Манасиевски: СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармот
1Манасиевски: СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармот
3Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал
НБАВидео: Никола Јокиќ по вербална распрвија со судиите исклученНајдобриот кошаркар во НБА кигата, центарот на Денвер Никола Јокиќ,беше исклучен од натпреварот против Детроит Пистонс поради две технички грешки.Српскиот ас мина само петнаесет минути на теренот, бидејќи на крајот од првото полувреме доби втор технички, што автоматски значи исклучување. Јокиќ ги доби двете технички поради недосудени прекршоци над него. Непосредно пред Јокиќ теренот мораше да го напушти и тренерот Мајк Мелоун, кој исто така протестираше кај судијата поради очигледни грешки. „Мислам дека Никола беше загрижен за моето здравје. Тешко е да се гледа натпреварот на телевизија, се прегрнавме по добрите постапки, а јас пцуев на српски по лошите“, изјави Мелоун по натпреварот. Nikola Jokic picked up his second technical foul and was ejected right before halftime of Nuggets-Pistons 😬 Nuggets head coach Michael Malone was ejected after picking up two techs earlier in the half.pic.twitter.com/gZ4gH2K3JL — ClutchPoints (@ClutchPoints) November 21, 2023 Центарот на Денвер за 15 минути на паркетот постигна девет поени, пет скока и пет асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармотСДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот.СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат. Јавноста мора да знае, дека овој Закон е дел од Реформската агенда, и тој се носи со сугестии и забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР. Упатуваме јасна порака до СДС и до Левица, да предложат амандмани со кои бараат корекција на начинот на заокружување и на поднесување на приговори и да ги повлечат другите амандмани и заедно, консезуално да го донесеме овој Изборен законик. Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога вештачката интелигенција има клучна улога. Венко Филипче и Димитар Апасиев, со блокада на овој Закон, сакаат директно да и нанесат штета на Македонија во делот на исполнување на реформите од Реформската агенда, но и во повлекувањето на средства од Планот за раст. Почитувани граѓани, На СДС и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно, одговорно и транспарентно. Им пречи што сме први во регионот во исполнување на реформи од Реформската агенда и во повлекување на финансиски средства од Планот за раст. Ние ќе продолжиме по тој пат, бидејќи тој пат е вистинскиот за Македонија. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисПораз на Лина Ѓорчевска на дебито во Вимблдон Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска не успеа да го продолжи сензационалниот низ на победи на Грен слемот во Вимблдон.Минатогодишната финалистика на Отвореното првенствто на Англија, Американката Аманда Анисимова сепак беше пресилна за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска на нејзиното деби на еден Грен слем турнир. Импресионираната Ѓорчевска по низата од три победи во квалификациите на Вимблдон во премиерото коло на неофицијалното светско првенство во тенис во дуелот со големата фаворитка Анисимова немаше сили за ново изненадување и заслужено загуби со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 . Попладнево Лина на еден од терените на Вимблдон имаше голем проблем со уфрлувањето на првиот сервис и во моментите кога требаше да го одбрани својот сервис правеше двојни сервис грешки. Без разлика на неуспехот ова е историски ден за македонскиот спорт, бидејќи нашата Лина денеска стана првата македонска тенисерка која изборила учество на еден од четирите најголеми турнири во светот, Грен слемот Вимблдон. По поразот од една од главните кандидатки за освојување на трофејот, Анисимова, македонската тенисерка нема причини за тага бидејќи треба да биде горда како и сите ние на своите игри и резултати во квалификациите пред Вимблдон кога успеа да победи три подобро рангирани тенисерки. Лина заслиужува едно големо браво за игрите на Вимблдон. Тагови: тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
МакедонијаВелјановски: Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40%Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40% за разлика од истиот период минатата, безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати. ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град", чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година. Дека системот функционира, тоа го потврдуваат и самите бројки. Во текот на првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период лани, на 33 годинава. Системот беше воведен прво во Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10, а потоа имплементиран и во Велес. Минатата недела, камери беа поставени на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца, а истовремено започна и постепено воведување на системот во Охрид. Безбедноста на граѓаните и понатаму останува приоритет, а „Безбеден град" е само еден од конкретните чекори за постигнување на целта. Истиот ќе биде ставен во функција во секој еден град низ Македонија. Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24