбеденото полуфинале на Вимблдон.

Ѓоковиќ експресно во три сета во четврт финалето вчера го декласираше Белгиецот Гофан и закажа полуфинале проѕтив незгодниот Шпанец Роберто Баутиста Агут.

Популарниот Ноле сакајќи да се опушти по мечот со Гофан со пријателите од стручниот штаб одигра серва на трева во дворот на куќата во која е сместен во Лондон и ги покажа своите одлични способности и со фудбалската топка.

Неговите фанови на социјалните мрежи му порачаа дека има подобар прием од центарфорот на Манчестер Јунајтед робусниот Ромел Лукаку.

На Twitter, Pinterest и Periscope , Турција им забрани реклами, се соочуваат со милионски казни

Социјалните мрежи Twitter и Pinterest и стриминг апликацијата Periscope не смеат да потпишуваат нови договори за рекламирање во Турција, пред да ја исполнат законската обврска за отворање претставништва во таа земја.

Турскиот совет за информатичка технологија и комуникации им забранил на локални компании и поединци да рекламираат на овие платформи. Огласувачите се соочуваат со парична казна од еден милион турски лири (околу 135 000 американски долари) за сторено такво дело. Самите мрежи веќе се казнети со 30 милиони лири (четири милиони долари) за неименување претставник.

Според законот од 2020 година, компаниите кои обезбедуваат интернет услуги и имаат повеќе од милион корисници во Турција, треба да назначат барем еден официјален претставник во таа земја, кој мора да биде турски државјанин. Анкара објаснува дека е потребен за брзо и ефикасно отстранување на содржините што ги кршат нивните закони.

За одбивање да се отвори претставништво, се предвидуваат големи казни и намалување на опсегот на комуникациските канали во земјата за прекршителите до 90 проценти.

Во моментов е нејасно како раководството на Твитер, Пинтерест и Перископ реагира на одлуката на Анкара и дали ќе размислат за отворање канцеларии.

Вчера турскиот заменик министер за транспорт и инфраструктура, Омер Фатих Сајан изјави дека Фејсбук и Инстаграм ја испочитувале наредбата на владата и назначиле претставници. Тој им се заблагодарил на овие компании и истакнал дека очекува слични потези и од другите.

Според Сајан, намалувањето на опсегот на комуникациските канали за прекршителите „е мерката што властите најмалку сакаат да ја преземат“.

Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година

Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија, соопшти Владата.

Оваа одлука е донесена на денешната владина седница.

-Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија за да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија, информира владината прес-служба.

Предлог-листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.

Холивудски актер со шокантна изјава: Веќе не ме гледате во акциони филмови

Холивудската ѕвезда Лиам Нисон ги шокира своите обожаватели откако објави дека повеќе не планира да глуми во акциони филмови.

Еден од најомилените холивудски актери, Лиам Нисон, кој се стекна со слава по бројните улоги во популарните филмови како „Војна на ѕвездите“, „Шиндлеровата листа“ и „96 часа“, ги шокира своите обожаватели откако објави дека повеќе не планира да глуми во акциони филмови.

„Наскоро ќе наполнам 69 години и треба да направам уште неколку снимања ако коронавирусот ми дозволи, но тоа ќе биде сè“, рече тој за ENews.

„Мојата одлука е конечна освен ако не ме присилат поинаку“, се пошегува тој.

Нисон ја започна својата актерска кариера во средината на 70-тите години на минатиот век, и оттогаш тој играл голем број значајни улоги.

Беше номиниран и за Оскар во 1994 година за улогата на Оскар Шиндлер во култниот филм „ Шиндлеровата листа“.

Неговиот нов филм „Марксман“ наскоро доаѓа во киносалите, а во него тој глуми поранешен маринец кој мора да го остави осамениот живот настрана за да заштити 11-годишно момче.

притисни ентер