ЗабаваВидео: Нивес во бикини од кое се испаѓаХрватската старлета, водителка и писателка Нивес Целзијус објави видео во кое ги истакна облините во супер секси бикини.41 годишната Нивес е позната по провокативните објави на социјалните мрежи, но се чини дека новото секси видео беше премногу за некои нејзини следбеници. Нивес е фотографирана на плажа во златен едноделен костим за капење со бројни отвори, кои едвај ги покриваат нејзините раскошни облини. View this post on Instagram A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица и едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: возачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностУтре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Времето денес претпладне беше сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа имаша појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Дуваше слаб до умерен западен и северозападен ветер. До крајот на денот ќе има услови за нестабилност. Во вечерните часови се очекува стабилизација на времето. Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени. Утре и во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПреветивни активности за заштита од пожариНа граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. Денеска (12.07.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Национални Шуми, спроведе превентивно едукативни активности на подрачјето на ПСОН Чаир, под мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и од пожари на отворен простор“ насочена кон подигнување на јавната свест за заштита од пожари и одговорно однесување. На граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. Притоа по случаен избор на возачите и жителите на населените места им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни пораки со цел подигнување на безбедносната свест. Полициски службеници од ПС Кочани и ПС Свети Николе спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор во рекреативниот центар Пониква, заедно со Доброволно противпожарно друштво Кочани, Територијалната против пожарна единица и ЈП Национални шуми Св.Николе. Тагови: Преветивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter